Шокантна глетка е забележана по натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Феенорд одигран на Итихад, кој заврши без победник 3-3 иако домаќините до 75 минута имаа убедлива предност од 3-0.
Менаџерот на Сити, шпански фудбалски стратег Пеп Гвардиола на пресконференцијата по мечот се појави пред новинарите со крвава расекотина на носот и модринки на главата.
На новинарско прашање од каде ги има тие рани, Шпанецот даде шокантен одговор:
„Тука се исеков со ноктот“, ја покажа Пеп својата крвава гребнатинка на лицето.
Сакам да се повредам“, додаде Шпанецот, а потоа стана и ја напушти прес-конференцијата.