Том Круз на сите свои познаници секоја година им испраќа ист божикен подарок (ВИДЕО)

Актерот Том Круз на своите пријатели секој Божиќ им го испраќа истиот подарок - торта направена од бело чоколадо и кокос.

Ова го открија многу пријатели и колеги на Том кои со години го добиваат истиот подарок. Минатата година тиктокерката Дејна Шварц, чиј сопруг работеше со Круз, покажа како изгледа тортата.

„Секоја година Том Круз им праќа на стотици луѓе ист празничен подарок“, објасни таа. „Тој секогаш испраќа бела чоколадна торта од кокос“, откри таа. Нејзиниот сопруг со години работел како сценарист на бројни проекти со Круз и така завршил на листата. „Оваа торта е толку добра што се омажив за Иан главно поради неа“, се пошегува Тиктокерката.

Актерката Коби Смалдерс, најпозната по улогата на Робин во „Како ја запознав мајка ти“, гостуваше во шоуто на Џими Фалон во 2022 година и го потврди истото. Двајцата го снимаа Џек Ричер во 2016 година и оттогаш се во добри односи. Таа откри дека оттогаш актерот секоја година ѝ праќа торта.

„Тоа е торта од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е вкусна. Ја чувам во фрижидер и трае до март бидејќи секој момент земам парче. Не знам зошто, не сум љубител на слатки, но ова е одлично“, рече тогаш актерка.

Тогаш водителот Џими Фалон откри дека го добива истиот подарок и го нарече „Том Круз торта“. Претходно Кирстен Данст, Хенри Кавил и Џејмс Корден открија дека го добиваат истиот подарок. Патем, наведената торта е прекриена со слатко од бело чоколадо и рендан кокос, а може да се купи во пекарницата Доан во Вудленд Хилс, Калифорнија.

Том Круз еднаш раскажа како испраќа торта на широк список на познаници за празниците, а за тоа откри и малку чудна причина. „Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзите и подготовките што ги поминувам за филмови. Затоа им ги испраќам на сите“, вели тој.

Предлог - Стратешкиот план за 2025-2028 година на седница на ДИК

Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 117-та седница, на чиј дневен ред е Предлог - Стратешкиот план на ДИК за периодот 2025-2028 година.

Членовите на ДИК ќе ги разгледаат записниците од 115-та и од 116-та седница.

Нова саботажа во Балтичкото море! Узбуна во Финска и Естонија, пресечен е електричен кабел

Узбуна во Финска и Естонија, прекинат е подводен кабел за струја, кинески брод кружел во близина?

Подводниот кабел за електрична енергија што ги поврзува Финска и Естонија од вчера не е во функција.

Гардијан пренесува дека ова го соопштил финскиот премиер Петери Орпо. Британскиот весник наведува дека ова е последен во низата инциденти поврзани со кабли, гасоводи и нафтоводи во Балтичкото Море.

Арто Пахкин, менаџер на финската електрична мрежа „Фингрид“, за јавниот медиумски сервис „Yle“ изјавил дека не е исклучено да се работи за саботажа.

Премиерот Орпо рече дека снабдувањето со електрична енергија во Финска не е загрозено.

– Властите остануваат будни и за време на Божиќ и истражуваат што се случило – напиша Орпо на социјалната мрежа Х. „Фингрид“ изјави дека во средата бил прекинат кабелот „ЕстЛинк 2“, кој ја снабдувал Естонија со струја.

Сличен инцидент се случи и минатиот месец кога беа исечени два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море, кои ги поврзуваа Шведска и Данска.

Сомнежот брзо падна на кинескиот брод „Џи Пенг 3“, кој, според податоците од веб-страниците за следење на бродовите, во моментот на нивното сечење бил над каблите.

Јужнокорејската опозиција денеска ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател

Главната опозициска партија во Јужна Кореја, Демократската партија, денеска ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател Хан Дак-су, кој истовремено е и премиер, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Партијата соопшти дека целта е гласањето за импичмент да се одржи утре.

Претходно, со ваква процедура беше сменет од функцијата претседателот Јун Сук-јеол, кој на 3 декември прогласи воена состојба во земјата, што беше причина за парламентарците да гласаат за негово отстранување.

притисни ентер