Ф1: Серхио Перез убеден дека останува во Ред Бул

Мексиканскиот возач во Формула 1, Серхио Перез е убеден дека ќе остане во Ред Бул не само до крајот на оваа, туку ќе вози за истиот тим и во следната сезона во Ф1, и покрај коментарите од неговите претпоставени кои велат поинаку.

„Тоа се само гласини“, изјави денеска 34-годишниот возач од Мексико за сајтот Formula 1. com.

„Ќе ме видите во Вегас, ќе ме видите и следната година. Не сум загрижен за тоа“, додаде Перез.

Шпекулациите за можен крај на соработката меѓу Перез и Ред Бул. се засилија откако возачот заврши на последното 17. место на трката пред своите гледачи за Големата награда во Мексико во неделата.

Изминатата седмица санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на Центар

Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. 

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 16-ти до 22 декември 2024 година со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар, велат од јавното претпријатие, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра

Во операција на Европол против шверцување на кеш во земјите-членки на ЕУ откриени и запленети се 2,7 милиони евра во кеш.

Во акцијата претресени се над 300 патници на аеродромите, пристаништата, железничките станици и границите на ЕУ, како поштенските пратки, при што се запленети злато и накит, вклучително и 18 златни плочки во вредност од над 1,7 милиони евра.

Операцијата беше предводена од француската царина во соработка до Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), а учествуваа и властите во Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска. /МИА

ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено

Според ЦУК, пожари на отворен простор имало само два во последното деноноќие.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие се регистрирани 2 271 повик, од кои „реални“ биле 55 отсто, а 45 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од „реалните“ повици, кон Полиција биле упатени 66,33 отсто , кон Итната медицинска помош 25,33, додека кон пожарникарите 1,67 отсто.

-Имало и 952 повика за итни случаи што е вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.

Според ЦУК, пожари на отворен простор имало само два во последното деноноќие.

-Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Радовиш, од 14.30 до 15.20 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од околу еден декар во с.Калуѓерица и од Регионалниот ЦУК Тетово, информираат дека ТППЕ Гостивар имала една интервенција поради запалена бандера и просторот околу неа, во населбата „Питарница“, информира Центарот за управување со кризи.

притисни ентер