Просечната нето-плата во август 41 097 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.3 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61 806 денари.

Наскоро решение за зголемување на платите во здравството

Ќе се интензивира и економско-социјалниот дијалог

Наскоро Владата ќе излезе со решение за зголемување на платите во здравството, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески по Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Тој најави и интензивирање на социјалните дијалози, како и на состаноците со сите синдикати и невладини организации од областа на трудот, на кои, нагласи, присутен ќе биде и бизнис секторот.

Синдикатите ги поздравија владините мерки, посебно есенската и училишната кошничка.

-Благодарение на брзото консолидрање на Буџетот, подобрувањето на економските параметри и ниската инфлација успеавме да ги исплатиме платите во повеќето поголеми јавни претрпијатија како „Македонски шуми“, „Железници“ и „Потшти“, но успеавме и за пет отсто да ги зголемиме платите во образованието со најава дека во наредните четири години покачувањето ќе достигне најмалку 46 отсто со можност овој процент да биде и поголем. Веќе се работи и на решение за здравството. За брзо време ќе слушнете кое решение ќе го понуди Владата во однос на платите во здравството, истакна Ристески.

Потсети и дека пред една недела, во рамки на Министерството за економија и труд, почна да функционира Економско-социјалниот совет.

-Ќе ги интензивираме сите социјални дијалози преку отворени диксуии, добра анализа и параметри од праксата. Ќе градиме правилни стратегии и ќе донесуваме нови закони кои ќе значат економски раст, подобрување на животниот стандард, зголемување на платите и во јавниот и во приватниот сектор, како и функционирање на правниот систем. Целта е развој на бизнисот, отворање нови работни места и нови инвестиции, потенцира заменик-министерот.

И во оваа прилика Ристески се осврна на претходната власт, обвинувајќи дека оставила, како што рече, економска пустош.

-Голем број од негативните политки спороведени во претходниот период направија економска пустош во државата, а неправилното функционирање на правната држава и неправилните економски мерки придонесоа голем број млади и работоспособни луѓе да заминат од земјава, истакна заменик-министерот.

Според претседател на КСС Благоја Ралповски, наталожени се куп проблеми, пред се функционирањето на социјалниот дијалог.

-Многу пати кажавме дека социјалниот дијалог е само формален, без ништо суштинско. Во тој дел денеска ги изнесовме проблемите, зборувавме за изменување и дополнување на законите, за стратешките акциски планови кои со Владата и работодавачите ги преземаме на годишно ниво. Стана збор и за покачување на платите. Пред две недели имавме историско зголемување на платите во образованието, но разговаравме и за зголемување на платите во здравството, како и за економските мерки на Владата. Не радува што, благодарение на овие економски мерки, есенската и училишната кошничка, инфлацијата стагнира и е од 0,5 до 0,6 отсто во последните два месеца, рече Ралповски.

Николовски од форумот во Солун упатил покана до грчките компании да инвестираат кај нас

Министерот Николовски од форумот во Солун упатил покана до грчките компании да инвестираат кај нас

Покана до грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, упатил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) во Солун, соопштија организаторите, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот истакнал дека новата Влада спроведува многу амбициозна програма за економски развој на земјата.

- Веќе ја намаливме инфлацијата за два процентни поени. Ќе бидеме земја број еден во економскиот развој на Балканот во 2025 година. Добрите односи меѓу двете земји дополнително ќе се развиваат во следниот период, нагласил Николовски и додал дека е „природно да има интеракција меѓу економиите на Грција и Северна Македонија“, но и дека развојот на нашата земја е во интерес на јужниот сосед.

За енергетиката, според организаторите, министерот посочил дека земјата е зависна од рускиот природен гас, но веќе „почна тендерскиот процес кој ќе биде завршен следниот месец за интерконекторот за природен гас со Грција“ и потсетил на Меморандумот за соработка со што неодамна беше потпишан со Србија за изградба на интерконектор.

Во однос на железничката мрежа, објаснил дека Владата има намера да ја реконструира железничката врска со Грција, со цел за пет години да има брза врска која може да постигне брзини на возот од 120-130 километри на час, со што ќе се надгради и товарниот и патничкиот транспорт меѓу двете земји.

Дополнително, како што соопштија од Форумот, Николовски истакнал дека намерата на Владата е да се намали данокот на корпоративна добивка на најниско ниво во Европа.

Модератор на дискусијата беше претседателот на Грчката бизнис-асоцијација во Македонија Арис Влахос, кој истакнал дека грчките бизниси во последните години инвестирале 700-800 милиони евра во Македонија.

„Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ што денеска и утре се одржува во Солун е организиран од Tsomokos Communications, стратешкиот партнер е Солунското пристаниште, а оваа година се одржува по втор пат и има за цел да ги истакне клучните аспекти на иднината на транспортот и инфраструктурата во регионот.

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари

И во месец октомври на едно 4 члено семејство му биле потребни две ипол минимални плати за да го протурка месецот – покажува последната пресметка на минималната синдикална кошничка.

За еден месец таа е намалена за само 57 денари, и изнесува 61.249 денари, но во нејзнината пресметка влегуваат повеќе параметри. Доколку се извојат трошоците за храна и појалаци, тогаш може да се забележи намалување од речиси 1000 денари – што од синдикатот го оценуваат како позитивно, посочувајќи дека владината есенска кошничка, во која на 73 прозиводи им се ограничи бруто профитната маржа, дала видливи резултати.

Граѓаните кои ги анкетиравме поделени во мислењата. Дел од нив предлагаат државата да превземе долгорочни чекори кој би влијаеле на намалување на цените и подигнување на животниот стнадард, дел пак сметаат дека цените наместо да се намалат се зголемиле.

„Баш ги гледам не гледам некој промени дури мислам дека се и поскапи.... Кога ова не дава ефект државата може да направи интервентен увоз и со пониски цени.... “

„По еден денар два ништо не е тоа....“

„Горе доле, нема некој видлив резулатат ама има некое мало поевтинување...“

„Па нешто има, од еден пат не може за 4 месеци се да направат...“

Од синдикатот иако позитивно ги оценуваат резулатати кои ги дала есенската кошничка, сепак посочуваат дека е добро во иднина Владата да ги вклучи во креирањето на вакви мерки, за како што велат тие да даваат уште подобри резултати.

„Мерката на Владата даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во кошничката за повеќе од 717 денари за минатиот месец. Имајќи предвид дека во последната мерка 47 категории на производи од 70, беа превземени од кошничката на ССМ, сметаме дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат подобри.“ - ССМ.

На 31 октомври, идната недела се „одмрзнуваат“ маржите на производите од есенската кошничка, но на сила од 28 септмеври е законот за забрана на нефер трговски практики со кој се очекува да се стави крај на проблемите со цените. Првите ефекти од законското решение надлжените ги очекуваат на крајот на месецот или почетокот на ноември.

притисни ентер