Салах објави семејна фотографија со елката, бројни фанови го напаѓаат: Кој те принудува на ова?

Мохамед Салах и оваа година објави семејна фотографија во божиќно издание.

Фудбалерот на Ливерпул се сликаше со сопругата и ќерките пред елката. Многумина го нападнаа во коментарите под фотографијата бидејќи Салах е од исламска вероисповед. Му пишуваат дека направил харам (арапски збор за забрането).

Неговата објава, чиј опис вели само „Среќен Божиќ“, за само 30 минути предизвика повеќе од 47.000 коментари и доби над 430.000 лајкови. Меѓу многуте негативни коментари се издвојуваат следниве:

• „Ние муслиманите ве имаме за пример, а вие вака ни возвраќате“.

• "Кој те тера да го направиш ова?"

• "Избриши го ова, Мо!"

• „Ова мора да е дел од неговиот договор...“

• „За волја на Бога, не. Објави нешто за Палестина“.

• „Брате, и коцкањето е поправедно од ова“.

• „Дали уште треба да го нарекуваме Мухамед?

Салах и минатата година објави фотографија во божиќно издание. А потоа многу муслимани го нападнаа египетскиот фудбалер во коментарите. Има и такви кои го пофалија потегот на Салах и рекоа дека тој само покажува дека ги почитува и другите религии.

Украинската армија собори 20 руски дронови

 Украинската армија соопшти дека синоќа соборила 20 руски беспилотни летала.

Руската армија истрелала 31 дрон врз украинска територија.

- Единаесет дронови лансирани од руските сили не стигнаа до целта благодарение на активните акции на украинската противвоздушна одбрана, соопшти армијата.

ДЗР ги објави ревизорските извештаи за Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки)

Ова се дел од клучните утврдени состојби дадени во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки) од страна на Државниот завод за ревизија. 

Отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 % од бруто домашниот производ на Буџетот на Република Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3% од БДП, односно извршено е намалување на одобрениот Буџет за Судска власт за износ од 89.906 илјади денари.

Ова се дел од клучните утврдени состојби дадени во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки) од страна на Државниот завод за ревизија.

ДЗР во извештајот во клучните состојби посочува и на различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, предизвикува дилеми и неможност за постапување поради што е неопходно усогласување на истите. Се укажува и на тоа дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и на неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.

- Во делот на внатрешните контроли укажуваме дека не е донесена процедура за движење на документацијата и не е воспоставен систем за следење и контрола на сметководствената документација со јасно дефинирани и разграничени надлежности и одговорности, стои меѓу другото во ревизорскиот извештај.

Државниот завод за ревизија во објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки) се осврнува и на, како што стои, системски слабости, меѓу кои отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на правото на користење на старата зграда на судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција поради неизвршено примопредавање на истите. Понатаму се вели дека пописот не e спроведен согласно законската регулатива, ненавремено евидентирање на обврски, невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите. Во ревизорскиот извештај стои дека Комисијата за преглед на севкупното работење не извршила целосен преглед на средствата за депозитите за 2023 година, и не е спроведен надзор на севкупното финансиско и материјално работење.

- Евиденција на судски депозити кои не се гаранции туку уплати по друг основ за кои судот нема податоци за основ на истите, како и отсуство на податоци за статусот на предметите на судските депозити, завршени /незавршени, се наведува во ревизорскиот извештај од ДЗР.

ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 50 кубни метри отпад од диви депонии

ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 50 кубни метри отпад од диви депонии во изминатото деноноќие.

Екипи на Комунална хигиена-Скопје вчера и во текот на ноќта транспортирале приближно 50 кубни метри непрописно оставен отпад на неколку диви депонии во скопските општини Чаир, Карпош и Гази Баба.

- Повторно е интервенирано на улицата „Џон Кенеди“ во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања оставени на јавна површина во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Во оваа скопска општина се отстранети и седум кубни метри непрописно оставен градежен отпад од сообраќајна површина на улицата „Цветан Димов“, информира претпријатието.

Во општината Карпош, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје работеле на булеварот „Партизански одреди“, каде што се расчистени приближно пет кубни метри отпад картонски пакувања оставен на тревна површина во близина на Порта Влае.

- ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани и обемна дива депонија составена од кабаст и мешан комунален отпад лоцирана на улицата „Париска комуна“ во општината Гази Баба, се наведува во соопштението.

притисни ентер