Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари

И во месец октомври на едно 4 члено семејство му биле потребни две ипол минимални плати за да го протурка месецот – покажува последната пресметка на минималната синдикална кошничка.

За еден месец таа е намалена за само 57 денари, и изнесува 61.249 денари, но во нејзнината пресметка влегуваат повеќе параметри. Доколку се извојат трошоците за храна и појалаци, тогаш може да се забележи намалување од речиси 1000 денари – што од синдикатот го оценуваат како позитивно, посочувајќи дека владината есенска кошничка, во која на 73 прозиводи им се ограничи бруто профитната маржа, дала видливи резултати. Од синдикатот побараа Владата да ги вклучи во креирањето на вакви мерки во иднина, за како што велат тие да даваат уште подобри резултати.

Граѓаните кои ги анкетиравме поделени во мислењата. Дел од нив предлагаат државата да превземе долгорочни чекори кој би влијаеле на намалување на цените и подигнување на животниот стнадард, дел пак сметаат дека цените наместо да се намалат се зголемиле.

„Баш ги гледам не гледам некој промени дури мислам дека се и поскапи.... Кога ова не дава ефект државата може да направи интервентен увоз и со пониски цени.... “„По еден денар два ништо не е тоа....“„Горе доле, нема некој видлив резулатат ама има некое мало поевтинување...“„Па нешто има, од еден пат не може за 4 месеци се да направат...“

На 31 октомври, идната недела се „одмрзнуваат“ маржите на производите од есенската кошничка, но на сила е законот за забрана на нефер трговски практики со кој се очекува да се стави крај на проблемите со цените. Заменик министерот за економија, Маријан Ристески, вели до нова година ќе се следи спроведувањето на законот, а од следната ќе се казнува, најави и дека откако ќе заврши есенската кошничка тие како ресорно министерство ќе излезат со анализа.

„По завршувањето на есенската кошничка ќе излеземе како официјален податок од министерство колку имало заштеда по една просечна фамилија во Македонија во однос на заштеда по однос на основните земјодлески и прехрамбени производи....“

Првите ефекти од законското решение надлжените ги очекуваат на крајот на месецот или почетокот на ноември. Со законот освен што се ограничија дополнитлените трошоци, се донесе и листа со над 2 500 производи чии маржи се ограничија на 10 %.

Муцунски на средба со новите членови на експертската комисија за прашањата со Бугарија

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија одржав протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

Во своето обраќање истакнав дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање за одговорно и непречено извршување на нивните активности. Посочив дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода.

Дополнително, ја нагласив и мојата лична заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, објави на ФБ министерот Тимчо Муцунски.

Мицкоски по средбата со австрискиот претседател: Продолжуваме да се бориме за Македонија

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.

Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада.

Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Моника Белучи на Инстаграм објави фотографии на кои е гола: 20.000 лајкови за 10 минути

Моника Белучи со децении оправдано ја носи титулата една од најубавите актерки на сите времиња, а и во шестата деценија од животот редовно привлекува внимание. Сега реши да „додаде дополнителен зачин“.

Деновиве, можеби инспирирана од тоа што во септември наполни 60 години, убавата Италијанка на Инстаграм сподели серија фотографии на кои, како што објасни, „позирала пред неколку години за италијанското издание на Вог“ и каде, меѓу другото, таа е целосно гола и генерално „убиствено“ сензуална, пренесува Слободна Далмација.

Следеа безброј коментари и комплименти, Инстаграм експлодираше, за 10 минути собра 20.000 лајкови, а за неколку часа повеќе од 300.000.

Белучи ужива во својата новооткриена љубов од минатата година. Среќата и мирот ги нашла со американскиот режисер Тим Бартон, а нивната наклонетост и страсна врска е забележана на бројни филмски фестивали оваа сезона.

Во интервју за француски „Ел“, 60-годишната Италијанка многу отворено проговори за љубовта кон 64-годишниот американски режисер:

"Што да ви кажам, пред се, среќна сум што го запознав. Тоа е една од оние средби кои ретко се случуваат во животот. Го запознав како личност и го сакам", изјави минатата година филмската дива.

Моника Белучи долги години беше во брак со францускиот актер Винсент Касел, со кој има две ќерки, 20-годишната Дева и 14-годишната Леони.

Извор: Аваз

притисни ентер