Почна испитувањето на материјалите земени од најопасниот астероид: Ова е ризница со богатство

Лажичка темна прашина и гранули собрани од астероидот Бену, на повеќе од 300 милиони километри од Земјата, пристигна во Природонаучниот музеј во Лондон, каде што научниците се подготвуваат да го тестираат.

100 милиграми од материјалот собран од астероид стар околу 4,6 милијарди години за време на мисијата Озирис-Рекс на американската агенција НАСА стигнале до британскиот музеј, кој ќе се овозможи увид во формирањето на Сончевиот систем, пишува Гардијан.

Леталото на НАСА собрало повеќе од 70 грама материјал од астероидот, но вадењето на неговиот материјал беше тешко поради проблеми со завртките на сондата.

- Ова е извонредно. Ова е како мала ризница која не води до потеклото на Сончевиот систем. Не можам да ги дофатам примероците и да видам што можеме да научиме од нив за раниот Сончев систем - изјави за Гардијан д-р Ешли Кинг, научник кој ќе работи на испитувањето на примероците во Природонаучниот музеј.

„Можеби не звучи како да имаме многу материјал, додаде таа, но ова е доволно за работа и испитување“.

- Ова се 100 милиграми чиста убавина. Донацијата е мала, но доволна. Ова е само една лажичка материјал, но замислете една лажичка шеќер и колку поединечни зрна има во неа. Значи, ќе го проучуваме овој материјал, зрно по зрно. Можеби ни претстои цел животен век - рече проф. Сара Расел, научник од Природонаучниот музеј, Лондон, за Би-Би-Си.

Таа исто така рече дека астероидот содржи минерали слични на глина кои ја задржуваат водата, што може да покаже како Земјата станала планета со вода погодна за живот.

- Можно е астероидите како Бену да обезбедувале хранливи материи подеднакво неопходни за одржување и развој на животот на Земјата - изјави Руселова за Sky News.

Природонаучниот музеј вели дека Бену е „непроменета маса од почетокот на Сончевиот систем“ која дава индиции за потеклото на Земјата, но додава дека астероидот има потенцијал да ѝ наштети на Земјата и се смета за најопасниот астероид во Сончевиот систем.

НАСА има многу повеќе материјали што мисијата Озирис-Рекс ги врати на Земјата на 24 септември, но не се знае точно колку. Овие 100 милиграми се земени од околу 70 грама, кои биле извадени од сондата. Сепак, дел од сондата се уште е недостапен и не е целосно отворен. Се верува дека во него би можело да има уште 200 грама материјал.

Синер подобар од Ѓоковиќ и ќе игра со Алкараз во финалето во Саудиска Арабија

Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе се сретнат во финалето на егзибициониот тениски турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија.

Светскиот рекет број 1 го победи Новак Ѓоковиќ во маратонска битка со 6-2, 6-7 (0), 6-4, додека Шпанецот со 6-3, 6-3 го совлада својот идол и сонародник Рафаел Надал.

Денеска е ден за одмор, а в сабота покрај финалето ќе има и меч за третото место меѓу Ѓоковиќ и Надал.

По неговиот крај, Синер и Алкараз ќе излезат на теренот и ќе се борат да си заминат со најголемата награда во историјата на тенисот - 6 милиони долари или речиси двојно повеќе од она што го добива шампион на Гренд слем турнир (3,8 милиони долари).

Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас

Еден од лидерите на Хамас, Калед Мешал е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење по ликвидацијата на Јахја Синвар, јавува либанската телевизија ЛБЦИ, повикувајќи се на свои извори.

Машал сега е одговорен за сета комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците, пренесува либанската телевизија.

Извори потврдија за ЛБЦИ дека раководството на Хамас ги информирало турските, катарските и египетските власти за смртта на Синвар за време на операцијата во Тел ал Султан.

Покрај тоа, наведуваат дека за убиството на Синвар и неговото влијание врз преговорите и потенцијалниот прекин на огнот разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Хамас најави дека по убиството на Синвар, преговорите за размена на заробеници и завршување на војната „ќе стануваат сè потешки и сложени“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера официјално соопштија дека Синвар, за кој се верува дека е организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, бил убиен од израелската армија во Појасот Газа.

Блинкен: Вашингтон двојно ќе ги зголеми напорите за прекин на конфликтот во Газа

Вашингтон двојно ќе ги зголеми напорите за прекин на конфликтот во Газа по убиството на Синвар.

Шефот на американската дипломатија, државниот сектретар Ентони Блинкен, изјави дека Вашингтон во наредните денови двојно ќе ги зголеми напорите за прекин на конфликтот во Појасот Газа по смртта на водачот на палестинската вооружена група Хамас, Јахја Синвар, пренесоа британските медиуми.

-Во последниве месеци Синвар постојано ги отфрлаше напорите на САД и нашите партнери за прекин на оваа војна преку договор што ќе ги врати заложниците кај нивните семејства и ќе ги олесни страдањата на палестинскиот народ, рече Блинкен.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во изјава дадена во претседателовиот авион „ЕР Форс 1“ на пат за Германија, изјави дека „работата мора да продолжи за да се осигура дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар,навистина ѝ го нанесе долгорочниот удар на оваа милитантна група, што сите би сакале да го видиме“.

Саливан додаде и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не ги постигна зададените цели бидејќи заложниците киднапирани од милитантите на Хамас минатата година, сè уште не се вратиле во своите домови.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека САД ќе се обидат да го истуркаат предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Милер на редовен брифинг со новинарите потврди дека Вашингтон видел можност да го прекине конфликтот по смртта на Синуар.

-Во изминатите неколку недели немаше преговори за завршување на војната бидејќи Синуар одби да преговара, додаде тој.

притисни ентер