„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Компанијата „Мета“, сопственичка на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, одлучи да ја врати технологијата за препознавање лица во своите апликации, откако пред три години „го исклучи“ овој систем поради негативната реакција на јавноста на „Фејсбук“.

Новиот потег е „со цел да борба против измамите“ и „помош за корисниците кои го изгубиле пристапот до нивните профили“, се вели во соопштението. Така, првичниот тест ќе користи препознавање лица за откривање лажни објави и реклами со лице на позната и јавна личност.

„Ако нашиот систем открие дека нешто би можело да биде измама со ликот на јавна личност, ќе ја користиме технологијата за препознавање лице заради совпаѓање на лицето во рекламата со профилните фотографии на таа јавна личност на 'Фејсбук' и 'Инстаграм'. Ако се најде потребното совпаѓање, а огласот е измама, ќе ја блокираме објавата“, соопшти „Мета“.

Компанијата веќе ја овозможи функцијата за мал број познати и јавни личности, а наредниве недели ќе почне автоматски да додава повеќе лица кон тоа. Сепак, како поединец, корисникот ќе има можност да ја исклучи таа заштита од социјалната мрежа.

- Ова е процес во реално време - побрз и попрецизен од рачниот преглед, рече Моника Бикерт, потпретседателка за политика за содржина во „Мета“.

Од „Мета“ соопштуваат и оти „веднаш ќе ги бришат податоците собрани со препознавање на лице“, што ќе се користи само за споредба. Исто така, „скенирањата нема да се користат за други цели“, се вели, а и познатите личности, како и сите корисници, ќе можат да изберат дали сакаат или не заштита од лажни објави и реклами.

Муцунски на средба со новите членови на експертската комисија за прашањата со Бугарија

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија одржав протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

Во своето обраќање истакнав дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање за одговорно и непречено извршување на нивните активности. Посочив дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода.

Дополнително, ја нагласив и мојата лична заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, објави на ФБ министерот Тимчо Муцунски.

Мицкоски по средбата со австрискиот претседател: Продолжуваме да се бориме за Македонија

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.

Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада.

Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Моника Белучи на Инстаграм објави фотографии на кои е гола: 20.000 лајкови за 10 минути

Моника Белучи со децении оправдано ја носи титулата една од најубавите актерки на сите времиња, а и во шестата деценија од животот редовно привлекува внимание. Сега реши да „додаде дополнителен зачин“.

Деновиве, можеби инспирирана од тоа што во септември наполни 60 години, убавата Италијанка на Инстаграм сподели серија фотографии на кои, како што објасни, „позирала пред неколку години за италијанското издание на Вог“ и каде, меѓу другото, таа е целосно гола и генерално „убиствено“ сензуална, пренесува Слободна Далмација.

Следеа безброј коментари и комплименти, Инстаграм експлодираше, за 10 минути собра 20.000 лајкови, а за неколку часа повеќе од 300.000.

Белучи ужива во својата новооткриена љубов од минатата година. Среќата и мирот ги нашла со американскиот режисер Тим Бартон, а нивната наклонетост и страсна врска е забележана на бројни филмски фестивали оваа сезона.

Во интервју за француски „Ел“, 60-годишната Италијанка многу отворено проговори за љубовта кон 64-годишниот американски режисер:

"Што да ви кажам, пред се, среќна сум што го запознав. Тоа е една од оние средби кои ретко се случуваат во животот. Го запознав како личност и го сакам", изјави минатата година филмската дива.

Моника Белучи долги години беше во брак со францускиот актер Винсент Касел, со кој има две ќерки, 20-годишната Дева и 14-годишната Леони.

Извор: Аваз

притисни ентер