Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29)

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29.

Во рамки на учеството на самитот, претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на првата пленарна сесија и предвидено е да оствари повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, како и средби со претставници на меѓународни организации.

Во состав на македонската државна делегација што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова, се заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Турција ги прекина односите со Израел, подготвена e да започне операции доколку се почувствува загрозена.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите на Турција со Израел се прекинати и додаде дека неговата земја е подготвена да започне прекугранични операции доколку се чувствува загрозена.

„Турција, на чело со Реџеп Таип Ердоган, не може да продолжи да ги развива односите со Израел. Немаме никакви односи со Израел во овој момент. Не презедовме никакви чекори за развој на тие односи“, изјави Ердоганпо враќањето од Азербејџан , јави Си-Ен-Ен Турк.

Ердоган изрази надеж дека Турција може да ги обнови врските со сирискиот претседател Башар ал Асад, што, според него, може да придонесе за намалување на регионалната тензија.

Претставени два „невидливи“ авиони: Еден е прв од ваков вид во светот

На саемот во Жухаи, Кина претстави две значајни нови варијанти на својот „невидлив“ авион: „J-35A“ и „J-20S“.

Иако секој модел има различни улоги и функции, и двата имаат за цел да ја зајакнат воздушната моќ на Кина и технолошката предност во спорните воздушни простори.

„J-35A“, прикажан во лет на споменатиот саем, е одговорот на Кина на американскиот „F-35“, со сличности во дизајнот, но со поставување со два мотори наместо конфигурацијата со еден мотор на американскиот „F-35“.

Тоа беше, исто така, првиот поглед на јавноста на „Ј-35А“, авион кој еволуираше од прототип кој прв пат полета во 2012 година и оттогаш е силно модифициран.

Се вели дека „Ј-35А“ е опремен со напредни „стелт“ и разузнавачки функции, со што се подобрува неговата способност да се координира со други кинески авиони во електронското војување.

Кинеските државни медиуми го истакнаа широкиот опсег на мисии на борбениот авион, вклучувајќи воздушна борба против авиони од четврта и петта генерација, пресретнување бомбардери, крстосувачка ракетна одбрана, копнен напад и спротивставување на противничката воздушна одбрана.

Покрај ова, беше прикажан и модел на „Ј-20S“, првиот борбен невидлив авион со две седишта во светот, развиен како напредна верзија на постоечкиот „Ј-20“.

Иако „Ј-20S“ првпат беше виден во 2021 година, неговото присуство во Жухаи следеше по одлуката на кинеското Министерство за национална одбрана да го декласифицира неговото постоење.

Официјалните лица рекоа дека „Ј-20S“ има супериорни способности за воздушна супериорност, прецизни удари против копнени и морски цели, електронско заглавување и тактичко командување и контролни операции. Исто така, „J-20S“ има можност да се вмрежува со беспилотни летала во борба.

Ветеринарите од Куманово повикаа сопствениците на миленици да се однесуваат одговорно

Ветеринарно сточарскиот центар Куманово, апелира до сопствениците за одговорно чување на милениците, повикаа денеска надлежните. Неодгoворните сопственици исфрлаат цели легла по околината на Куманово, велат лекарите.

На годишно ниво запловуваме од 130 до 150 кучиња во градот. Делумно успеваме да го намалиме бројот на кучиња скитници. Но, овој проблем не се решава на овој начин. Основен проблем не се финансиите и екипите што заловуваат. Главен проблем е несовесното однесување на сопствениците. Ваквиот закон за благосостојба на животните е веќе надминат. Целта кога се проектираше беше да се заловат, стерилизираат да се вратат кучињата. Во изработката учествуваше експерт од Англија. Ваквиот начин покажа ефект во развиените земји, но кај нас нема некој ефект, изјави ветеринарот Зоран Пешевски.

Според него, немало контрола на популацијата. Многу е важно да се крене свеста за вдомување на животните. Кучињата на улиците се огледало на нашето општество, велат граѓаните кои посочуваат дека се потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла во околината на градот.

Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ Куманово, освен во Куманово заловува кучиња во други општини каде состојбата не е ништо подобра.

-Како човек од фелата на тркалезна маса која ќе се одржи во Скопје кон крајот на ноември, заедно со повеќе чинители, локални, државни власти, граѓански организации и ќе ги наведеме овие проблеми за да најдеме соодветно решение, изјави Пешевски.

За ветеринарите важни се ригорозни мерки против неодговорните сопственици, формирање на таканаречена „ветеринарна полиција“, чести контроли на инспекторите, но важно е да се чипираат кучињата.

-Според мои податоци има околу 180 до 220.000 илјади регистрирани кучиња на ниво на земјава. Во сто заловувања има по едно, најверојатно куче кое се одалечило од домот, што секому може да се случи, веднаш се враќа на сопственикот, изјави Пешевски.

Тој изрази сомнеж и за бројот на каснувања од кучиња.

-Или луѓето ги малетретираат или лажно пријавуваат и системот не проверува, многу ретко се агресивни кучињата. Од мое искуство има во една фамилија тројца каснати, или лице кое секое година е каснато од куче скитник, изјави Пешевски.

Според него заловените и вратените кучиња се социјализирани и не напаѓаат.

притисни ентер