Роналдо влезе во вода на минус 8- снимката има 78 милиони прегледи (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо (39) се одмара во Финска.

Тој сподели фотографии од Лапонија, фински регион во северна Европа. Таму го прослави Божиќ со семејството. На една фотографија Роналдо позираше без маица на минус осум степени Целзиусови и ги покажа мускулите. На овој начин тој на своите следбеници им го честиташе Божиќ.

Роналдо потоа објави видео на кое се бања на минус осум. „Само малку е ладно“, напиша Португалецот. Видеото го погледнале 78 милиони корисници на социјалната мрежа X.

Ал Наср на Роналдо моментално е четврти тим во саудискиот шампионат по 13 одиграни кола. Сезоната во Саудиска Арабија продолжува на 9 јануари. Роналдо оваа сезона има 16 гола и три асистенции на 19 натпревари. Тој пристигна во клубот на 1 јануари 2023 година, откако го раскина договорот со Манчестер Јунајтед.

Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа

Во Азербејџан денеска е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната несреќа на патничкиот авион „Ембраер 190“ на „Азербејџан Ерлајнс“ во казахстанскиот град Актау на Каспиското Море.

Во тек е истрага за причините за несреќата, во која животот го загубија 38 од вкупно 67 лица во авионот, пренесува ДПА.

Националните знамиња на Азербејџан се спуштени на половина копје во земјата во знак на жалост, а културните настани закажани за денеска, како и сите настани во театрите и концертните сали се откажани.

Авионот летал од Баку кон главниот град на руската автономна република Чеченија - Грозни, а поради магла таму бил пренасочен преку главниот град на друга република на Руската Федерација - Дагестан, Махачкала.

Според државната авиокомпанија на Азербејџан, 37 од патниците биле Азербејџанци, 16 - руски државјани, шест - Казахстанци и тројца - државјани на Киргистан.

Kахастанските медиуми наведуваат дека жртвите се од Азербејџан, Русија и Киргистан. Девет патници од Русија, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба. Тие се пренесени во Москва.

„Би било погрешно да се шпекулира пред да излезе заклучокот на истражителите за причините за авионската несреќа“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Tajланд се приклучува во БРИКС како земја партнер

Тајланд ја прифати поканата да стане земја партнер на БРИКС и се надева дека во наредниот период ќе се приклучи во организацијата како полноправна членка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата.

Портпаролот на министерството на прес-конференцијата рече дека Тајланд на 31 октомври добил официјална покана да стане партнер на БРИКС од претседавачот на таа организација, Русија, а дека на 24 декември на седницата на владата било одлучено да се позитивен одговор на таа покана.

Како што наведе, истиот ден тајландскиот министер за надворешни работи испратил писмо до рускиот колега во кое ја изразува согласноста на Тајланд да се приклучи на БРИКС како земја партнер.

Според портпаролот, Тајланд се надева дека ќе го подобри нивото на односите со земјите-членки на организацијата, со цел да ги подобри можностите за развој на сопствената економија.

Струга и годинава без организиран пречек на Нова година

Струга и годинава нема да има организиран пречек за Нова година. Во пресрет на новогодишните празници градот е украсен онака како што доликува на една туристичка дестинација. 

Светилки и новогодишни реквизити блескаат низ централното градско подрачје, Чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим. На Чаршискиот мост, традицинално е поставена новогодишната елка.

За најмладите предвидена е предновогодишна забава на 30 декември пред општинската зграда, забава со локални бендови, а Дедо Мраз ќе прошета и низ градските улици.

За првите три новороденчиња во Новата година Општината предвиде по 15.000 денари, а од општинскиот буџет предвидени се и средства за пакетчлиња за децата од социјално загрозени семејства и деца со попреченост.

- Струга е украсена и подготвена да ги пречека туристите што сакаат да го посетат градот. Со украсувањето на градот, Советот и Општината излегуваат во пресрет на бизнисот со цел привлекување што повеќе туристи, изјави претседателката на Советот Арбреша Влаши.

Во градот веќе се чуствува претпразнично движење, кафулињата и рестораните организираат претпразнични забави. Хотелиерите најавија целосна исполнетост на туристичките капацитети, а забележително е присуството на туристи во градот, како и на печалбарите, кои празниците ги минуваат во родното огниште.

притисни ентер