Во САД намалена продажбата на нови домови

Продажбата на нови домови во САД во мај се намалила за 11,3 отсто на месечно ниво, на 619.000 домови пресметано годишно.

Во претходниот месец, продажбата на нови домови наменети за едно семејство се зголемила за два отсто на 698.000 на годишно ниво.

Аналитичарите предвидуваа стапките на продажба на нови домови во мај да биде на ниво од 640.000 годишно.

Во меѓувреме, главните берзански индекси на Волстрит денешната сесија ја започнаа со намалување - секторот на микрочипови и акциите на гигантите се со намален раст. Инвеститорите очекуваат објава на клучната инфлациска статистика што се очекува најдоцна утре. /МИА

Министерство за здравство на Хамас: Уште 69 лица починаа во Газа, вкупно 37.834

Министерството за здравство на Хамас, исламистичкото движење на власт во Појасот Газа, денеска соопшти дека во претходните 48 часа од израелските напади во таа област биле убиени 69 лица.

Од почетокот на израелскиот напад пред речиси девет месеци, во Појасот Газа загинаа вкупно 37.834 луѓе.

Министерството за здравство на Хамас соопшти дека во војната досега се ранети 86.858 луѓе. /МИА

Утре клучни избори во Франција, на анектите води партијата на Ле Пен

Во Франција заврши предизборната кампања, пред утрешните клучни парламентарни избори.

Според првите проекции, убедлива победа ќе извојува крајнодесничарската партија национален собир на чело со Марин Ле Пен.

Францускиот премиер Габриел Атал предупреди дека евентуална победа на Ле Пен ќе доведе до „омраза и агресија“, но резултатите од анкетите покажуваат дека партијата на Марин Ле Пен и 28-годишниот Џордан Баредела, кој би можел да биде нов премиер, цврсто ја држи водечката позиција.

Единствено прашање, како што покажуваат анкетите, е дали тој ќе добие апсолутно мнозинство во парламентот на изборите кои се одржуваат во два круга, утре и на 7 јули.

ЈО со детали за грозоморниот случај со таткото што три години ги силувал трите ќерки

По храбрата одлука на едно од трите девојчиња од прилепско кое вчера во полиција пријавило дека нивниот татко ги силувал нејзе и нејзините две сестри цели три години, јавното обвинителство побара притвор за таткото и за мајката.

Против 36 годишниот татко од прилепско има сомневање дека ги силувал своите три ќерки и е донесена наредба за спроведување на истражна постапка.

-Периодот од 2021 до 2023 година таткото во повеќе наврати во домот вршел полови дејства врз своите три ќерки родени 2008, 2010 и 2014 година кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.-ЈО

Исто така истрага има и против мајката на девојчињата за кривичното дело запуштање и малтретирање на дете. Според првичните изјави трите девојчиња и кажале на мајката дека нивниот татко вршел обљуба и полови дејствија врз нив а таа ги убедувала дека е срамота да го пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. од првата детска амбасада Меѓаши велат дека итно е потребно носење на закон каде ќе се зголемат минималните казни затвор дури и да има и доживотен затвор за сторителите на овие дела. Иста така потребна е поголема комуникација и во училиштата и институциите за социјлна заштита.

Според него оние кои издржале казна затвор најчесто го повторуваат делото. Тој вели дека тие мора да имаат алки на движење, но и дека треба за нив да има хемиска кастрација.

Во вчерашниот билетен на МВР и татко од Тетово беше пријавен од неговата бивша сопруга дека силувал малолетно дете. Во Македонија има регистар за педофили кој служи за пријавување на педофилија на бројот 15 505, но и профили на оние педофили кои служат или отслужиле затворска казна. Според кривичниот закон сега минималната казна е осум години а максималната казна 20 години.

притисни ентер