Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис

Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис, чиј актуелен договор истекува на крајот од сезоната.

Вчера агентот на играчот Ник Хосех пристигна во Минхен на разговори со раководството на клубот, пренесе „Билд“. Конечната одлука ќе биде на Дејвис, а според „Скај Германија“ канадскиот интернационалец е склон да потпише нов договор.

Реал Мадрид има сериозен интерес за дефанзивецот и има подготвена понуда за него, која му беше понудена пред неколку месеци.

Кралскиот клуб нема намера да ги менува параметрите на таа понуда и ја чека одлуката на Дејвис./МИА

На „Мис Универзум од Аргентина“ ѝ е одземена националната титула

 Организаторите на „Мис Универзум“ решија на претставничката од Аргентина - Магали Бенехам да ѝ ја одземат титулата „Мис Универзум од Аргентина“.

Скоро два месеца по настанот, нејзе ѝ беше поништена националната титула, откако даде остри коментари за нејзините колешки - Данката Викторија Ќаер, која победи на натпреварот во 2024 година и претставничката на Порторико, Џенифер Колон.

„По подробна анализа на јавните коментари на Магали Бенехам, и врз основа на нашите принципи, донесовме одлука веднаш да ѝ ја одземеме титулата“, изјавија тие.

Имено, Бенехам смета дека овој избор за убавина е наместен. Таа тврди дека членовите на жирито биле „многу изненадени“ кога биле објавени најдобрите 5 девојки.

- Почнаа да се гледаат и како да си велеа: „Ние не го избравме ова“. Така ми изгледаше и тогаш сфатив: В ред, ова е наместено. Отсекогаш било наместено, рече таа.

Таа потоа додаде дека Ќаер имала најмалку тројца чувари околу себе последните неколку дена од натпреварот, што е знак дека таа веќе знаела дека ќе победи.

Бенехам ја нападна и претставничката на Порторико. Таа е уверена дека го облекла „најлошиот“ фустан и дека била непријателски настроена кон Аргентинката.

АД ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

 АД ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“, за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Станува збор за привремено ангажирање на економски оператор до изборот на изведувач на објавениот јавен повик, соопштија од АД ЕСМ.

Од компанијата нагласуваат дека изборот е направен со претходно добиена согласност од Бирото за јавни набавки, а итноста се должи на потребата од обезбедување на доволни количини на јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните „Битола“.

За време на постапката, Комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ, испратила покани до пет компании кои во последните пет години за истиот предмет на набавка во својство на самостојни понудувачи редовно учествувале на јавните огласи за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Најниска цена за услугите понудила фирмата „Топлина“ и според преговараните услови, избраниот изведувач ќе ги извршува задачите за околу 15 отсто пониска цена во однос на економскиот оператор со кој на почетокот на минатиот месец РЕК Битола еднострано ја раскина соработката заради непочитување на одредбите од договорот, посочија од АД ЕСМ.

Шведска нарачува тенкови во вредност од речиси две милијарди долари

 Шведската армија ќе купи тенкови од германскиот производител на оружје „KNDS“ за 22 милијарди шведски круни (1,97 милијарди долари), изјави денеска министерот за одбрана Пал Јонсон за шведската јавна телевизија SVT.

Договорот, потпишан кон крајот на декември, предвидува купување на 44 нови тенкови „Леопард“ 2 А8 и модернизација на 66 постоечки тенкови.

„Ова е апсолутно неопходна инвестиција“, рече Џонсон, додавајќи дека тенковите ќе и помогнат на Шведска да ја исполни својата цел за удвојување на капацитетот на својата војска.

притисни ентер