Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент

Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент, пишуваат американските медиуми.

Според доверливиот НБА инсајдер, Адријан Војнаровски, франшизата од Тексас на секој начин се обидува да ја донесе ѕвездата на Феникс ова лето.

Откако Микел Бриџис беше разменет од Бруклин во Њујорк, франшизата од Тексас ги стекна правата за идните избори на Феникс. И, тој ќе се обиде да ја искористи својата силна преговарачка моќ за да го доведе Дурент, кој е под договор на уште две сезони додека не стане незаштитен слободен агент во 2026 година.

Планот е Рокетс да го отстапат својот избор од првата рунда во 2026 година во корист на Санс. /МИА

Вреди: Лицемерно е ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанци во безбедносните служби

Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби. Еве ги фактите. 

Талат Џафери, министер за одбрана, НУЛА Албанци застапени во армиската единица “Волци”. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во “волците”. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциите, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите.

Коалицијата ВЛЕН има заменик директор во Агенција за Национална Безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање. После оваа реформа предлогот на ВЛЕН за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба.

И, за крај..

Точно е дека Агенцијата за разузнавање имала заменик-директор Албанец од 2001 година, но точно е и дека во 2013 година ВИЕ ја сменивте систематизацијата на Агенцијата, каде што исчезна функцијата заменик директор. Од таа година Албанците немале заменик-директор, систематизација што ја гласавте на владиниот состанок, не знаејќи што сте направиле. Функцијата заменик-директор се врати во 2021 година, но од таа година која позиција ја имавте ВИЕ (ДУИ) ? НИКОЈА!

Функцијата заменик директор на Агенцијата, Албанец, ќе ја врати ВЛЕН!

Коалиција ВЛЕН

АА - дијаспора: Коалицијата Влен најмногу ја злоупотреби дијаспората за предизборни цели

Коалицијата Влен најмногу ја злоупотреби дијаспората за предизборни цели, а сега ни врти грб

Со голема загриженост ги следиме политичките случувања во нашата земја, каде за кратко време новата Влада донесе некои одлуки на штета на Албанците и другите заедници. Неодамна оваа Влада ја донесе најсериозната одлука за нас како дијаспора, промените во Балансерот, бришејќи не од официјалната статистика и со тоа ни го ускрати правото на застапеност и да бидеме дел од општата популација во државата. Оваа голема неправда не само што е дозволена, туку и ја спроведува и коалицијата вЛЕН, која сега исто така учествува во ваквото одлучување.

Ние, како дијаспора, потсетуваме дека сме граѓани на Северна Македонија и директен придонесуваме во сите процеси во земјата, како во економските преку ремитенци и во многу случаи и со директни инвестиции, како и во многу други сфери од јавниот живот. Ние сме директно поврзани со нашата татковина, во многу моменти сме директно вклучени и бараме да се врати еднаквиот третман со другите граѓани. Коалицијата вЛЕН најмногу ја злоупотреби дијаспората за предизборни цели, а сега не само што врти грб, туку сака да не направи и непостоечки. Сите ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората реагираат гласно на неодамнешната одлука за бришење на албанската дијаспора од официјалната статистика за правична застапеност, а за оваа одлука ќе ги алармираме и европските и светските центри за одлучување како и сите здруженија на албанската дијаспора.

Овие нелегитимни одлуки на Владата ги гледаме како чекор кон спречување на нашето враќање во татковината и се сомневаме дека се кријат уште поопасни сценарија.

Ги повикуваме сите други политички сили, граѓански организации и секој сонародник да го крене својот глас и да не дозволи оваа неправда која ги уништува над две деценискиѕе достигнувања за интеграција на дијаспората и откривање на реалниот процент на населението во Северна Македонија.

Ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората

Т.н. „Европскиот фронт“ контра препораките на ЕУ за „балансерот“!?

Промените во алатката балансер ги налути албанските опозициски партии.

Промените во алатката балансер за правична застапеност на етничките заедници, според кои процентите ќе се сметаат согласно пописните резултати од 2021 за резедентното население, а не вкупното во кое се брои и диајспорта како што беше досега, ги налути албанските опозициски партии.

Од ДУИ и Алијанса на Албанците велат дека, тоа е директен напад на Охридскиот договор и со таквите промени Владата ја брише дијаспората.

Иако овие партии настапуваат во коалиција која ја нарекуваат „Европски фронт“, сепак, тие го занемаруваат фактот дека ваквите промени доаѓаат токму по препораките од Европската Унија.

Имено, во скрининг извештајот за првиот кластер фундаменти пишува:

-„BalancER“, алатка за човечки ресурси, која го одредува процентот на застапеност на вработени во јавниот сектор од секоја етничка група, веќе не ги исполнува целите, бидејќи процентот во формулата не ги одразува податоците од пописот за резидентното население – стои во извештајот во кој се искажува и загриженост дека при примената на алтката, може да бидат поткопани начелата на заслуги, ефективност и правична застапеност при вработувањата во јавниот сектор.

Дека алатката балансер ги исполнила своите цели согласни се и дел од претставниците на помалите етнички заедници. Сафет Бишевац, претседател на Бошњачката народна партија за Канал 5 велидека балансерот веќе станал контрапродуктивен и време е да замине во историјата, а реакциите од албанскиот опозициски блок ги смета за очекувани.

„Опозицијата има една задача. Да ги критикува потезите на власта. Мислам дека механизмот ги исполни своите планирани цели и во овој момент станува контрапродуктивен, бидејќи го затвора системот на знаење, вештини, умеења, образование“-Сафет Бишевац

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера на прес-конференција посочи дека бројките во балансерот веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година, како прва од трите планира фази до укинување на алатката, која ќе биде заменета со закон за правнична застапеност.

притисни ентер