Добиле 5 сина, па одлучиле да посвојат девојче (видео)

Ја сакале токму неа, не можеле да ги заборават нејзините очи, а потоа откриле застрашувачка вистина.

„Јас сум полицаец веќе 27 години, но никогаш не сум видел толку страшен случај на занемарување на дете, нè расплака“, рече истражителот Марк Холсте откако во куќа на Флорида ја пронашле Даниел Крокет, девојче на кое Барни и Дајан одлучиле да му дадат дом.

По петте сина, брачните партнери Барни и Дајан решиле да посвојат девојче. Помеѓу илјадниците понудени кандидати, Дајан забележала едно црнооко девојче со тажно лице. Кога почнале да се распрашуваат за неа, социјалниот работник им рекол дека подобро е да побараат друго дете. Но, како што подоцна раскажала Дајан, нејзините очи ја привлекувале и ја сакала само неа.

- Нешто не е во ред со неа. Некако е подива - им кажале од социјалната служба, но Барни и Дајан инсистирале.

Подоцна, социјалната служба им ја соопштила грозоморната тајна што се криела зад животот на несреќното девојче. Имала сериозни психички проблеми, а како и да нема кога помина пекол со нејзината биолошка мајка која ја запоставувала.

Даниела Крокет имала само седум години кога полицијата ја нашла во една трошна куќа на Флорида. Соседите со денови гледале голо дете на прозорецот од куќата, а откако некој повикал полиција, припадниците на безбедносните органи упаднале во домот на нејзината мајка Мишел Крокет. Од она што го затекнале, останале без зборови. Покрај двата сина тинејџери, Мишел во куќата криела и ќерка за чие постоење никој не знаел. Кога полицијата ја пронашла, седумгодишното девојче носело само валкана пелена. Косата и била полна со вошки, не зборувала, храна добивала само преку шише, не можела да оди и живеела во плакар во кој имало мал, валкан душек на кој спиела.

- Јас сум полицаец 27 години, но досега не сум видел ваков случај на запоставување на дете. Нејзината мајка беше осудена на две години домашен притвор, кој беше условен. Да се прашував јас, ќе добиеше 20 години затвор, заслужува да гори во пеколот - изјавил детективот Марк Холсте, кој бил меѓу полицајците кои упаднале во морничавата куќа во која е пронајдено девојчето.

Даниел најголемиот дел од денот го поминувала во темница, а понекогаш се искрадувала и стоела на прозорецот каде била забележана. Никогаш не излегла од дома, ниту имала видено друго човечко суштество освен нејзината мајка. Таа била толку слаба што невроните во нејзиниот мозок не можеле нормално да се развијат. Глетката била толку страшна што дури и полицајците заплакале кога ја виделе.

- Јадеше само од шише, никогаш не пробала цврста храна, па и требаа месеци за нејзиниот стомак да се навикне на различни видови храна. До седумгодишна возраст, освен преку прозорецот, никогаш не видела сонце, не слушнала цвркот на птици, не вдишила свеж воздух... Направивме генетски и невролошки тестови, нејзините невролошки врски во мозокот не беа развиени делумно поради до неухранетост и делумно поради целосната изолација од надворешниот свет - изјавила психологот Кејтли Армстронг.

Работите да бидат уште полоши, медицинските тестови покажале дека таа е родена како здраво и напредно бебе, а животот ѝ бил уништен од нејзината биолошка мајка.

– Не разбирам како некој може да му направи такво нешто на кое било друго живо суштество, а камоли на сопственото дете – додала Армстронг.

И покрај се, Барни и Дајан ја посвоиле Даниел и ѝ дале топол дом и многу љубов што таа не ја добивала од нејзината биолошка мајка. Цели десет години се обидувале да ѝ помогнат, се преселиле на ранч со домашни животни и коњи, но Даниел тешко закрепнувала од траумата што ја преживеала поради страшното запоставување во првите години од животот.

- Јадеше четка за заби, ги кршеше сите јајца во фрижидерот, пиеше кечап... Не можеше да зборува, и покрај сите наши напори, не можевме да допреме до неа. Се обидовме со сè, но залудно. Сепак, никогаш нема да се откажам од мојата ќерка и ќе направам сè што можам за да ѝ олеснам, но нејзиниот живот е засекогаш непоправливо уништен – изјавил Барни низ солзи.

Поради нејзината состојба Даниел завршила во специјална установа за ментално болни, а лекарите верувале дека има некаков облик на аутизам. Барни ја посетува редовно, но таа живее во свој свет.

И понатаму не зборува и најчесто е во инвалидска количка бидејќи не може да оди. Шенон Вилсон, која работи како негувателка во установата, е единствената на која Даниел ѝ дозволува да се доближи до неа, да ја исчешла и да ѝ ја скрати косата. Често ги чеша рацете, но научила да го мести креветот и да ги става валканите алишта во корпата за перење.

- Сака да седи надвор на сонце, на лулашката или на тремот. Само седи и со празен поглед гледа во далечината - изјавила Вилсон, а пишува „Проџект Тамба Беј“ (projects.tampabay).

Членките на НАТО се договорија да ѝ испорачаат 30.000 дронови на Украина

Велика Британија, заедно со другите земји-членки на НАТО, ќе испрати 30.000 беспилотни летала FPV во Украина.

Велика Британија, заедно со другите земји-членки на НАТО, ќе испрати 30.000 беспилотни летала FPV во Украина, откако меѓународната коалиција за беспилотни летала обезбеди договори во вредност од 45 милиони фунти, објави денеска британскиот секретар за одбрана, Џон Хили, заедно со летонскиот министер за одбрана, Андрис Спрудс, на состанокот на Контакт групата одбрана на Украина во американската воздухопловна база Рамштајн.

Коалицијата за беспилотни летала, заеднички предводена од Обединетото Кралство и Летонија, ја поддржува Украина со беспилотни летала способни за надзор и напади, се вели во соопштението.

Финансирањето за новите 30.000 беспилотни летала доаѓа од Велика Британија, Данска, Холандија, Латвија и Шведска, објавено е на веб-страницата на британската влада.

„Овие најсовремени беспилотни летала FPV ќе ѝ помогнат на Украина да се бори против руската агресија, дозволувајќи им на украинските вооружени сили да маневрираат покрај руската противвоздушна одбрана и да гаѓаат непријателски позиции и оклопни возила“, се вели во соопштението.

Дополнителен показател за силата на меѓународната поддршка за напорите на Украина да се спротивстави на руската инвазија е тоа што сојузниците и партнерите, наводно, ветиле повеќе од 190 милиони фунти дополнително финансирање на Меѓународниот фонд за Украина, предводен од Велика Британија.

Хели изјави дека Меѓународниот фонд за Украина сега изнесува над 1,3 милијарди фунти, од кои Обединетото Кралство има придонесено со 500 милиони фунти.

„Жестоката храброст на украинскиот народ продолжува да го инспирира светот, а оваа средба со учество на повеќе од 50 земји испраќа јасна порака до (рускиот претседател Владимир) Путин за непоколебливата поддршка на меѓународната заедница за Украина. Горд сум на раководството на Британија во поддршката на Украина Од водечките коалиции кои испорачуваат од основна опрема заедно со сојузниците, до обука на регрути, ние цврсто стоиме зад Украина против агресијата на Путин“, рече британскиот министер за одбрана.

Тој изјави дека заложбата за обезбедување воена помош од 3 милијарди фунти годишно ќе овозможи одбрана на Украина и е од суштинско значење за заштита на безбедноста на Велика Британија, бидејќи, како што истакна, „одбраната на Британија започнува во Украина“.

Фондот користи финансиски придонеси од меѓународни партнери за брза набавка на приоритетна воена опрема за Украина. Во октомври беа објавени дополнителни 2,26 милијарди фунти, од добивката од запленетите руски средства, се заклучува во соопштението.

Слепо ѝ верувал на навигацијата, па завршил на ски терен- интервенирала и полицијата

Полицијата во Колорадо се нашла во необична ситуација по дојавата дека е забележано паркирано возило на популарната скијачка патека во близина на Кистоун.

Набрзо на местото на настанот пристигнала патрола која ја потврдила вистинитоста на приказната. Ауди е пронајдено на стрмна делница без возач, со порака на прозорецот.

Сопственикот на автомобилот напишал дека ја следел навигацијата и по грешка завршил среде ски-центарот Скулмарм, пренесува UPI.com.

Канцеларијата на шерифот на Фејсбук соопшти дека тој ден не бил примен „рутински прекршок за паркирање“.

Властите повикале шлепер, а Аудито безбедно било отстрането од патот и вратено на сопственикот.

Изненадување од Париз- ПСЖ го зема најдобриот играч на Наполи

Изминативе денови многу се зборуваше за потенцијалниот трансфер на Квица Кварачкелија во Пари Сен Жермен, а се чини дека сѐ е поблиску од кога било до реализација!

Според добро упатениот инсајдер, Фабрицио Романо, преговорите меѓу двата клуба се во полн ек, а сигурно е дека се ќе биде завршено во овој преоден рок.

Сепак, висината на обештетувањето се уште не е договорена, но јасно е дека Наполи не сака така лесно да се откаже од својот најдобар играч.

Се споменува цифрата од 80.000.000 евра, колку ПСЖ наводно ќе плати за Грузиецот, а дополнително во Неапол ќе биде испратен и Милан Шкринијар доколку се постигне договор.

Се појавија и информации дека Квица ги договорил личните услови со Парижаните, и треба да добива годишна плата од 9.000.000 евра, со уште два милиони преку одредени бонуси.

Останува да видиме како ќе се одвива оваа приказна, но доколку сѐ биде договорено, ова несомнено ќе биде бомбастична зделка за парижаните.

притисни ентер