Џими Батлер одбива 50 милиони долари и се подготвува да замине од Мајами

Ѕвездата на Мајами Хит, Џими Батлер е подготвен да го смени клубот, според Шамс Чаранија од ESPN.

Според доверливиот известувач, Џими нема официјално да побара трејд, што не е новост за највисоките луѓе на франшизата, со оглед на тоа што таа можност се дискутира со недели.

Џими е во последната година од актуелниот договор со Хит, и додека има опција за играч од 52 милиони долари за следната сезона, тој има намера да го тестира пазарот по оваа сезона. Сепак, Џими е веќе на излезната врата и е подготвен да го напушти Мајами уште пред февруари, кога е крајниот рок за завршување на размената.

Батлер веќе беше разочаран од Хит бидејќи минатото лето Мајами одби да му го продолжи договорот на уште две години, вреден 113 милиони долари. Тој договор би траел до сезоната 2026/27. Крилниот напаѓач наводно планира да ги земе предвид Феникс Санс, Голден Стејт Вориорс, Далас Маверикс и Хјустон Рокетс.

Батлер пристигна во Мајами во 2019 година и го предводеше тимот до две НБА финалиња како лидер. Во 2020 година Лос Анџелес Лејкерс го победија со 4:2, додека во 2023 година Денвер Нагетс го победија со 4:1. Против Нагетс забележа 21,6 поени, 6,4 асистенции и 4,6 скока, додека против Лејкерс се истакна со 26,2 поени, 9,8 асистенции и 8,3 скока по натпревар.

Оваа сезона тој постигнува 18,5 поени по натпревар со 5,8 скока и 4,9 асистенции за 31,4 минути на паркетот. Во претходниот дел од кариерата настапуваше и за Чикаго, Минесота и Филаделфија и шест пати беше ол-стар играч. Пет пати беше рангиран во една од трите најдобри петорки во лигата, а исто толку пати беше избран во една од двете најдобри одбранбени петорки.

Сообраќајот во зимски услови, снег провејува на неколку патни правци

Сообраќајот во зимски услови, снег провејува на патот Ресен-Крушево и на планиските премини Ѓавато и Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Слаб снег што не се задржува на коловозот провејува во Ресен, на патот Ресен-Крушево и на планиските премини Ѓавато и Плетвар.

Од ЈП Македонија пат информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Потсетуваат дека има забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Со целокупната расположива механизација и работна сила, екипи на ЈП Македонија пат се вклучени во расчистување на патиштата.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Салах критикуван за божиќната фотографија на социјалните мрежи

Египетскиот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах се најде на удар на навивачите откако објави семејна фотографија пред новогодишна елка.

Триесет и двегодишниот фудбалер е муслиман, а во исламската традиција не е вообичаено да се слави Божиќ. Во коментарите на фотографијата, многу корисници на Интернет го критикуваа Салах, најекестремните дури го нарекуваат, меѓу другото, и предавник на својата религија.

Салах игра за Ливерпул од 2017 година. Претходно беше објавено дека играчот е блиску до продолжување на договорот со англискиот клуб до 2027 година.

Оваа сезона напаѓачот одигра 24 натпревари за Ливерпул на сите турнири, на кои постигна 18 гола и 15 асистенции.

СДСМ: ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски и да ја преиспита

СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома.

Фактите кои што ги објавија медиумите и се достапни за целата јавност се загрижувачки и отвораат низа прашања за основите врз кои е донесена одлуката, дури и за можен конфликт на интерес во самата ДКСК.

Ова мора да биде целосно расчистено затоа што е удар не само врз угледот на ДКСК туку е дамка и за нејзината работа.

Анонимната претставка во која беше оспорена факултетската диплома на Бојан Христовски, издадена од еден Универзитет во Скопје ДКСК ја отрфли повикувајќи се на анализа на Државниот просветен инспекторат. Оваа диплома, која самиот Христовски ја пријавил, предизвика основани сомнежи поради експресното завршување на студиите за само 1 година. Замислете, наместо 4 за една успеал.

Вчера, една национална телевизија објави информација за конфликт на интерес во самата ДКСК. Членка на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и ја реферираше одлуката дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на истиот универзитет од каде што е издадена спорната диплома.

Овие информации беа јавно достапни и на интеренет страната на Универзитетот и на страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Но по објавата на прилозите во медиумите, Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска од наставен на интернет страницата.

Оваа ситуација ја загрозува веродостојноста на одлуките на ДКСК и ги поткопува во целост.

Во Етичкиот кодекс на Антикорупциската комисија е наведено дека членот треба да се откаже од одлучување во предмети кои се поврзани со судир на интереси. (член 9).

Едноставно, е неприфатливо вакви нерегуларности да бидат премолчени или оправдани.

СДСМ бара итно:

1. Повлекување и преиспитување на одлуката од страна на ДКСК за случајот со дипломата на директорот на АНБ.

2. Расчистување на прашањето за конфликт на интереси во редовите на ДКСК.

3. Преуспитување на анализата направена од Државниот просветен инспекторат.

Мора да се обезбеди транспарентност и одговорност во процесот, со цел граѓаните да добијат јасни одговори и да имаат доверба.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Скопје, 26.12.2024

СДСМ

притисни ентер