Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари„Gibson“запленети во Калифорнија

Според проценките на американските власти, тие гитари би биле во вредност од околу 18 милиони долари доколку се автентични, јавија американските медиуми.

Повеќе од 3.000 фалсификувани електрични гитари „Gibson“ се запленети во Јужна Калифорнија, што се смета за најголема заплена на фалсификувани музички инструменти на најпрометниот терминал за контејнери во Северна Америка, соопшти американската царина.

Според проценките на американските власти, тие гитари би биле во вредност од околу 18 милиони долари доколку се автентични, јавија американските медиуми.

Тие беа запленети на пристаништето Лонг Бич во Лос Анџелес, најголемиот терминал на западниот брег, низ кој во 2023 година помина товар во вредност од околу 292 милијарди долари.

Франција го разгледува прашањето за имунитетот на Нетанјаху согласно Римскиот статут

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го постави прашањето дали некои лидери имаат имунитет според Римскиот статут, врз основа на кој е создаден Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Изјавата на Баро беше одговор на прашање за можноста израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде задржан во Франција согласно налогот за апсење издаден од МКС.

- Франција е посветена на меѓународната правда и ќе го применува меѓународното право, кое ги обврзува да соработуваат со МКС, изјави Баро за телевизијата „Франс инфо“. Сепак, тој додаде дека статутот на Судот предвидува разгледување на прашањата за имунитет на некои лидери.

- Ова е прашање за последната инстанција да се произнесе, објасни францускиот министер за надворешни работи.

Член од Римскиот договор, со кој е основан МКС, го разгледува прашањето за имунитет на лидерите на држави кои не ја признаваат јурисдикцијата на судот, но ова останува отворено за различни толкувања./МИА

Бугарскиот патријарх Даниил изрази сочувство за упокојувањето на митрополитот Тимотеј

Бугарскиот патријарх Даниил изрази сочувство за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевскиот Тимотеј.

Бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Даниил му изрази сочувство на поглаварот на Македонската православна Црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан за упокојувањето на на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, се наведува во соопштението, објавено на веб страницата на Бугарската патријаршија, јави БТА.

- Ваше Блаженство, со болка и тага ја примивме тажната вест за упокојувањето во Господа на мошне вредниот за нашите срца и возљубен брат митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Ќе го паметиме како извонреден епископ и добар пријател на светата Бугарската православна црква, кој годинава ја почести со своето присуство како на опелото на нашиот блажен претходник бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Неофит, како и за мојот избор и устоличувањето на крајот на јуни. Ќе го паметиме по неговата благочестивост и посветеност на делото и мисијата на светата Христова Црква, на која тој го посвети целиот свој живот. Во овие тешки мигови за Вас и за целата Православна црква на Северна Македонија, изразуваме искрено сочувство за привремената разделба со нашиот укопоен брат, се наведува во телеграмата за сочувство на патријархот Даниил.

Во телеграмата се наведува дека упатуваат сесрдни молитви за упокоениот владика Тимотеј.

-Сесрдно го молиме Себлагиот Бог, Кој „не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него сите се живи“ (Лука 20, 38), да го упокои Својот верен слуга, новопреставениот владика Тимотеј, да му го прости, како Благ и Човекољубец, секое волно и неволно прегрешение и да го прими во лоното на праведниците – таму каде што грее светлината на Божјото лице. Господ да го прости и упокои во Своето Царство Високопреосвештениот Дебарско-кичевски митрополит Тимотеј, дарувајќи го му Своето вечно спасение, а нас да нè помилува! Го прегрнуваме Ваше Блаженство со братска љубов во Христа, се наведува во сочувството на патријархот Даниил изразено до архиепископот Стефан.

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот. Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.

САС на МПЦ-ОА завчера соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.

Главчев: Политичките сили да постигнат консензус и да се фокусираат на проблемите на граѓаните

Сите очекуваме политичките сили да постигнат консензус, да формираат мнозинство и редовна влада и да започнат да се занимаваат со проблемите кои ги засегаат бугарските граѓани. 

Ова го изјави техничкиот премиер на Бугарија Димитар Главчев на почетокот на денешната владина седница.

- Денеска е 27 ноември, точно еден месец од последните вонредни парламентарни избори, а сè уште сме на првата седница на Народното собрание, истакна Главчев.

- Да не ги префрлаат проблемите од 'болната глава на здрава', да престанат да се занимаваат со привремената влада и да ги прекинат шпекулациите. Ако се фокусираат на решавање на проблемите на граѓаните, нема да им остане време за шпекулации, додаде привремениот премиер.

Главчев увери дека привремената влада ќе продолжи со својата работа, пренесува БТА.

„Позитивни сигнали за нашата работа дојдоа од далечни места како Сингапур и Виетнам. Таму претседателот изјави дека зад привремената влада не стои политичка волја. Каква подобра оценка може да има за привремена влада?“ рече тој и ги отфрли тврдењата за политички влијанија како шпекулации.

- Фактот што министри се дел од претседателската делегација е потврда за работата на оваа влада, заклучи Главчев. /МИА

притисни ентер