На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах започна денеска.

Засега нема извештаи за наводно прекршување на примирјето. Израел рече дека ќе нападне доколку Хезболах го прекрши договорот.

Прекинот на огнот бара првична двомесечна пауза во борбите и бара Хезболах да го прекине своето вооружено присуство во јужен Либан и израелските трупи да се вратат на нивната страна од границата. Илјадници дополнителни либански војници и мировници на ОН ќе бидат распоредени на југот на земјата, а меѓународна група предводена од САД ќе го следи почитувањето на договорот.

Портпаролот на израелската војска ги предупреди евакуираните во јужен Либан уште да не се враќаат во своите домови.

Прекинот на огнот започна утринава, еден ден откако Израел го изврши најинтензивниот бран воздушни напади во Бејрут од почетокот на конфликтот, кој во последните недели се претвори во војна од целосен размер. Според локалните власти, најмалку 42 лица загинале во нападите низ целата земја.

Договорот беше обезбеден под покровителство на САД и Франција. Двете земји ќе се приклучат на трипартитниот механизам создаден по војната во 2006 година, кој ги обединува мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ), Израел и Либан.

Договорот не влијае на разорната војна во Газа, каде Хамас се уште држи десетици заложници.

Фон дер Лајен: Европската унија мора брзо да ги зголеми трошоците за одбрана

Шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен денеска нагласи дека Европската унија мора брзо да ги зголеми трошоците за одбрана на ривалските руски нивоа, предупредувајќи дека блокот „нема време за губење“ додека беснее војна на нејзините граници.

„Мораме да бидеме толку амбициозни колку што се сериозни заканите“, рече фон дер Лајен пред Европскиот парламент пред гласањето за потврда за нејзиниот нов тим.

Таа нагласи дека „нешто не е во ред“ кога Русија троши до девет проценти од БДП за одбрана. наспроти 1,9 проценти на ЕУ.

Руска ракета погоди градинка и зграда, најмалку двајца загинати

Најмалку две лица загинаа во руски ракетен напад, кога ракетата погоди станбена зграда и градинка во градот Суми, соопшти воената управа на регионот Суми.

„Руската ракета, која наводно била лансирана на објект за поправка на возила, погодила и блиска повеќекатница и оштетила блиска градинка“, изјави претседателот Володимир Зеленски.

На социјалните мрежи се појавија првите видеа по рускиот ракетен напад врз градот Суми.

Постои сомневање дека едно лице се уште е заробено под урнатините на местото на нападот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнатини по нападот, а службите за итни случаи се на терен./МИА

Дурмиши: Над 600 прехрамбени производи ќе се најдат на новогодишната кошничка

На почетокот на декември ќе се знае кои производи ќе влезат во т.н. новогодишната потрошувачка кошничка, што ја подготвува министерството за економија.

Списокот ќе биде надополнет со нови, сезонски производи при што граѓаните треба да очекуваат . Овој пат се очекува листата на производи со ограничена профитна маржа да биде подолга, односно на неа да се најдат над 600 прехрамбени производи.

притисни ентер