Видео: Мал робот убедил 12 поголеми да го следат: „Дојди дома со мене“

Во еден необичен и малку вознемирувачки експеримент кој ги фасцинираше и вознемири корисниците на Интернет, мал робот со вештачка интелигенција направен во Хангжу успеа да „убеди“ 12 поголеми роботи да го следат.

Во еден необичен и малку вознемирувачки експеримент кој ги фасцинираше и вознемири корисниците на Интернет, мал робот со вештачка интелигенција направен во Хангжу успеа да „убеди“ 12 поголеми роботи од салонот на роботска компанија во Шангај да го следат.

Според „OddityCentra“l, овој експеримент, кој е снимен на безбедносните камери, предизвика бројни дискусии за потенцијалните ризици и можности на напредната вештачка интелигенција.

На видеото се гледа како мал робот по име Ербаи разговара со поголеми роботи, убедувајќи ги да ги напуштат работните позиции и да го следат. Изгледаше дека совесно ги следеа неговите упатства.

„Никогаш не сум завршил со работа“, рекол еден од поголемите роботи. „Значи, не одиш дома? праша Ербаи. „Немам дом“, одговори роботот. „Тогаш дојди со мене“, предложи Ербаи пред да ги изведе надвор од салонот.

@metrouk This is the moment a small robot called Erbai was caught ‘kidnapping’ other bigger robots to leave on CCTV at a Shangai showroom. 🤖 The company behind the robots, Hangzhou said it got permissions to tell Erbai to ‘abduct’ others to leave the room as part of an experiment. Hangzhou stressed that it is still ‘impossible’ for a robot to start such a conversation and convince others to do something without the correct permissions. #robot #china #CCTV #experiment ♬ original sound - MetroUK

Иако видеото првично беше сфатено како забавна шега, подоцна беше потврдено дека се работи за планиран експеримент. И компанијата со седиште во Шангај и производителот од Хангжу потврдија дека малиот робот Ербаи искористил безбедносен пропуст во системите на поголемите роботи за да ја преземе контролата врз нивното однесување.

Портпаролот на компанијата со седиште во Хангжу рече дека експериментот бил спроведен за да се тестираат можностите и границите на интеракцијата помеѓу роботите и да се идентификуваат потенцијалните пропусти. Шангајската компанија исто така потврди дека малиот робот добил привремен пристап до протоколите за работа на нивните роботи за време на експериментот.

Послужено рекордно и најголемото лате во светот!!

Ѕвездата на социјалните мрежи Ник ДиЏовани се здружи со компанијата Данкин за да го собори Гинисовиот рекорд за најголемото ладно кафе лате.

ДиЏовани, готвач и влијателен на социјалните мрежи со повеќекратни Гинисови рекорди, наполнил 7,71 метар висока шолја Данкин со мраз, млеко и еспресо за да го постави рекордот.

Гинисовата книга на рекорди потврди дека добиениот пијалок од 276 литри е најголемото ледено лате во светот.

Огромното лате потоа беше поделено на помали чаши и послужено на повеќе од 300 вработени во корпоративната канцеларија на Данкин во Масачусетс, пренесува „Upi“.

Еруптира вулкан на Филипините- исфла пепел и чад во височина од три километри (ВИДЕО)

Вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините денеска еруптира, исфрлајќи пепел и чад до 3.000 метри, соопшти сеизмолошката агенција на земјата.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија објави дека го подигнале нивото на тревога на трето, највисоко ниво, пренесува Ројтерс.

„Ова значи дека започна магматска ерупција која може да напредува до понатамошна експлозивна ерупција“, се вели во соопштението.

Сеизмолошката агенција ги советувала локалните власти да ги евакуираат луѓето што живеат во близина на вулканот и да се подготват за поширока евакуација доколку е потребно.

Вулканот Канлаон, активен стратовулкан и највисоката планина на островот Негрос на Филипините, е еден од дваесетина активни вулкани на Филипините, лоциран во Пацифичкиот „Огнен прстен“ каде што вулканската активност и земјотресите се вообичаени, според агенција.

Принцот Вилијам им делеше ручек на бездомниците, сите го споредуваат со неговата мајка (ВИДЕО)

Принцот Вилијам го покажа својот хуманитарен карактер за време на празничната сезона.

Имено, на официјалниот Инстаграм профил кој го споделува со сопругата, принцезата Кејт, објавено е видео на кое Вилијам им дели ручек на бездомниците.

Принцот ја посети фондацијата The Passage во Лондон, а за оваа прилика среќно стави бела престилка. Тој со широка насмевка им подели храна на бездомниците, а подоцна се сликаше со некои од нив.

„Искрена благодарност до сите волонтери на The Passage кои неуморно работат за поддршка на бездомниците, особено за време на празничната сезона. Ваквите работи даваат надеж и создаваат чувство на заедница за оние на кои им е најпотребно“, стои во описот на Инстаграм.

Видеото за краток период доби речиси 69 илјади лајкови. Набрзо почнаа коментарите на фановите кои покрај брадата на Вилијам ја пофалија и неговата несебичност и хуманитарен карактер.

„Тој ќе биде најдобриот крал што оваа земја некогаш го видела“, „Природно е да ѝ служи на заедницата“, „Ми се допаѓа како е присутен кога разговара со другите“, „Обединетото Кралство е среќно што го има како принц“, напиша еден.

„Тој го наследи тоа од принцезата Дијана“, „Сигурни сме дека твојата покојна мајка се гордее со тебе“, „Тој оди по стапките на мајка си. Таа го научи дека не секој има среќа како него“, коментираат други, сеќавајќи се на покојната принцеза Дијана.

За брадата на принцот веќе се зборуваше и претходно. Имено, Вилијам на крајот на ноември го посети Солсбери Плејн каде имаше тренинг со велшката гарда, а навивачите беа воодушевени од неговиот имиџ.

Главниот обвинител на Јужна Кореја издаде наредба, осрамотениот претседател мора да ја послуша

Главниот обвинител на јужнокорејската истражна канцеларија за корупција издаде забрана за патување на претседателот Џун Сук Јеол, кој е под истрага откако минатата недела ненадејно воведе вонредна состојба среде ноќ.

Забрана за патување е издадена и за неколку високи функционери од неговата администрација, објави Би-Би-Си.

Десетици илјади граѓани протестираа по воведувањето на вонредната состојба, одлука која беше во сила неколку часа пред да биде повлечена. Демонстрантите бараа оставка или импичмент на претседателот.

Сепак, гласањето за импичмент не успеа во саботата, а владејачката партија ППП соопшти дека лидерот на партијата Хан Донг Хун и премиерот Хан Дук Су ќе го преземат раководството на земјата додека претседателот не се повлече.

„Претседателот повеќе нема да учествува во државните работи, вклучително и во дипломатијата, пред неговата оставка“, рече Хан Донг Хун.

Опозициската Демократска партија го осуди тој план како незаконско и неуставно второ востание и државен удар. Водачот на Демократската партија Парк Чан-дае рече дека никој не ѝ дал на владејачката партија овластување да ги преземе претседателските овластувања.

Опозицијата вети дека ќе одржува гласање за импичмент секоја недела додека не успее смената на претседателот. Сепак, многу граѓани на социјалните мрежи изразуваат загриженост поради недостигот на јасност околу тоа кој ја води државата.

Министерството за национална одбрана потврди дека претседателот Џун Сук-јеол сè уште има контрола над вооружените сили, што значи дека може да донесе клучни одлуки во случај на надворешнополитички кризи, вклучително и потенцијални закани од Северна Кореја.

„Претседателот може да се врати на местото шеф на државата во секое време доколку се предомисли“, рече професорот по политички науки Шин Јул.

Во своето прво јавно обраќање по прогласувањето на вонредната состојба, претседателот во саботата се извини за, како што рече, загриженоста и непријатностите што ги предизвикал и вети дека повеќе нема да воведува слични мерки.

притисни ентер