Лоеб: Нема издржани аргументи за нашето исклучување

Деветкратниот светски шампион во рели, Себастиен Лоеб, објасни дека одлуката на ФИА да го дисквалификува од релито Дакар страдала од „недостаток на цврсти аргументи“ и призна дека е разочаран од неговото предвремено отпаѓање.

Вчера, Лоеб и неговиот совозач Фабијан Луркин имаа тешка несреќа на самиот старт на третата етапа од релито, но успеаја да продолжат и да го доведат својот прототип „Дачија Сандрајдер“ до целта и покрај тоа што загубија повеќе од еден час.

Сепак, последователната проверка на автомобилот откри дека дел од ролната на автомобилот е свиткана и затоа екипажот е исклучен, а „Дачија“ изјави дека ќе се жали на одлуката.

-Навистина е разочарувачки што мораме да се вратиме во Џеда наместо да ја продолжиме борбата. Видовте што се случува со болидите. Еден час и 15 минути од лидерот ништо не е загубено. Да, ќе почневме поназад, но ќе имавме шанса да постигнеме нешто, изјави Лоеб.

Легендарниот возач вчера потроши време и на самата несреќа - превртувањето со голема брзина.

-Немам зборови да објаснам што се случи. Не притискав многу, но беше многу непријатна компресија и задникот отскокна, едноставно е. Во овој момент не можев многу да направам. Се случуваат такви работи, но тоа не ја прави ситуацијата помалку непријатна, призна Французинот.

Тој даде мислење и за одлуката на ФИА по проверката на неговиот болид.

-Вчерашната одлука е многу тешко да се прифати. За мене ова е непријатно и разочарувачко, бидејќи според мене на оваа одлука и недостасуваат цврсти аргументи. Се разбира, безбедноста е супер важна, тоа го разбирам. Но, лимитот поставен од ФИА се чини дека не е многу погоден за нашата дисциплина бидејќи се натпреваруваме во екстремни услови. Нашиот тим обезбеди докази за да докаже дека ролната останува цврста и силна, имам целосна доверба во тимот. Дури и со голо око, можете да видите дека нема компромис за безбедноста. Да, ова е тешко да се прифати, изјави уште Лоеб. /МИА

За прв пат од 2015 година, тројца тинејџери влегоа во ждрепката за главниот турнир на Грен слем

 Тројца тинејџери се квалификуваа за главната ждрепка на Австралија Опен во 2025 година во сингл за мажи.

Станува збор за 18-годишниот Бразилец Жоао Фонсека и 19-годишните Мартин Ландалус од Шпанија и Ленер Тинг од САД.

Според организаторот на Грен слемот, ова е прв пат од 2015 година толку многу млади играчи да се квалификуваат на главниот турнир.

Во 2015 година, четворица млади тенисери влегоа во главната ждрепка на УС Опен: Германецот Александар Зверев, Русинот Андреј Рубљев, Американецот Томи Пол и Швеѓанецот Елиас Имер.

Австралија опен е првиот Грен слем турнир во сезоната. Во 2025 година, мечевите во Мелбурн ќе се одржат од 12 до 26 јануари. з

Генералниот секретар на НАТО од Трамп бара либерализација на одбранбениот сектор

 Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека се обидува да го убеди повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да го олесни пристапот на европските партнери до американски воени системи, пренесува ДПА.

Руте истакна дека европските сојузници веќе вложуваат стотици милијарди долари во американската одбранбена индустрија.

- Многу повеќе би можело да се постигне доколку американскиот одбранбен сектор се либерализира и се отстранат потребите за одобрение од Конгресот, Пентагон и Белата куќа, нагласи Руте.

Тој го истакна интересот на Европа за системите за ракетна одбрана „Патриот“, кои чинат по две милијарди долари. - Ова се значителни средства за САД и нивната економија, додаде Руте.

Во моментов, процесот на набавка на „Патриот“ во Европа трае многу долго, посочи генералниот секретар.

Иницијативата на Руте доаѓа во момент кога се очекува Трамп да изврши дополнителен притисок врз европските сојузници за зголемување на трошоците за одбрана, бидејќи тој долго време ги критикуваше членките на НАТО за недоволно вложување.

Во вторникот, Трамп ги повика сојузниците да постават цел за трошење 5 отсто од БДП за одбрана, што е значително над сегашната цел од 2 отсто.

Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство

Струшката полиција приведе две лица од Струга по претходни пријави за семејно насилство во два одделни случаи, информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, вчера во 14 часот и 30 минути бил лишен од слобода С.К.(42) од Струга, по пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината.

Еден час претходно приведен бил и Б.Ш.(49), по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство.

- По целосно документирање на двата настани, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

притисни ентер