Робертсон: Земјите од ЕУ треба да бидат подготвени на секоја закана од Русија

Поранешниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, денеска во Приштина изјави дека земјите од Европската унија мора да бидат подготвени „на каква било закана од Русија и нејзините сојузнички земји“.

Учествувајќи на Самитот за Западен Балкан што се одржа во Приштина, тој изјави дека опасноста од руско влијание постои, но, според него, таа не вклучува само воена закана и дека влијанието на Русија „исто така ги ослабува институциите на демократските земји“.

„Русија и нејзините сојузници како Кина, Иран, можат да користат техники за да ги ослабат нашите општества. Сајбер војната и мешањето во изборите продолжуваат да ги ослабуваат нашите демократски институции. Мораме да се разбудиме на фактот дека (рускиот претседател Владимир) Путин ако победи во Украина, можеме да очекуваме да видиме повеќе од ова во иднина“, рече Робертсон./МИА

Синер подобар од Ѓоковиќ и ќе игра со Алкараз во финалето во Саудиска Арабија

Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе се сретнат во финалето на егзибициониот тениски турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија.

Светскиот рекет број 1 го победи Новак Ѓоковиќ во маратонска битка со 6-2, 6-7 (0), 6-4, додека Шпанецот со 6-3, 6-3 го совлада својот идол и сонародник Рафаел Надал.

Денеска е ден за одмор, а в сабота покрај финалето ќе има и меч за третото место меѓу Ѓоковиќ и Надал.

По неговиот крај, Синер и Алкараз ќе излезат на теренот и ќе се борат да си заминат со најголемата награда во историјата на тенисот - 6 милиони долари или речиси двојно повеќе од она што го добива шампион на Гренд слем турнир (3,8 милиони долари).

Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас

Еден од лидерите на Хамас, Калед Мешал е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење по ликвидацијата на Јахја Синвар, јавува либанската телевизија ЛБЦИ, повикувајќи се на свои извори.

Машал сега е одговорен за сета комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците, пренесува либанската телевизија.

Извори потврдија за ЛБЦИ дека раководството на Хамас ги информирало турските, катарските и египетските власти за смртта на Синвар за време на операцијата во Тел ал Султан.

Покрај тоа, наведуваат дека за убиството на Синвар и неговото влијание врз преговорите и потенцијалниот прекин на огнот разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Хамас најави дека по убиството на Синвар, преговорите за размена на заробеници и завршување на војната „ќе стануваат сè потешки и сложени“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера официјално соопштија дека Синвар, за кој се верува дека е организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, бил убиен од израелската армија во Појасот Газа.

Блинкен: Вашингтон двојно ќе ги зголеми напорите за прекин на конфликтот во Газа

Вашингтон двојно ќе ги зголеми напорите за прекин на конфликтот во Газа по убиството на Синвар.

Шефот на американската дипломатија, државниот сектретар Ентони Блинкен, изјави дека Вашингтон во наредните денови двојно ќе ги зголеми напорите за прекин на конфликтот во Појасот Газа по смртта на водачот на палестинската вооружена група Хамас, Јахја Синвар, пренесоа британските медиуми.

-Во последниве месеци Синвар постојано ги отфрлаше напорите на САД и нашите партнери за прекин на оваа војна преку договор што ќе ги врати заложниците кај нивните семејства и ќе ги олесни страдањата на палестинскиот народ, рече Блинкен.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во изјава дадена во претседателовиот авион „ЕР Форс 1“ на пат за Германија, изјави дека „работата мора да продолжи за да се осигура дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар,навистина ѝ го нанесе долгорочниот удар на оваа милитантна група, што сите би сакале да го видиме“.

Саливан додаде и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не ги постигна зададените цели бидејќи заложниците киднапирани од милитантите на Хамас минатата година, сè уште не се вратиле во своите домови.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека САД ќе се обидат да го истуркаат предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Милер на редовен брифинг со новинарите потврди дека Вашингтон видел можност да го прекине конфликтот по смртта на Синуар.

-Во изминатите неколку недели немаше преговори за завршување на војната бидејќи Синуар одби да преговара, додаде тој.

притисни ентер