Пашинјан: Процесот на преговори отсекогаш бил за враќање на Нагорно-Карабах на Азербејџан

Преговорите за решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах од неговиот почеток во 1994 година се поврзани со враќањето на Нагорно-Карабах под контрола на Азербејџан, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан, пренесоа ерменските медиуми.

Преговорите за решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах од неговиот почеток во 1994 година се поврзани со враќањето на Нагорно-Карабах под контрола на Азербејџан, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан, пренесоа ерменските медиуми.

-Од 1994 година, односно по прекинот на огнот, преговарачкиот процес од самиот почеток беше за враќање на Нагорно-Карабах под контрола на Азербејџан. Преговарачкиот процес немаше друга намера, рече тој на социјалните мрежи.

„Информациите за преговори со друго значење беа воведени во Ерменија исклучиво за решавање на внатрешно-политички прашања. Во овој контекст, направив голема грешка - во 2018 година, откако се запознав со содржината на преговорите, не си го признав претходно наведеното ( мојот познат национализам не ми го дозволи тоа) и затоа сето ова не му го објаснив на народот, додаде Пашинјан./МИА

Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги преиначи казните на 37 од вкупно 40 осуденици на смрт. Според одлуката на 37 осуденици казната им е преиначена во доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Со тоа Бајден го осуети планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за забрзување на темпото за извршување на смртните казни.

Одлуката за помилување на еден претседател не може да биде поништена од неговиот наследник.

Трамп за време на првиот мандат (2017 – 2021) повторно ги почна федералните егзекуции по пауза од 20 години, додека Бајден, уште во кампањата соопшти дека е против смртната казна, а по преземањето на функцијата, во јануари 2021 година, ги стопира федералните егзекуции./МИА

Нов повик за субвенционирање авиолинии, ќе трае додека не се потрошат 3,3 милиони евра

Министерството за транспорт објави нов јавен повик, втор оваа година, за воведување нови субвенционирани авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид од 1 јануари 2025 до 31 декември 2027.

Апликациите ќе се разгледуваат и одобруваат според системот „прв дојден, прв услужен“ додека не се исцрпат средствата од 3,36 милиони евра што ги намени владата за субвенциите.

Тендерот е отворен за сите авиокомпании кои превезле над пет милиони патници и оствариле нето профит од најмалку десет милиони евра минатата година. Државата ќе обезбеди девет евра за секој патник што слетува во Скопје, односно 12 евра за секое доаѓање на аеродромот во Охрид со субвенционираните линии.

Скопје единствен од Европа во десетте најзагадени градови

Главниот град на земјава, скопје, утрово е најзагаден град во европа со индекс на загаденост од 156, покажуваат податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздух „Ај-Кју Ер“.

Највисока загаденост утринава е регистрирана на мерното место во Лисиче, а потоа е во ректорат и во Карпош.

Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав за чувствителни групи на граѓани“.

Главен загадувач што е наведен се ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 52,9 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 78,3 микрограми на кубен метар.

Според упатството за квалитетот на воздухот на светската здравствена организација , концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 10,6 пати поголема од годишната вредност.

притисни ентер