Последен ден од изборната кампања пред парламентарните избори во Хрватска

Последен ден од камапњата за параламентарните избори во Хрватска, закажани за среда.

Аналитичарите очекуваат дека ХДЗ предводена од актуелниот премиер Андреја Пленковиќ ќе победи на изборите, но и дека партијата нема да може сама да формира влада, додека ако СДП чиј кандидат за премиер е претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ се обиде да формира влада, ќе и бидат потребни партнери од десницата.

Последните анкети покажуваат дека ХДЗ, проевропска десничарска партија која ја водеше земјата независно или во коалиција 26 од скоро 33 години откако Хрватска прогласи независност, може да смета на 60 места во 151-члениот парламент – шест помалку од претходно.

СДП може да смета на три пратеници повеќе отколку што има сега – 44 наместо 41, покажуваат анкетите.

Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент

Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент, пишуваат американските медиуми.

Според доверливиот НБА инсајдер, Адријан Војнаровски, франшизата од Тексас на секој начин се обидува да ја донесе ѕвездата на Феникс ова лето.

Откако Микел Бриџис беше разменет од Бруклин во Њујорк, франшизата од Тексас ги стекна правата за идните избори на Феникс. И, тој ќе се обиде да ја искористи својата силна преговарачка моќ за да го доведе Дурент, кој е под договор на уште две сезони додека не стане незаштитен слободен агент во 2026 година.

Планот е Рокетс да го отстапат својот избор од првата рунда во 2026 година во корист на Санс. /МИА

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто денеска најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот, при што загинаа 22 лица.

Руто истакна дека предлог-законот предизвикал „општо незадоволство“ и оти ги слушал граѓаните и се „согласил“ со нив. Тој протестот го нарече предавнички.

Лидерот на кениската опозиција Раил Одинга го осуди убиството на демонстрантите и грубата сила на власта и повика на дијалог. /МИА

притисни ентер