Видео: Во Италија со црвена боја против фемицидот

Активисти за женски права денеска во знак на протест против фемицидот истурија црвена боја на Шпанските скали во Рим, симболично претставувајќи ја крвта на жртвите од насилство.

Членови на движењето „Запали се“ (Bruciamo tutto) истурија канти со црвена боја по една од главните туристички атракции во Рим и оставија отпечатоци од рацете.

Ова е симболично прикажување на крвта на сите луѓе кои беа убиени. Тоа повеќе нема да го прифатиме. Мора веднаш да престане, изјави еден од активистите пред да биде приведен од полицијата.

Активистите тврдат дека бојата која нема да предизвика трајно оштетување на Шпанските скали.

Националната канцеларија за статистика објави дека во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени. Повеќе од половина од сторителите на кривични дела се партнери или поранешни партнери на жртвите, а во околу 20 проценти од случаите сторителите се роднини. /МИА

Муслиу жестоко реагира на разрешувањето од директорската функција во Агенцијата за разузнавање

Разрешен сум заради партиски притисоци обвинува Еролд Муслиу поранешниот прв човек на агенцијата за разузнавање. 

Тој во својата реакција напиша дека е разочаран бидејќи според него претседателката Силјановска Давкова при носењето на одлуката за неговото разрешување надваладеала партиската логика. Муслиу беше назначен од Пендаровски и од мај 2023 му тече вторитот мандат со важност до 2027 година. Според законот за Агенција за разузнавање„Основи за разрешување на директорот пред истекот на мандатот се ако не постапува согласно со закон или ако нестручно и несовесно ја извршува функцијата “. Од кабинетот на Претседателката во соопштението напишаа кусо дека одлуката за смена на Муслиу ја донела согласно нејзините уставни и законски надлежности.

Муслиу во писмото до јавноста нагласи дека не му била дадена можност за информативна средба со претседателката.

-Без да навлегувам во политичката логика и автономија при одлучувањето за моето разрешување, очигледно е дека претседателката попушти пред партиските притисоци. Законската оправданост и мерит системот за кој цело време зборува претседателката, за жал во случајот со моето разрешување, отсуствуваат.

На писмото на Муслиу пристигна реакција до ВМРО ДПМНЕ од каде велат дека е безобразно и некоректно е тој да говори за професионализам и мерит систем бедејќи од Агенцијата за разузнавање направил партиски штаб на СДС, организирајќи хајки и напади пресметувајќи се со ВМРО ДПМНЕ, со новинари и медиуми. Од владеачката партија велат дека за неговото работење доволно говори податокот дека додека тој е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра за работа која е дејност на службата на сопругот.

Со реакција се огласија и од Влен од каде вела дека е лицемерно опозоциската ДУИ да леат крокодилски сози за сменатана на Еролд Муслиу кога во 2019 Османи Груби побарале да се преиспита одлуката за назначување на Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање.

Утре 23.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов лидер - кој ќе го наследи Димитар Ковачевски?

Денеска никој од партиските функционери не сака јавно да коментира за случувањата и очекувањата од утрешните избори.

Револтирана од тоа што и покрај укажувањето на бројни неправилности, не добила никаков одговор кој, како што вели, би ги побил нејзините тврдења за злоупотреби, Славјанка Петровска преку официјално писмо ја известила Централната изборна комисија на СДСМ дека ја повлекува кандидатурата за претседател на СДСМ. Ваквата одлука, во пресрет на утрешните избори Петровска тврди дека ја донела сакајќи да го заштити СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегне да биде соучесник во погазување на статутот. Таа вчера обвини за злоупотреби на податоците на членството на еден од кандидатите и побара внатрепартиските избори да бидат одложени.

-Со оглед на тоа дека овој процес за мене е неприфатлив барам моето име да не стои на избирачкото ливче, со цел гласачите да не бидат доведени во заблуда, вели Петровска.

Денеска никој од партиските функционери не сака јавно да коментира за случувањата и очекувањата од утрешните избори. Нема најави ниту кога ќе продолжи отчетниот конгрес кој беше одложен поради барањето на општинските организации за повеќе време да го разгледаат обемниот извештај за изборните резултати, иако очекувањата беа дека тоа ќе се случи пред да се бира партискиот лидер.

Покрај Петровска, кандидати за лидер на партијата се и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски.

За познавачите евидентно е дека кај социјалдемократите владее големо неединство. Според новинарот Зоран Иванов иако можни се изненадувања, сепак очекува главната битка да се води меѓу Филипче и Деспотовски. Не ја исклучува можноста тие да се соочат и во втор круг.

- Ниту розата им цвета, ниту тупаницата е стегната. Евидентно е дека СДСМ е во големо неединство. Нешто повеќе од 20.000 членови што ќе гласаат на толку еминентна и со традиција голема партија, навистина во негативна смисла е изненадување, но сепак тоа е значајна партија која граѓаните ја препознаваат во услови на криза и ја бараат. Не знам што ќе се случува утре на изборите, ова што Славјанка Петровска се повлекува од чинот на гласање и не бара да се гласа за неа, само кажува дека партијата е во уште поголема криза. Очигледно дека струмичкото и скопското крило ќе бидат фаворити. Ќе се води битка меѓу Филипче и Деспотовски. Третиот кандидат не е многу познат во пошироката македонска јавност, можеби не и во пошироките партиски кругови, но можни се секакви изненадувања, вели Иванов.

Утре 23.373 членови кои се пријавиле, ќе имаат можност да гласаат за нов претседател на СДСМ, а гласањето ќе се спроведе во општинските организации од 8 до 20 часот. Пред три години, кога за претседател на партијата беше избран Зоран Заев, на непосредното гласање од членството се пријавија 68.999 членови.

За да биде избран нов лидер на партијата потребно ќе биде еден од кандидатите да освои повеќе од половина гласови од тие што ќе излезат на гласање.

Направена корекција на пописот во Албанија, веќе не стои „Северномакедонци“ туку Македонци

Наместо „Северномакедонци“, стои Македонци во графата за националност од пописот.

Според последните информации, по реакцијата на МНР, како и средбата на минстерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега на форумот во Дубровник, албанската агенција за статистика извршила корекција, па наместо „Северномакедонци, стои Македонци во графата за националност од пописот.

притисни ентер