Маск му одговори на Трудо со „девојко“

 Американскиот милијардер Илон Маск му одговори на канадскиот премиер Џастин Трудо, кој на Х претходно напиша дека „нема ни теоретска шанса“ Канада да стане дел од САД.

- Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада, така што не е важно што ќе кажеш, му одговори Маск.

Канадскиот премиер во заминување ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.

- Нема ни теоретска шанса Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери, напиша Трудо на Х.

Трудо претходно оваа недела најави дека ќе поднесе оставка од премиерската функција. Тој објасни дека ќе биде премиер додека не се избере нов лидер на Либералната партија, на датум што допрва треба да го одреди партијата. Тој побара работата на парламентот да се одложи до 24 март за да ѝ се даде време на партијата да најде нов лидер./МИА

Наскоро ќе овозможиме специјализантите да подготвуваат извештај со свое име и презиме

 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека преку „Мој термин“ наскоро ќе се овозможи специјализантите кои специјализираат на нашите универзитети, да имаат пристап да можат да подготват извештај со свое име и презиме.

-Наскоро преку „Мој термин“ ќе овозможиме специјализантите кои што специјализираат во сите наши универзитети на медицинските факултети, да имаат пристап и тие да можат да пдоготват извештај со нивно име и презиме. Очекуваме тоа наскоро да го направиме заедно со Лекарската комора, рече Таравари на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Директорот на Клиника за детски болести Реџеп Мемеди изјави дека на оваа Клиника има дежурни лекари специјализанти кои работат во тим, но напомена дека постои недостиг на кадар.

-На Клиниката за детски болести имаме дежурни лекари 24 часа, кои работат во тим, како во сите други специјални здравствени институции. Недостатокот на кадар постои и на нашата клиника, како и на сите други клиники. Министерството прави напори да се ублажи недостатокот на лекари, со новите вработувања. Во однос на зголемување на бројот на лекари специјалисти на дежурства, тоа е системски проблем кој треба да се решава. Специјализантите се лекари со лиценца и тие се компетенти да лекуваат пациенти, додаде Мемеди.

За прв пат од 2015 година, тројца тинејџери влегоа во ждрепката за главниот турнир на Грен слем

 Тројца тинејџери се квалификуваа за главната ждрепка на Австралија Опен во 2025 година во сингл за мажи.

Станува збор за 18-годишниот Бразилец Жоао Фонсека и 19-годишните Мартин Ландалус од Шпанија и Ленер Тинг од САД.

Според организаторот на Грен слемот, ова е прв пат од 2015 година толку многу млади играчи да се квалификуваат на главниот турнир.

Во 2015 година, четворица млади тенисери влегоа во главната ждрепка на УС Опен: Германецот Александар Зверев, Русинот Андреј Рубљев, Американецот Томи Пол и Швеѓанецот Елиас Имер.

Австралија опен е првиот Грен слем турнир во сезоната. Во 2025 година, мечевите во Мелбурн ќе се одржат од 12 до 26 јануари. з

Генералниот секретар на НАТО од Трамп бара либерализација на одбранбениот сектор

 Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека се обидува да го убеди повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да го олесни пристапот на европските партнери до американски воени системи, пренесува ДПА.

Руте истакна дека европските сојузници веќе вложуваат стотици милијарди долари во американската одбранбена индустрија.

- Многу повеќе би можело да се постигне доколку американскиот одбранбен сектор се либерализира и се отстранат потребите за одобрение од Конгресот, Пентагон и Белата куќа, нагласи Руте.

Тој го истакна интересот на Европа за системите за ракетна одбрана „Патриот“, кои чинат по две милијарди долари. - Ова се значителни средства за САД и нивната економија, додаде Руте.

Во моментов, процесот на набавка на „Патриот“ во Европа трае многу долго, посочи генералниот секретар.

Иницијативата на Руте доаѓа во момент кога се очекува Трамп да изврши дополнителен притисок врз европските сојузници за зголемување на трошоците за одбрана, бидејќи тој долго време ги критикуваше членките на НАТО за недоволно вложување.

Во вторникот, Трамп ги повика сојузниците да постават цел за трошење 5 отсто од БДП за одбрана, што е значително над сегашната цел од 2 отсто.

притисни ентер