Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија

„All I Want for Christmas Is You“ постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на „Спотифај“ (Spotify) во 24 часа.

И 30 години подоцна, Мараја Кери и нејзиниот веќе легендарен хит „All I Want for Christmas Is You“ се неизбежен декор за новогодишните и божиќните празници. Имено, „Билборд“ проценува дека пејачката минатата година заработила 1,86 милиони долари од песната.

Така, песната објавена 1994 година, само за 2023 година би можела да надмине 100 милиони долари во вкупна заработка. А пак, истражување на „Економист“ од 2016 година, посочува дека американската пејачка заработувала во просек 2,5 милиони долари од хонорари секоја година.

„All I Want for Christmas Is You“ постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на „Спотифај“ (Spotify) во 24 часа. Во таа смисла, во декември 2018, била пуштена повеќе од 10,8 милиони пати, а тој рекорд повторно е соборен во 2022 година со 21,3 милиони стримови. Песната достигна една милијарда пуштања на „Спотифај“ во декември 2021 година. Редовно го достигнува број 1 на „Билборд хот 100“ во последните четири години.

Познатата поп-пејачка има издадено и други божиќно-новогодишни песни, но се чини, ниедна не ја достигна таа светска слава.

Според „Селебрити нет ворт“ (Celebrity Net Worth), Мараја Кери има богатство со нетовредност од 350 милиони долари. /МИА

Во септичка јама се пронајдени кломпи, стари 500 години

Холанѓаните се познати ширум светот по дрвените кломпи, но реткото откритие на 500 години стари кломпи во градот Алкмар покажа колку некогаш била раширена употребата на такви обувки.

- Во стара септичка јама во урбана средина се пронајдени кломпи. Значи, ова е многу значајно откритие на традиционалните обувки бидејќи сабо се поврзуваат со холандските фармери. Овој пар стар 500 години докажува дека кломпи се користеле и во урбаните средини - изјавила археологот Силке Ланге, пренесува Ројтерс.

Дрвените сабо стари 500 години се пронајдени минатиот месец во стара септичка јама откриена за време на изградбата на подземен контејнер за отпад во градот Алкмар, на околу 30 километри северозападно од Амстердам, соопштија општинските власти на Алкмар.

Ова се првите кломпи од бреза откриени досега во Холандија, а вкупно само 44 дрвени кломпи се откриени при различни ископувања во Холандија и Белгија.

37 годишен скопјанец за три илјади евра се приклучил на руската војска во Украина

Триесет и седумгодишниот скопјанец Љ.Б. заработи кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од 3.000 евра.

– По обезбедување на виза за патување, двајцата заминале за Русија, каде на 23 септември 2024 потпишале договор со Министерството за внатрешни работи на Доњецка народна република за служење во нивните воени, паравоени и параполициски единици, а со тоа учествувале во воениот конфликт помеѓу Руската Федерација и Украина, се наведува во соопштението.

На 9 декември годинава бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени компјутер, мобилни телефони, тактичка облека, документи на руски јазик на негово име и други предмети.

Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Седумгодишно дете се бори за живот, откако Божикно шоу на Флорида се претворило во хорор(ВИДЕО)

Божиќното шоу на Флорида кое се одржа вчера вечер се претвори во хорор откако дронови почнале да паѓаат од небото врз публиката.

Најлошо поминало седумгодишното момче Андреа Отеро, кое итно било префрлено во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот откако избегнал сериозни повреди.

„Нашите мисли се со семејството и сите засегнати од овој настан. Контактиравме со семејството и ќе продолжиме да помагаме во собирањето докази“, се вели во соопштението на полициската управа во Орландо.

На социјалните мрежи се објавени неколку видеа од дронови кои паѓаат од небо. Најмалку еден од беспилотните летала удрил во посетители и паднал, објави магазинот People.

„Внимавајте, внимавајте“, се гледа на некои од снимките додека преплашените посетители се обидуваат да ги избегнат беспилотните летала.

Мајките Џесика Ламаж и Адријана Еџертон изјавиле дека нивниот син „се борел за живот во собата за итни случаи“, откако бил „удрен во лице од дронови“ за време на шоуто.

„Ве молам, молете се за мојот син, отидовме на шоу со дронови на езерото Еола, а еден од дроновите го удри во лицето“, напиша Џесика Ламаж на Фејсбук, покрај фотографијата на нејзиниот син во болница со крвава усна.

„Никогаш не сум била толку исплашена. Не можам да верувам дека шоуто со дронови во паркот Лејк Еола се претвори во ова. Преплашена сум за моето дете“, додаде таа.

Компанијата „Sky Elements Drones“ објави соопштение по инцидентот во кое изразува надеж за целосно и брзо закрепнување на сите инволвирани.

притисни ентер