Во Словенија нови одредби за постојан и за продолжување на привремениот престој

 Во Словенија од денеска важат нови одредби од Законот за странци кои предвидуваат познавање на словенечкиот јазик на основно и на егзистенцијално ниво.

Според Законот услов за добивање дозвола за постојан престој, во Словенија ќе биде потребно основно познавање на словенечкиот јазик, додека за продолжување на привремениот престој поради обединување на семејството, условот ќе да биде познавање на јазикот на егзистенцијално ниво.

Основно знаење значи ниво А2 на заедничката европска јазична рамка. Егзистенцијалното ниво подразбира темелна комуникација на словенечки јазик, ограничена на едноставни, предвидливи, секојдневни ситуации, во кои изразот е рутински и се повторува.

За еден отсто зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – септември 2024 година е за еден отсто повисок во однос на истиот период лани.

Во септември 2024 година во однос на септември 2023 година е намален за 2,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи пораст од 4,6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,0 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,6 %, Капитални производи за 6,1 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 %.

Најмалку деветмина загинати во експлозија на бомба во Пакистан

Најмалку девет лица загинаа денеска, меѓу кои пет деца, кога моќна бомба прикачена на мотоцикл експлодирала во близина на полициско возило во југозападен Пакистан, соопштија официјални лица.

Началникот на локалната полиција Фатех Мохамад изјави дека нападот, во кој беа повредени 17 други луѓе, се случил во областа Мастунг во провинцијата Белучистан.

Тој појасни дека во близина на експлозијата имало возило со ученици, при што загинале пет деца, а загинал и еден припадник на полицијата./МИА

Дали е можно догодина заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори

Дали е можно догодина наесен заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори?

По понудата на Мицкоски упатена до Филипче за ново изборно соочување, засега одговор од опозицката СДСМ засега нема, а дел аналитичарите се со став дека шансите да имаме предвремени избори за само година и половина се многу мали и дека СДСМ нема да ја прифати фрлената ракавица .

Според новинарот Зоран Иванов предлогот на Мицкоски за предверемени избори е само политички маркетинг и смета дека тие не би би оделе во прилог ниту на власта, ниту на опозицијата, а нивното евентуално одржување освен закочување на економијата и евроинтеграциите, може да донесе и политика криза во државата.

„Мислам дека тоа е само маркетинг, прерано почнаа партиите но никому не ми одговараат предвремени избори, ниту на СДСМ поради актуелниот рејтинг кој тешко дека до локалните може да се ревитализира нешто радикално, а на ВМРО-ДПМНЕ пак уште помалку би им одговарале нови избори затоа што ги демне ДУИ кои за малку гласови може да го земе приматот на Вреди и Мицкоски да мора да смета и на некоја друга коалициска варијанта што не ја посакува. Така што мислам дека сите блефираат во овој момент“, смета Зоран Иванов.

Аналитичарот Владимир Божиновски пак, во повикот за повторно изборно соочување на Мицкоски гледа само укажување до опозицијата на огромната предност која ВМРО-ДПМНЕ ја ужива пред СДСМ на анкетите.

„Таа изјава ја гледам повеќе од аспект на перцепцијата којашто е кај граѓаните, а кои што сметаат дека во моментот власата е далеку подобра алтернатива од сегашната опозицијата, а од друга страна тврдењата на Филипче дека валаста треба да си даде оставка и дека не работи во интерес на граѓаните. Не верувам дека ќе има парламентарни избори заедно со локалнит. Со секои парламентарни избори се закочува едноставно државата и не функционира со месеци што најмногу може да и наштети токму на економијата“, смета Владимир Божиновски.

Понудата повторно да се соочат на предвремни параламентарни избори Мицкоски му ја упати на неговиот политички ривал Венко Филипче на вчерашната седница за пратенички прашања, како одговор на обвинуавњата од лидерот на СДСМ дека ги лажеле гласачите дека никогаш нема да ја употребат придавката „северна“, а по изборите почнале да го користат новото уставно име на државата, при што го повика премиерот да го врати мандатот.

притисни ентер