Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Турција ги прекина односите со Израел, подготвена e да започне операции доколку се почувствува загрозена.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите на Турција со Израел се прекинати и додаде дека неговата земја е подготвена да започне прекугранични операции доколку се чувствува загрозена.

„Турција, на чело со Реџеп Таип Ердоган, не може да продолжи да ги развива односите со Израел. Немаме никакви односи со Израел во овој момент. Не презедовме никакви чекори за развој на тие односи“, изјави Ердоганпо враќањето од Азербејџан , јави Си-Ен-Ен Турк.

Ердоган изрази надеж дека Турција може да ги обнови врските со сирискиот претседател Башар ал Асад, што, според него, може да придонесе за намалување на регионалната тензија.

Над 800 милиони луѓе во светот имаат дијабетес

Во светот во 2022 година околу 828 милиони луѓе над 18 години биле заболени од дијабетес од типот 1 и 2.

Повеќе од 800 милиони возрасни луѓе во светот имаат дијабетес, што е двојно повеќе од претходните процени, а повеќе од половина од нив на возраст од 30 и повеќе години не се лекуваат, покажа новото истражување на медицинскиот списание „Лансет“ (The Lancet).

Во светот во 2022 година околу 828 милиони луѓе над 18 години биле заболени од дијабетес од типот 1 и 2. Во студијата е наведено дека кај возрасните лица над 30 години, односно 445 милиони или 59 отсто од нив не се лекуваат од дијабетес.

Глобалната стапка на дијабетес се удвои од 1990 година од околу седум на 14 проценти, главно поттикната од зголемувањето на случаите во земјите со низок и среден приход.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно процени дека околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, хронична метаболистичка болест која вклучува покачени нивоа на шеќер во крвта што може да го оштети срцето, крвните садови, нервите и другите органи доколку не се лекува.

Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест

Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот протест за поддршка на Палестина на плоштадот Дам во Амстердам.

Уредбата за вонредна состојба во холандската престолнина по немирите по натпреварот на Ајакс против Макаби Тел Авив минатата недела, ги забрани демонстрациите на плоштадот Дам.

Градските власти на демонстрантите им понудиле алтернативна локација во Вестерпарк, но тие вчера околу 18 часот почнале да се собираат во центарот на градот, по што интервенирала полицијата и го прекинала протестот при што уапсила 281 лице.

Одрони на патот Делчево - М.Каменица кај с.Очипала

Појава на одрони утрово се регистрирани на патот Делчево - Македонска Каменица во близина на с.Очипала.

Од подружницата на Македонија Пат информираа дека одроните редовни се чистат и апелираа внимателно движење долж овој патен правец кој е дел од магистралата А3.

-Знаеме дека се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави, а врнежите кои непрекинато паѓаат 24 часа дополнително влијаат за тоа. апелот е да се вози внимателно со препорака за ппочитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината, информираа од Македонија Пат.

Поради дождот кој утрово започна да паѓа со посилен интензитет во Пијанечко-Малешевскиот регион се вози по влажни коловози.

притисни ентер