Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги преиначи казните на 37 од вкупно 40 осуденици на смрт. Според одлуката на 37 осуденици казната им е преиначена во доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Со тоа Бајден го осуети планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за забрзување на темпото за извршување на смртните казни.

Одлуката за помилување на еден претседател не може да биде поништена од неговиот наследник.

Трамп за време на првиот мандат (2017 – 2021) повторно ги почна федералните егзекуции по пауза од 20 години, додека Бајден, уште во кампањата соопшти дека е против смртната казна, а по преземањето на функцијата, во јануари 2021 година, ги стопира федералните егзекуции./МИА

Се зголемува бројот на загинати во уривањето на мостот во Бразил, и деца меѓу исчезнатите

Најмалку две лица загинале, а осум лица се водат како исчезнати откако вчера во Бразил се урна мостот Јуселино Кубичек де Оливеира, долг 533 метри, кој ги поврзува државите Токантинс и Марањао.

Вчера мостот попуштил во раните попладневни часови, а се урнал откако дел од структурата паднал на територијата на државата Маранџао, пренесува порталот Метрополис.

"Националната агенција за транспортна инфраструктура предупредува на целосна блокада на мостот на реката Токантинс. Централниот дел на мостот долг 533 метри се урна напладне", изјави министерот за транспорт Ренан Фиљо.

Противпожарната служба на Маранџао и воената полиција на Токантинс ја потврдија смртта на две лица во уривањето на мостот меѓу двете држави. Меѓу загинатите има 25-годишна жена и 42-годишен маж.

36-годишен маж е спасен со скршена нога и пренесен во болница во Естреито, државата Маранџао.

Според Воената полиција на Токантис (ПМТО), осум лица, меѓу кои две деца на возраст од три и 11 години, се водат како исчезнати. Меѓу возрасните исчезнати има две жени, двајца возачи на камион кои превезувале опасни производи како сулфурна киселина, возач на камион кој превезувал земјоделски пестициди и уште еден возач на камион.

„Истрагата во врска со несреќата на мостот е привремено прекината откако припадници на Противпожарната служба утврдиле дека два камиони што превезувале опасни производи паднале во реката“, соопшти ПМТО.

Гувернерот на Токантис, Вандерлеј Барбоза, на социјалната мрежа изјави дека државната администрација започнала напори за санирање на штетите и пружање помош на повредените.

Мостот е отворен во 1960 година, а структурата на мостот е дел од важен сообраќаен коридор, бидејќи го поврзува Белем со Бразилија, патот Трансамазон, како и железницата Норте-Сул.

Вучиќ телефонски разговарал со Лавров за „три важни теми“

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговарал со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

- Многу добар и содржаен разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

1. Од министерот Лавров, како претставник на земја-членка на ОН, дознав дека Приштина, кршејќи ги сите акти на меѓународното јавно право, се обидува да ѝ забрани на Српската листа да учествува на претстојните избори.

2. Разговаравме и заеднички изразивме загриженост за ситуацијата во Босна и Херцеговина и Република Српска и се согласивме дека целосното почитување на Дејтонскиот мировен договор е најдобриот начин за зачувување на мирот и стабилноста.

3. Теми на разговорот беа најавените санкции за НИС и беше договорен состанок на експерти од Србија и Русија веднаш штом бидат обелоденети американските санкции. Разговаравме и за сите други важни прашања од нашата билатерална соработка, го потврдивме пријателството меѓу нашите земји и изразивме уверување дека со наш поголем ангажман можеме да ја зголемиме трговската размена меѓу Србија и Русија - нагласи претседателот Вучиќ во соопштението, пренесе Курир.

Лиам Пејн пред смртта ѝ посвети песна на Наоми Кембел, постара 23 години од него

Пејачот на „One direction“ Лиам Пејн ја снимил својата последна песна, пред смртта на 16 октомври, како посвета на љубовта кон манекенката Наоми Кембел, објави денеска „Дејли мејл“.

Весникот наведува дека последната песна на Пејн „Closer to You“ е снимена само неколку недели пред неговата смрт.

Песната е поднесена до судот во Буенос Аирес како дел од документ на 91 страница со повеќе од 400 досиеја составени од адвокати кои го застапуваат блискиот пријател на Пејн, аргентинско-американскиот бизнисмен Роџер Норес, како дел од тековната истрага за неговата смрт.

Пејн се забавувал со Кембел неколку месеци во 2019 година и почнал да ја компонира „Closer to You“ набргу по нивното раскинување.

Текстот зборува за неговиот копнеж „да се доближи до неа“, а открива дека токму таа „заминала“.

Пејн и Кембел никогаш јавно не коментирале за нивната многу популарна врска, која се случила кога таа имала 48, а тој 25 години.

Лијам Пејн почина откако падна од балконот на третиот кат во хотелот „Каса Сур“ во Буенос Аирес на 16 октомври.

Аутопсијата открила дека во неговиот систем имало дрога, вклучително и крек и кокаин, а обвинителите откриле дека тој нарачал неколку шишиња шампањ и виски во последните часови во хотелската соба.

притисни ентер