Дурмиши: Над 600 прехранбени производи ќе се најдат на новогодишната кошничка

На почетокот на декември ќе се знае кои производи ќе влезат во т.н. новогодишната потрошувачка кошничка, што ја подготвува министерството за економија.

Списокот ќе биде надополнет со нови, сезонски производи при што граѓаните треба да очекуваат . Овој пат се очекува листата на производи со ограничена профитна маржа да биде подолга, односно на неа да се најдат над 600 прехранбени производи.

- Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, предвидени се над 600 производи кои ќе ги опфати оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела оти предвидено е некаде во четврток или петок да ја објавиме кошничката, рече Дурмиши, не откривајќи повеќе детали.

„iPhone 17 Pro“ ќе го красат шокантни промени во дизајнот

Според достапните информации, „Apple“ подготвува значаен редизајн за претстојните модели на „iPhone 17 Pro“.

Иако се очекуваше „iPhone 17 Air“ да биде најголемата тема на следната серија на „iPhone“ (поради неговата рекордна тенкост), моделите на „iPhone 17 Pro“ сепак би можеле да го преземат водството, затоа што се чини дека „Apple“ подготвува значителен редизајн.

Според извештаите, „iPhone 17 Pro“ и „Pro Max“ ќе се вратат на користење на алуминиумска рамка, напуштајќи го експериментот со титаниум по само две генерации.

Сепак, тука не завршуваат шокантните информации кога станува збор за дизајнот на новите „iPhone“ модели. Наводно правоаголната испакнатина за камерите на задната страна, ќе биде направена од алуминиум наместо од стакло.

За крај како шокантна се споменува дека горната половина од задната страна на уредот ќе биде изработена од алуминиум, додека долната половина од стакло. Стаклената долна половина ќе му овозможи на „Apple“ да продолжи да поддржува безжично полнење.

Испакнатината на камерата ќе биде поголема од онаа на претходните модели, но тоа не е изненадување бидејќи ова е тренд веќе некое време.

Доколку сите овие информации се остварат, тоа ќе бидат најголемите промени во дизајнот што ги доживеале некои од врвните модели на „iPhone“ на „Apple“ во последните години.

Извор: Б92

Руската рубља падна на најмала вредност од почетокот на војната во Украина

Руската Централна банка го утврди курсот на рубљата на повеќе од 105 рубљи за еден американски долар, што е нејзината најслаба вредност од првите денови на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Падот на рубљата доаѓа во услови на нов бран санкции насочени кон Газпромбанк и зголемени тензии со Западот, како и поради политиката на Кремљ која се чини дека фаворизира послаба валута.

Министерот за финансии, Антон Силуанов, изјави дека девалвацијата е „многу, многу поволна“ за руските извозници. Слабата рубља им овозможува на руските власти поефикасно финансирање на војната во Украина преку намалување на реалните трошоци за оружје и плати на војниците, пишува Москоу Тајмс.

Аналитичарите го поврзуваат падот на рубљата со неодамнешните санкции на САД насочени кон Газпромбанк и уште 50 меѓународно поврзани руски банки, како и со зајакнувањето на доларот по претседателските избори во САД.

На меѓународниот девизен пазар, рубљата падна на 107 во однос на доларот и 113 во однос на еврото. Централната банка го утврди курсот на рубљата на 110.49 во однос на еврото за денеска.

Слабеењето на рубљата ја намалува куповната моќ на руските граѓани, зголемувајќи ги цените на увозните производи.

Поранешниот информатор на ФБИ, Смирнов обвинет и за затајување данок

На Смирнов следната недела требаше да му се суди во Лос Анџелес поради лажните тврдења за Бајден и неговиот син, што републиканците постојано се обидуваа да го искористат во нивните напори да го отповикаат американскиот претседател. 

Поранешниот информатор на ФБИ, Александар Смирнов, кој беше обвинет поради лажни тврдења дека американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот син Хантер добиле мито од пет милиони долари од украинската енергетска компанија Бурисма, сега е осомничен и за затајување данок, објавија денеска американските медиуми.

Новото обвинение поднесено во федералниот суд во Калифорнија го обвинува Смирнов за затајување данок на приходи од повеќе од два милиони долари што ги добил од повеќе извори меѓу 2020 и 2022 година, пишува Еј-Би-Си Њуз.

На Смирнов следната недела требаше да му се суди во Лос Анџелес поради лажните тврдења за Бајден и неговиот син, што републиканците постојано се обидуваа да го искористат во нивните напори да го отповикаат американскиот претседател.

Смирнов се изјасни за невин по обвиненијата, а федералниот судија го одложи судењето за јануари.

Неговиот адвокат, Дејвид Чесноф, рече дека неговиот клиент енергично ќе се бори против најновото обвинение за затајување данок.

притисни ентер