Синер подобар од Ѓоковиќ и ќе игра со Алкараз во финалето во Саудиска Арабија

Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе се сретнат во финалето на егзибициониот тениски турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија.

Светскиот рекет број 1 го победи Новак Ѓоковиќ во маратонска битка со 6-2, 6-7 (0), 6-4, додека Шпанецот со 6-3, 6-3 го совлада својот идол и сонародник Рафаел Надал.

Денеска е ден за одмор, а в сабота покрај финалето ќе има и меч за третото место меѓу Ѓоковиќ и Надал.

По неговиот крај, Синер и Алкараз ќе излезат на теренот и ќе се борат да си заминат со најголемата награда во историјата на тенисот - 6 милиони долари или речиси двојно повеќе од она што го добива шампион на Гренд слем турнир (3,8 милиони долари).

Украина: Руската ракета истрелана кон градот Дњепар развила брзина поголема од 3.773м. секунда

Украина објави дека руската ракета истрелана кон градот Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда

Киев денеска соопшти дека новиот тип хиперсонична балистичка ракета лансирана вчера од Русија во украинскиот град Дњепар летала околу 15 минути и има развиено максимална брзина над 11 степен според маховиот број (што е еднакво на 3.773 метри во секунда), јавија светските агенции, цитирајќи ја Главната управа за разузнавање на Украина.

„Времето на летот на оваа руска ракета од моментот на лансирање од рускиот регион Астрахан до градот Дњепар беше 15 минути“, се вели во соопштението на Главната управа за разузнавање на Украина.

„Ракетата беше опремена со шест боеви глави, од кои секоја имаше дополнителна муниција. Во последната фаза од летот беше развиена брзина над 11 маха“, се вели и во пораката на главната украинска разузнавачка служба.

Главната управа за разузнавање на Украина наведува дека оружјето насочено кон градот Дњепар „најверојатно е дел од рускиот ракетен комплекс „Кедер“.

Првично Киев претпоставуваше дека Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета, но претставниците на САД и НАТО ја потврдија дефиницијата дадена од Путин - балистичка ракета со среден дострел, потсетуваат светските агенции.

Украинското Министерство за надворешни работи вчера ја повика меѓународната заедница веднаш да реагира на лансирањето на руската ракета. Поради нападот НАТО на 26 ноември свика итен состанок со Украина во нејзиното седиште во белгискиот главен град Брисел.

Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат прегледите доколку не одат

20 проценти од закажаните пргледи за компјутреска томографија не не биле направени а тремните останале празни, бидејќи пациентите не дошле а не ги откажале навреме прегледите. 

За пет проценти повеќе 25 проценти од пациените не дошле на магнетна резонанаца а исто така не пријавле дека нема да дојдат. Од министерството за здравство со апел до граѓаните навреме да ги откажуваат прегледите доколку не одат, бидејќи тие прегледи се итни и потребни за голем број пациенти. Во голем број од европските земји по неоткажувањето на одреден преглед наредниот преглед се плаќа приватно.

Андовски исто така апелира до седум илјади граѓани кои се пријавиле а не примиле вакцина против грип да дојдат во друг ден или термин во договор со матичниот. Оние граѓани кои сакаат да примат вакцина а не се пријавле може да се пријават на вакцинација мк.

Оваа година се вакцинирале скоро 67 илајди граѓани против грип. Докторите апелираат за оваа вакцина бидејќи во пикот на грипот таа треба да ги заштити постарите луѓе, хронично болните, децата и бремените жени од тешки компликации од грип.

Димитриеска-Кочоска: Денеска завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем

Се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде пониска од 3,25 проценти.

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде пониска од 3,25 проценти.

притисни ентер