Си поднесол кривична пријава против мене до ОЈО, за наводно мое лажно пријавување а при тоа не си проверил дека пријавата е поднесена од МВР. Но, за твоја информација , не само јас, туку и моите колеги Михајлоски и Димовска, сите ние во период од 40на дена дадовме исказ во МВР во одделот за насилен криминал, поради фактот дека сите нам си ни се заканувал.
Процесот течеше вака: Ние одиме во МВР во станицата „ПролеЌе“ , на надлежните инспектори им покажуваме што си пишувал за нас а тие оценуваат дали има елементарни елементи за кривично дело. Потоа тие бараат од нас искази кои и ги даваме, и потоа МВР ги проследува до ОЈО кој пак треба да ги информира МВР за евентуални дополнителни постапки, и да процени дали има или не кривично дело во твоите пишани текстови. Значи, читај убаво со ширум отворени очи - јас не сум ти поднел пријава до ОЈО, така да сега ти доколку не се извиниш ќе попиеш пријава за ВИСТИНСКО ЛАЖНО ПРИЈАВУВАЊЕ.
Патем , можеш ли да замислиш колку наши колеги и други општествени работници се охрабрени од нас со цел повеќе не молчат пред твоето пишано и вербално насилие, кое некој можеби наскоро би требало да го институционализира? Многу!
За мене ти се еден неверојатен научен егземплар во кој се вкрстуваат имагинарната вокална и текстуална храброст и можните стравови од детството кои се креирани од приказните за призраци.
Нели се срамиш од чинот - приватна кривична тужба против моите колеги и Канал 5 ТВ и мене како застапник, па потоа на првото рочиште сам да си ја повлечеш тужбата према Михајхлоски и Канал 5 ТВ иако јас протестирав пред судијата и се противев и барав да не се повлекуваш?
Зошто не дозволи да продолжи тужбата против Канал 5 ТВ а ја остави само спрема единствената дама, колешката Михаела Димоска? Со овој свој чин знаеш што покажа дека си нели?
За крај да ти објаснам нешто што некој и некогаш требал да ти го каже - и во античкиот но и во денешниот технолошки развиен свет , машкоста не се покажувала со фрлање предмети кон други лица, ниту со артикулирање на пцости и тужење новинарки...Немој ниту да си замислувашили пак сонуваш дека некој од моите колеги од Канал 5 ТВ ти се плаши ,напротив, за мене овој твој акт зборува за можни други психолошки тајни чии решенија можеби лежат во некои делови од делата на Ерих Фром.