„Јас сум полицаец веќе 27 години, но никогаш не сум видел толку страшен случај на занемарување на дете, нè расплака“, рече истражителот Марк Холсте откако во куќа на Флорида ја пронашле Даниел Крокет, девојче на кое Барни и Дајан одлучиле да му дадат дом.
По петте сина, брачните партнери Барни и Дајан решиле да посвојат девојче. Помеѓу илјадниците понудени кандидати, Дајан забележала едно црнооко девојче со тажно лице. Кога почнале да се распрашуваат за неа, социјалниот работник им рекол дека подобро е да побараат друго дете. Но, како што подоцна раскажала Дајан, нејзините очи ја привлекувале и ја сакала само неа.
- Нешто не е во ред со неа. Некако е подива - им кажале од социјалната служба, но Барни и Дајан инсистирале.
Подоцна, социјалната служба им ја соопштила грозоморната тајна што се криела зад животот на несреќното девојче. Имала сериозни психички проблеми, а како и да нема кога помина пекол со нејзината биолошка мајка која ја запоставувала.
Даниела Крокет имала само седум години кога полицијата ја нашла во една трошна куќа на Флорида. Соседите со денови гледале голо дете на прозорецот од куќата, а откако некој повикал полиција, припадниците на безбедносните органи упаднале во домот на нејзината мајка Мишел Крокет. Од она што го затекнале, останале без зборови. Покрај двата сина тинејџери, Мишел во куќата криела и ќерка за чие постоење никој не знаел. Кога полицијата ја пронашла, седумгодишното девојче носело само валкана пелена. Косата и била полна со вошки, не зборувала, храна добивала само преку шише, не можела да оди и живеела во плакар во кој имало мал, валкан душек на кој спиела.
- Јас сум полицаец 27 години, но досега не сум видел ваков случај на запоставување на дете. Нејзината мајка беше осудена на две години домашен притвор, кој беше условен. Да се прашував јас, ќе добиеше 20 години затвор, заслужува да гори во пеколот - изјавил детективот Марк Холсте, кој бил меѓу полицајците кои упаднале во морничавата куќа во која е пронајдено девојчето.
Даниел најголемиот дел од денот го поминувала во темница, а понекогаш се искрадувала и стоела на прозорецот каде била забележана. Никогаш не излегла од дома, ниту имала видено друго човечко суштество освен нејзината мајка. Таа била толку слаба што невроните во нејзиниот мозок не можеле нормално да се развијат. Глетката била толку страшна што дури и полицајците заплакале кога ја виделе.
- Јадеше само од шише, никогаш не пробала цврста храна, па и требаа месеци за нејзиниот стомак да се навикне на различни видови храна. До седумгодишна возраст, освен преку прозорецот, никогаш не видела сонце, не слушнала цвркот на птици, не вдишила свеж воздух... Направивме генетски и невролошки тестови, нејзините невролошки врски во мозокот не беа развиени делумно поради до неухранетост и делумно поради целосната изолација од надворешниот свет - изјавила психологот Кејтли Армстронг.
Работите да бидат уште полоши, медицинските тестови покажале дека таа е родена како здраво и напредно бебе, а животот ѝ бил уништен од нејзината биолошка мајка.
– Не разбирам како некој може да му направи такво нешто на кое било друго живо суштество, а камоли на сопственото дете – додала Армстронг.
И покрај се, Барни и Дајан ја посвоиле Даниел и ѝ дале топол дом и многу љубов што таа не ја добивала од нејзината биолошка мајка. Цели десет години се обидувале да ѝ помогнат, се преселиле на ранч со домашни животни и коњи, но Даниел тешко закрепнувала од траумата што ја преживеала поради страшното запоставување во првите години од животот.
- Јадеше четка за заби, ги кршеше сите јајца во фрижидерот, пиеше кечап... Не можеше да зборува, и покрај сите наши напори, не можевме да допреме до неа. Се обидовме со сè, но залудно. Сепак, никогаш нема да се откажам од мојата ќерка и ќе направам сè што можам за да ѝ олеснам, но нејзиниот живот е засекогаш непоправливо уништен – изјавил Барни низ солзи.
Поради нејзината состојба Даниел завршила во специјална установа за ментално болни, а лекарите верувале дека има некаков облик на аутизам. Барни ја посетува редовно, но таа живее во свој свет.
И понатаму не зборува и најчесто е во инвалидска количка бидејќи не може да оди. Шенон Вилсон, која работи како негувателка во установата, е единствената на која Даниел ѝ дозволува да се доближи до неа, да ја исчешла и да ѝ ја скрати косата. Често ги чеша рацете, но научила да го мести креветот и да ги става валканите алишта во корпата за перење.
- Сака да седи надвор на сонце, на лулашката или на тремот. Само седи и со празен поглед гледа во далечината - изјавила Вилсон, а пишува „Проџект Тамба Беј“ (projects.tampabay).