Германија усвои закон со кој се овозможува административна промена на пол и име еднаш годишно

Во Германија вчера стапи во сила Законот за самоопределување, со кој на граѓаните им се овозможува да го променат своето име и пол еднаш годишно со изјава во матичната служба.

Законот овозможува лесна промена на полот во документите за трансродови, интерсексуални и небинарни лица.

Малолетните лица над 14 години ќе можат административно да го променат полот со согласност на родителите или старателите, додека за деца под 14 години изјавата треба да ја поднесат родителите. Во следните 12 месеци по одобрувањето на барањето, нема да биде дозволена нова промена или враќање на претходниот пол.

- Со Законот за самоопределување, едноставната промена на полот и името конечно е реалност, изјави министерката за семејство и млади Лиса Паус.

Германија се приклучи на групата земји што овозможуваат промена на пол и име без медицински уверенија или судски решенија. Слични регулативи постојат во 16 земји, вклучувајќи Аргентина, Нов Зеланд, Ирска и Швајцарија.

Стапувањето во сила на Законот за самоопределување го укинува контроверзниот Закон за транссексуалци од 1980 година, кој налагаше долга процедура и високи трошоци за промена на пол во документите.

Две лица уапсени откако без дозвола влегле во космодромот Бајконур

Две лица се уапсени откако без дозвола влегле во космодромот Бајконур во Казахстан, соопшти Обвинителството.

Во соопштението од казахстанското обвинителство се наведува дека уапсени се 21-годишен Французин и 26-годишен Германец откако влегле во космодромот за да ја видат руската ракета Енергија.

Во јули, двајца холандски државјани и еден Белгиец беа уапсени кога се обиделе да влезат во комплексот Бајконур.

Космодромот Бајконур се наоѓа во Казахстан, но е изнајмен од Русија. Пристапот до комплексот е ограничен, иако платени тури се достапни за оние кои сакаат да гледаат лансирање на вселенско летало. /МИА

Португалецот Аморим официјално нов тренер на Манчестер јунајтед

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед денеска официјално за нов тренер го назначи Португалецот Рубен Аморим, кој ќе се пресели во премиерлигашот од клупата на Спортинг од Лисабон.

Аморим доаѓа на Олд Трафорд на местото на холандскиот стратег Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен од должноста по поразот од Вест Хем.

Аморим официјално ќе го преземе клубот од „Олд Трафорд“ на 11 ноември, а дотогаш со тимот ќе раководи поранешниот напаѓач на Јунајтед и Холандија, Руд ван Нистелрој.

Како што е соопштено, Аморим потпиша договор до лето 2027 година, со опција за продолжување на уште една година.

„Рубен е еден од највозбудливите и најпочитуваните млади тренери во европскиот фудбал. Беше успешен и како играч и како тренер, со Спортинг двапати го освои португалскиот шампионат, а првата титула беше прва по 19 години“, се вели во соопштението на Јунајтед. /МИА

Гаши им порача на студенти од Филозофски да бидат поагилни, погласни, покритични

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со студенти на Институтот за безбедност од Филозофскиот факултет, информираат попладнево од собраниската прес-служба.

Гаши потенцирал дека успехот во политиката се мери со тоа што е направено за идните генерации.

- Во тој контекст, истакна дека претседателската функција бара државнички пристап, еднаквост за сите. Затоа и неговите заложби како претседател на законодавниот дом, се посветеност во работата во насока на подигнување на Собранието на повисоко ниво, со професионална служба, политички неутрална. Тој е поборник за департизација на институциите, за повисок стандард, владеење на правото, имплементација на Националната стратегија, сѐ во насока на задржување на младите во земјава, затоа што тие се иднината, наведуваат од собраниската прес-служба.

Студентите имале можност да му поставуваат прашања на претседателот на Собранието, а тој ги охрабрил младите да бидат поагилни, погласни, покритични, да организираат дебати, да зборуваат гласно, затоа што нивниот глас е искрен.

- Студентите на Институтот за безбедност се токму оние кои се многу битни за иднината на државата, се додава во соопштението.

притисни ентер