Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, ни треба силна и конструктивна опозиција

Коалицијата има двотретинско мнозинство, ова не е коалиција што се бори за својата стабилност. Хармонијата и колегијалниот дух владее во коалицијата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во обраќањето по повод 100 дена Влада повторно нагласи дека владината коалиција е стабилна и дека и покрај различните мислења за одредени прашања, сепак сите коалициони партнери се обединети околу стратешките прашања.

Изминатите 100 дена од работата на Владата ги оцени како успешни и рече дека она што го прави горд и задоволен е тоа што сите оние кои добиле шанса, во најголем дел ја исполниле дадената можност без разлика од која политичка партија доаѓаат.

- Коалицијата има двотретинско мнозинство, ова не е коалиција што се бори за својата стабилност. Хармонијата и колегијалниот дух владее во коалицијата, на моменти нормално е да постојат и различни мислења, но тоа не значи дека не се согласуваме за стратешките прашања, рече Мицкоски.

На опозицијата и порача да биде конструктивна и силна и наместо со обвинувања, да се натпреварува со политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните.

- Има такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ направило премногу отстапки на коалиционите партнери и такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги поништи своите коалициони партнери. Ги слушам сите тие гласови кои доаѓаат од опозицијата од кои едната се обидува да опстане на политичката сцена, а другата преку националистичка реторика се труди да се врати на политичката сцена. Тие мислат дека ако испраќаат такви пораки ќе внесат раздор и недоверба во таа коалиција. Можам да ги разочарам и да им кажам дека не само што не се успешни, туку таквото нивно однесување го зајакнува заеднички дух. Не смееме да се вратиме кон овие политичари кои поминаа децении во македонската политика, а ќе останат запаметени по корупција и многу предавства на сметка на личните интереси. Нема да навлегувам зошто ДУИ во изминатите 21 година не успеа да ги постигне стратешки цели, зошто СДСМ на лага се обидуваше да ја задржи својата власт. Имам да им порачам на двете партии дека имаме потреба од силна и конструктивна опозиција со која ќе се напреваруваме за политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните, рече Мицкоски.

Во однос на забелешките дека процесот на именување на кадри оди бавно, премиерот рече дека не треба да се избрзува и дека понекогаш е подобро да се направи еден вистински чекор, отколку да се направат три чекори па потоа да се враќаме пет чекори назад.

- Не можеме да зборуваме за брзина на именување на кадри затоа што многупати во минатото во јавноста имаше критика дека многу брзо се партизирале институциите, многу брзо се именувале партиски кадри, се менувале професионалци... Апсолутно се сложувам со тоа затоа што не секогаш треба да реагирате многу бргу за да покажете некаква силина и дека се што било претходно, не чинело. Покажавме како Влада дека се што било добро од претходната влада, сме го продолжиле како што беше и случајот со странските инвестиции, рече Мицкоски.

Прв академски час на универзитетитот „св. Кирил и Методиј“

Со индексите в рака бруцошите го направија првиот чекор кон остварување на своите кариерни соништа.

Денеска започна новата академска година низ универзитетите ширум државата, а на платото пред универзитетот св. Кирил и Методиј со доделување на индексите на најдобро рангираните студенти свечено се одбележа првиот академски час. Идните академски граѓани кои ги анкетиравме очекуваат успешни студии, а најголемиот дел од нив велат дека иднината си ја гледаат во државата.

- Иднината ја гледам овде и сакам да студирам во оваа моја држава. Ќе бидам студент на правниот факултет и ќе ми биде мило да бидам овде. ,

- Сметам дека во странство имам повеќе прилики, можеби би останала тука но сега за сега плановите се дефинитивно странство.

- Јас лично би останала тука, затоа што сум носталгична личност и би сакала да придонесам за Македонија и за себе лично така да би останала тука.

Големи желби за успех на бруцошите им посака ректорката на УКИМ Билјана Ангеловска. Пред новите студенти говореше и премиерто Мицкоски и Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која им порача дека учењето е најдобрата инвестиција во животот и дека посакува секој од нив да остане во државата.

-Ви благодарам што го одбравте најдобриот универзитет. Посакувам да почнеме да се качуваме по Шангајската листа, посакувам да ја преиспитаме мрежата на огромниот број студенти, посакувам да ги лоцираме парите во најдобрите универзитети, посакувам да ве заджриме бидејки подобра инвестиција од оние кои се најдобри нема. - Гордана Сиљановска-Давкова – претседателка на Македонија.

-Природно е на почетокот на нешто ново да се измешаат чувствата на возбуда и немир, но запомнете дека секој предизвик со кој се соочувате е можност за раст. Не плашете се да поставувате прашања. Побарајте помош кога ви е потребно. Растот не се случува кога работите се лесни, туку кога се предизвикуваме себе си да бидеме подобри и подобри. - Билјана Ангелова – ректорка на УКИМ.

Но амбицијата на дел од бруцошите и големата прослава за нивниот влез во академскиот свет не ги сокрија поразителните податоци од последното истражување на Центарот за граѓански комуникации, кое покажува дека бројот на студенти во Македонија се намалил за над 7000 или за 12% во последните 10 години, додека постојано се зголемува бројот на наставници и соработници.

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Околу 340 илјади пензионери го добија првиот дел од ветеното линеарно покачување.. 

На сите, без разлика на која група припаѓаат, со денешната септевриска пензија им легнаа плус 2.500 денари, а според најавите од Владата од март следната година, ќе добијат уште плус 2.500..

Пензионерите кои ги анкетиравме се задоволни што има покачување, иако некои сметаат дека поправедно е тоа да се прави процентуално..

„Ако споредам со процентуалното ова е на некој начин задоволувачки, 2 500 не се за потценување...“

„Не е во ред. Сме вложувале повеќе додека сме работеле, сега линеарно, али добро таква е одлуката.“

„На 150 илјади плата ми зимале само за здравство 5000 не сум задоволен ама тоа е тоа.“

„Добро е сигурно, ние имаме добри пензии и не мораше ова. За нас баш не одговора но ако нека се покачат за сите, нека осетат ....“

Од Здружението на пензионери кои минатата година во повеќе наврати излегоа на протести, а токму линеарното покачување на пензиите беше едно од нивните главни барања, денеска во изјава за Канал 5 велат, пензионерите се задоволни, но не застануваат – следен чекор се законски измени за, како што велат достоен живот.

„ Ќе ги добиеме тие 5 000 деанри но не застануваме тука, продолжуваме со поднесен нов закон од наш претседател на иницијативниот одбор..Ќе бараме да биде врзната пензијата минимална со минималната просечна плата од 70 %, а не како до сега 50 % што има. Јас сега со овие 2 500 денари одам во аптека ќе си ги купам лековите што ми требат, а пензијата ќе ја користам за храна, облека..“- изјави Верче Јанчевска – Здружение на пензионери.

Денешната исплата на повисоките пензии ги заокружи и 100 те дена нова Влада, за што премиерот Мицкоски на прес конфренција, рече дека ќе продолжат да работат во насока на подобрување на животниот стандард и повисоки примања за сите.

За ова предизборно ветување на новата власт парите се веќе обезбедени со ребалансот на буџетот. Месечно за зголемените пензии ќе се одвојат околу 14 милиони евра, додека до крајот на годината ова зголемување ќе ја чини државната каса околу 41 милион евра.

Дел од економските аналитичари изминатиов период алармираа дека промената на моделот кон линеарно зголемување, наместо кон закрепнување ќе донесе продлабочување на дупката во фондот за пензиско, која со години се покрива со пари од буџетот.

Филипче: Државата оди во лоша насока, изминатите 100 дена се најлошите што ги имала една Влада

Изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општетво во кое доминира неизвесноста - лидерот на СДСМ Венко Филипче првите сто дена од новата Влада ги оцени како најлоши на било која влада досега. 

Тој на пресконференција обвини дека Владата ја носи државата во погрешна насока, а премиерот Мицкоски ја претворил Македонија во тажна и изолирана периферија на Европа.

- ВМРО-ДПМНЕ за сто дена ја закопа европската иднина на државата и не остави на дното на балканот, ниту понуди јасен пат како напред ниту понуди алтернатива. Мицкоски одлучи еднострано да ги прекине преговорите со Унијата како државата да е негова своина, тој нема мандат ниту право тоа да го прави. // ВМРО ДПМНЕ ветуваше Македонија која ќе биде повторно ваша но добивме Македонија која е повторно само нивна, партизирана , без одговорност, криминализирана и без перспективна,- Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Филипче обвини дека ВМРО-ДПМНЕ јавно зборува за можна дестабилизација на државата до страна на ДУИ, а всушност потајно соработуваат со нив во Собранието. Вели Во овој период пропаднале и сите ветувања за борба против криминалот и корупцијата, одговорност за политичарите и функционерите нема, а вистината била заменета со постојана пропаганда.

Во првите месеци од новата Влада не видовме ниту еден конректен проект или реформа во интерес на граѓаните, смета претседателот на СДСМ.

- За 100 дена нема никаков траг од епскиот криминал кој наводно ќе го докажуваа, наместо докази и постапки во интитуциите, секојдневно имаме пресконрференции на вмро дпмне за линч на опозоциијата. Мицкоски партиската говорница ја претвори во ЈО се враќа времето на најлошата пропаганда со која ќе се унишутваат животите на невидни луѓе. За само сто дена пропаднаа ветуањата за реформите во судството, ветуваа распуштање на советите на јо и судии иако добро знаеа дека тоа не можат и несмеат да го направат. ВМРО ДПМНЕ нема понеудени реална идеја и коцнепт како да ги подобри судството,- Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Филипче се осврна и на состојбите во партијата за којашто рече дека се консолидира како единствена и кредибилна опозиција на актуелната власт. Порача дека нема да се откажат од нивните три главни приоритетите – евроинтеграцијата, добрите меѓуетнички односи и зголмеувањето на платие и пензиите...

притисни ентер