Анчелоти: Тешко е да се биде Винисиус, неговата санкција не е исправна

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше на прес-конференција пред полуфиналето во шпанскиот Суперкуп против Мајорка. Натпреварот во Саудиска Арабија е утре, 9 јануари, од 20:00 часот.

-Постојано велам дека е тешко да се биде Винисиус. Санкцијата не е правилна, прокоментира италијанскиот стручњак за суспензијата на Бразилецот од два натпревари поради црвениот картон против Валенсија.

Тој го коментираше и новиот формат на Суперкупот каде има директни пенали по нерешен резултат и без продолженија.

-Малку се промени форматот. Планираме да одиграме добар натпревар. Секој натпревар има свои проблеми и тешкотии. Смирен сум. Тимот одлично приоѓа на ваков тип на натпревари. Нема да имаме проблеми со односот. Нашата динамика е добра, сподели уште Карло Анчелоти./МИА

МВР: Се презмаат мерки против телефонските измами, граѓаните да бидат внимателни

Се презмаат мерки против телефонските измами, граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични податоци.

Министерството за внатрешни работи сооппшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID.

Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите.

- Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска со телефонските измами и утврди дека за манипулација со повици можат да се користат повеќе алатки како што се:

1. VoIP Услуги: Услугите за глас преку интернет протокол (VoIP) овозможуваат корисниците да вршат повици преку интернет. Многу провајдери на VoIP нудат функции како пренасочување на повици, маскирање и рутирање преку виртуелни броеви.

2. Апликација за лажирање: Софтвер и апликации, како “SpoofCard” или слични алатки, овозможуваат корисниците да го изменат Caller ID што се прикажува. Овие алатки се често промовирани за приватни или деловни цели, но може да бидат злоупотребени.

3. PBX Системи (Приватни Разменувачки Мрежи): Бизнисите користат PBX системи за управување со дојдовни и излезни повици. Овие системи можат да пренасочуваат повици преку различни броеви и да го изменат Caller ID за професионални цели.

4. SIM Замена: Се однесува на измамнички техники каде што напаѓачите го пренесуваат бројот на жртвата на друга SIM картичка за да пресретнат повици и пораки, наведуваат од МВР.

Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните да бидат претпазливи при примање на телефонски повици од непознати броеви или од броеви кои се претставуваат како доверливи институции, никогаш да не споделуваа лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон, а доколку се сомневаат дека се жртва на ваква измама, веднаш да го пријават во најблиската полициска станица.

Модриќ поради вирус ќе го пропушти полуфиналето на шпанскиот Суперкуп

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе го пропушти полуфиналето на шпанскиот Суперкуп против Мајорка, објави денес „Кралскиот клуб“.

- Лука Модриќ нема да може да учествува на денешниот натпревар против Мајорка поради вирусна болест. Ќе ги следиме промените“, се вели во соопштението на мадридскиот клуб.

Натпреварот ќе се одигра вечер од 20 часот на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија.

Прв финалист е Барселона која вчера го победи Атлетик Билбао со 2:0. Головите ги постигнаа играчот од средниот ред Гави и напаѓачот Ламин Јамал.

Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека го прочитал извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника во Скопје, и во него е констатирано дека нема лекарска грешка.

-Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник. За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка, рече Таравари на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.

Прашан каде бил проблемот за смртта на седуммесечното бебе, Таравари одговори дека најверојатно бебето е донесено подоцна на Клиниката.

-Можеби болеста си го направила своето, можеби подоцна е донесено детето. Меѓутоа, констатирано е дека нема лекарска грешка, додаде Таравари.

Седуммесечно бебе починало на 16 декември на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предложи Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.

На 11 декември, во вечерните часови, детето повторно било донесено на Клиниката и заради влошената клиничка слика, хоспитализирано е на Одделот за неврологија. Креирани му се упати за повеќе испитувања, а на 13 декември заради натамошно влошување на здравствената состојба, трансферирано на Одделот за интензивна нега и терапија.

Откако во јавноста излезе веста за смртта на бебето, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди рече дека биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој рече дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.

притисни ентер