Министерот Николоски на форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун на меѓународниот “Форум за поврување со југоисточна Европа”.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун на меѓународниот “Форум за поврување со југоисточна Европа”, каде меѓудругото ги претстави инвестициските планови на владата за развојот на инфраструктурата.

Во Солун е Дејан Трајкоски.

Дејан кои се пораките од форумот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Муцунски на средба со новите членови на експертската комисија за прашањата со Бугарија

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија одржав протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

Во своето обраќање истакнав дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање за одговорно и непречено извршување на нивните активности. Посочив дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода.

Дополнително, ја нагласив и мојата лична заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, објави на ФБ министерот Тимчо Муцунски.

Мицкоски по средбата со австрискиот претседател: Продолжуваме да се бориме за Македонија

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.

Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада.

Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Моника Белучи на Инстаграм објави фотографии на кои е гола: 20.000 лајкови за 10 минути

Моника Белучи со децении оправдано ја носи титулата една од најубавите актерки на сите времиња, а и во шестата деценија од животот редовно привлекува внимание. Сега реши да „додаде дополнителен зачин“.

Деновиве, можеби инспирирана од тоа што во септември наполни 60 години, убавата Италијанка на Инстаграм сподели серија фотографии на кои, како што објасни, „позирала пред неколку години за италијанското издание на Вог“ и каде, меѓу другото, таа е целосно гола и генерално „убиствено“ сензуална, пренесува Слободна Далмација.

Следеа безброј коментари и комплименти, Инстаграм експлодираше, за 10 минути собра 20.000 лајкови, а за неколку часа повеќе од 300.000.

Белучи ужива во својата новооткриена љубов од минатата година. Среќата и мирот ги нашла со американскиот режисер Тим Бартон, а нивната наклонетост и страсна врска е забележана на бројни филмски фестивали оваа сезона.

Во интервју за француски „Ел“, 60-годишната Италијанка многу отворено проговори за љубовта кон 64-годишниот американски режисер:

"Што да ви кажам, пред се, среќна сум што го запознав. Тоа е една од оние средби кои ретко се случуваат во животот. Го запознав како личност и го сакам", изјави минатата година филмската дива.

Моника Белучи долги години беше во брак со францускиот актер Винсент Касел, со кој има две ќерки, 20-годишната Дева и 14-годишната Леони.

Извор: Аваз

притисни ентер