Шефот на израелската дипломатија го нарече турскиот претседател „воен злосторник“

Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, во објава на платформата „Х“ го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „воен злосторник“.

Кац напиша дека Ердоган „ја објави својата поддршка за Хезболах против израелската закана. Ердоган е воен злосторник кој убива невини Курди долж сириската граница и се обидува да му го одземе правото на Израел на самоодбрана од терористичка организација која напаѓа од Либан по иранска наредба“.

Турскиот претседател денеска изрази солидарност со Либан поради зголемените тензии со Израел и ги повика и другите земји во регионот да го сторат истото, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Во својот говор Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ментално болен“. /МИА

ЈО со детали за грозоморниот случај со таткото што три години ги силувал трите ќерки

По храбрата одлука на едно од трите девојчиња од прилепско кое вчера во полиција пријавило дека нивниот татко ги силувал нејзе и нејзините две сестри цели три години, јавното обвинителство побара притвор за таткото и за мајката.

Против 36 годишниот татко од прилепско има сомневање дека ги силувал своите три ќерки и е донесена наредба за спроведување на истражна постапка.

-Периодот од 2021 до 2023 година таткото во повеќе наврати во домот вршел полови дејства врз своите три ќерки родени 2008, 2010 и 2014 година кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.-ЈО

Исто така истрага има и против мајката на девојчињата за кривичното дело запуштање и малтретирање на дете. Според првичните изјави трите девојчиња и кажале на мајката дека нивниот татко вршел обљуба и полови дејствија врз нив а таа ги убедувала дека е срамота да го пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. од првата детска амбасада Меѓаши велат дека итно е потребно носење на закон каде ќе се зголемат минималните казни затвор дури и да има и доживотен затвор за сторителите на овие дела. Иста така потребна е поголема комуникација и во училиштата и институциите за социјлна заштита.

Според него оние кои издржале казна затвор најчесто го повторуваат делото. Тој вели дека тие мора да имаат алки на движење, но и дека треба за нив да има хемиска кастрација.

Во вчерашниот билетен на МВР и татко од Тетово беше пријавен од неговата бивша сопруга дека силувал малолетно дете. Во Македонија има регистар за педофили кој служи за пријавување на педофилија на бројот 15 505, но и профили на оние педофили кои служат или отслужиле затворска казна. Според кривичниот закон сега минималната казна е осум години а максималната казна 20 години.

Град Скопје: акција за отстранување обемни диви депонии низ градот

Инспекторатот на Град Скопје со екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје реализираат акција за отстранување обемни диви депонии низ градот. 

Конкретно на депонија лоцирана на улица Тодор Александров во непосредна близина на Амбасадата на Република Туркије, се фатени лица како непрописно фрлаат отпад покрај празни контејнери со што свесно и со намера креираат дива депонија.

Во рамките на акцијата се нотирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, ќе се спроведе и рачно миење на микролокацијата, а сторителите ќе бидат санкционирани и едуцирани. Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена Скопје и Зинсоекторатот на Град Скопје ќе спроведат зачестен патролен надзор на оваа микролокација.

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

Со “СЕМЕЕН ДЕН” започна прославата на денешниот 69 роденден на Кисела Вода

Со прекрасна забава наменета за целото семејство, а пред се за децата, започна денешното одбележување на роденденскиот ден на Општина Кисела Вода. 

Во паркот Македонија одекнуваше музика, со голема радост децата си играа на поставените трамболини, а присутните ги забавуваа аниматори и кловнови. Настанот го отворија "Данса Латина Стефи", по што следеше интерактивна музичко-драмска претстава од популарните "Триангл". Настапија и од децата од градинките и училиштата во општината, а за сето време, се одвиваат семејни спортски активности. Бесплатно беше достапна фото кабина за сите посетители, па од настанот сите си понесоа фотографија за спомен.

-Среќата и радоста на овие дечиња кои денеска со своите родители прекрасно си поминаа на настанот посветен токму за нив во паркот ,,Македонија”, говори за тоа дека сме на правиот пат.

Со многу музика, аниматори, забавувачи, игра - нашите најмлади жители ни покажаа дека детската радост и енергија се неисцрпни кај нив и дека ваквите дружења кои недостигаа во минатото, мора да се случуваат сѐ почесто. Токму тоа и го правиме. За нив, нашите најмили и нашата иднина. А вечерва, следува големиот концерт на ,,Суперхикс” кои ќе приредат уште една вечер за паметење. Ве поканувам сите, нека вечерва Кисела Вода повторно биде центарот на Скопје и Македонија! Се гледаме на истото место, пред салата Расадник-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

притисни ентер