Руска ракета погоди градинка и зграда, најмалку двајца загинати

Најмалку две лица загинаа во руски ракетен напад, кога ракетата погоди станбена зграда и градинка во градот Суми, соопшти воената управа на регионот Суми.

„Руската ракета, која наводно била лансирана на објект за поправка на возила, погодила и блиска повеќекатница и оштетила блиска градинка“, изјави претседателот Володимир Зеленски.

На социјалните мрежи се појавија првите видеа по рускиот ракетен напад врз градот Суми.

Постои сомневање дека едно лице се уште е заробено под урнатините на местото на нападот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнатини по нападот, а службите за итни случаи се на терен./МИА

Реконструирана спортската сала во Електро - машинското училиште во Кавадарци

Реконструирана е спортската сала во Електро - машинското училиште „Киро Спанџов - Брко“ во Кавадарци.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска рече дека спортот е многу важен сегмент, а подобрувањето на севкупните услови за учениците и вработените, придонесува за зголемен интерес за учење во оваа воспитно - образовна установа.

- Останува уште да се изработи комплетен проект за доградба на уште шест училници и реновирање, за што подобри услови и најсовремена опрема. Стручните училишта се подлога за стопанството, но и за идните академски кадри, истакна градоначалникот.

Директорот на училиштето, Душко Лазов нагласи дека бенефитот е пред сѐ за учениците, за реализација на наставните планови и програми.

- Бенефит и за вработените, затоа што прекрасни услови придонесуваат за што поквалитетна настава и за можности за воннаставни активности и тренинзи, рече директорот.

Во името на училиштето, тој изрази благодарност за поддршката до локалната самоуправа и општествено одговорните компании „Дрекслмаер“ и „Кожувчанка“.

Директорот на „Дрекслмаер“, компанија што со донација имала голем удел во реконструкцијата, Томаш Мацура изрази благодарност за соработката и најави дека таа соработка ќе продолжи и во иднина.

Во Битолскиот театар премиера на претставата „Повторното обединување на двете Кореи“

 „Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Поерат, во режија на Јуш Зидар е нов проект НУ Народен театар-Битола чија промоција е закажана за утревечер во овој град.

Младиот словенечки режисер прв пат гостува во Битола, а најчесто работи со театрите во Љубљана, Марибор и Цеље. На сцената Зидар постави провокативна драма што ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.

-На текстот му пристапивме крајно лично. Ние не изведуваме луѓе од високата француска буржоаска класа, тоа не е театар на ликови, туку за разоткривање на човечката несигурност, за потрага по делумни вистини во фрагментиран свет. Претставата е емотивно патување во длабочините на човечката интимност и потрагата по љубовта како вертикала која му дава смисла на краткото време од нашиот земен живот. Тоа е шоу што го остава отворен просторот на надворешната сценска слика да се доврши во имагинацијата на гледачот, посочи режисерот Зидар на денешната прес-конференција.

Во претставата настапуваат актерките Викторија Степановска Јанкуловска и Валентина Грамосли, како и актерите Никола Стефанов и Иван Јерчиќ.

-Сметам дека направивме една нежна, суптилна претстава која на еден ненаметлив начин ја кани публиката да партиципира во создавањето на комплетната слика, доживување и реобмислување на сопствените чувства, стравови, живот...Оваа претстава ја доживувам како светло кое на дискретен начин од под затворена врата, продира од просцениумот кон публиката и која се надевам ќе разбуди силни чувства, истакна Јерчиќ.

„Повторното обединување на двете Кореи“ е петта премиерна претстава на битолскиот театар во 2024 година.

Мирчевски: Апасиев, зарем е можно да си таков правен аналфабет?

Почни да се тужиш самиот себе затоа што глумиш дека си вака правно неписмен, а не е лошо да побараш и професионална помош...нормално, за пишувањето на тужбите, не за нешто друго.

Си поднесол кривична пријава против мене до ОЈО, за наводно мое лажно пријавување а при тоа не си проверил дека пријавата е поднесена од МВР. Но, за твоја информација , не само јас, туку и моите колеги Михајлоски и Димовска, сите ние во период од 40на дена дадовме исказ во МВР во одделот за насилен криминал, поради фактот дека сите нам си ни се заканувал.

Процесот течеше вака: Ние одиме во МВР во станицата „ПролеЌе“ , на надлежните инспектори им покажуваме што си пишувал за нас а тие оценуваат дали има елементарни елементи за кривично дело. Потоа тие бараат од нас искази кои и ги даваме, и потоа МВР ги проследува до ОЈО кој пак треба да ги информира МВР за евентуални дополнителни постапки, и да процени дали има или не кривично дело во твоите пишани текстови. Значи, читај убаво со ширум отворени очи - јас не сум ти поднел пријава до ОЈО, така да сега доколку ти не се извиниш ќе попиеш пријава за ВИСТИНСКО ЛАЖНО ПРИЈАВУВАЊЕ.

Патем , можеш ли да замислиш колку наши колеги и други општествени работници се охрабрени од нас со цел повеќе не молчат пред твоето пишано и вербално насилие, кое некој можеби наскоро би требало да го институционализира? Многу!

За мене ти се еден неверојатен научен егземплар во кој се вкрстуваат имагинарната вокална и текстуална храброст и можните стравови од детството кои се креирани од приказните за призраци.

Нели се срамиш од чинот - приватна кривична тужба против моите колеги и Канал 5 ТВ и мене како застапник, па потоа на првото рочиште сам да си ја повлечеш тужбата према Михајхлоски и Канал 5 ТВ иако јас протестирав пред судијата и се противев и барав да не се повлекуваш?

Зошто не дозволи да продолжи тужбата против Канал 5 ТВ а ја остави само спрема единствената дама, колешката Михаела Димоска? Со овој свој чин знаеш што покажа дека си нели?

За крај да ти објаснам нешто што некој и некогаш требал да ти го каже - и во античкиот но и во денешниот технолошки развиен свет , машкоста не се покажувала со фрлање предмети кон други лица, ниту со артикулирање на пцости и тужење новинарки...Немој ниту да си замислуваш или пак сонуваш дека некој од моите колеги од Канал 5 ТВ ти се плаши ,напротив, за мене овој твој акт зборува за можни други психолошки тајни чии решенија можеби лежат во некои делови од делата на Ерих Фром.

притисни ентер