Уапсен Џастин Тимберлејк, пејачот возел под дејство на алкохол!

Светската музичка ѕвезда, пејачот Џастин Тимберлејк е уапсен поради возење под дејство на алкохол во Хемптонс, изјави претставник на органите на редот за ABC News.

Апсењето се случило во понеделникот вечерта во Саг Харбор, Њујорк. Поп-ѕвездата во денеска ќе биде на суд. Тимберлејк има два концерта во Чикаго овој викенд и два во Њујорк следната недела.

Претставник на полицискиот оддел Саг Харбор изјави за Мирор дека пејачот моментално е во притвор во нивната станица.

Според Мирор, се вели дека наскоро ќе биде објавено соопштение за да се расветли повеќе ситуацијата - но извори со директни сознанија велат дека станува збор за сообраќаен прекршок, а сите знаци укажуваат на возење под дејство на алкохол.

Џастин наводно отишол да се сретне со пријателите во понеделникот вечерта во Саг Харбор и околу 13:30 часот наводно влегол во својот автомобил за да вози до местото каде што престојувал. Но, веднаш штом седнал зад воланот, полицијата го запрела и го привела.

Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент

Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент, пишуваат американските медиуми.

Според доверливиот НБА инсајдер, Адријан Војнаровски, франшизата од Тексас на секој начин се обидува да ја донесе ѕвездата на Феникс ова лето.

Откако Микел Бриџис беше разменет од Бруклин во Њујорк, франшизата од Тексас ги стекна правата за идните избори на Феникс. И, тој ќе се обиде да ја искористи својата силна преговарачка моќ за да го доведе Дурент, кој е под договор на уште две сезони додека не стане незаштитен слободен агент во 2026 година.

Планот е Рокетс да го отстапат својот избор од првата рунда во 2026 година во корист на Санс. /МИА

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто денеска најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот, при што загинаа 22 лица.

Руто истакна дека предлог-законот предизвикал „општо незадоволство“ и оти ги слушал граѓаните и се „согласил“ со нив. Тој протестот го нарече предавнички.

Лидерот на кениската опозиција Раил Одинга го осуди убиството на демонстрантите и грубата сила на власта и повика на дијалог. /МИА

притисни ентер