Прв академски час на универзитетитот „св. Кирил и Методиј“

Со индексите в рака бруцошите го направија првиот чекор кон остварување на своите кариерни соништа.

Денеска започна новата академска година низ универзитетите ширум државата, а на платото пред универзитетот св. Кирил и Методиј со доделување на индексите на најдобро рангираните студенти свечено се одбележа првиот академски час. Идните академски граѓани кои ги анкетиравме очекуваат успешни студии, а најголемиот дел од нив велат дека иднината си ја гледаат во државата.

- Иднината ја гледам овде и сакам да студирам во оваа моја држава. Ќе бидам студент на правниот факултет и ќе ми биде мило да бидам овде. ,

- Сметам дека во странство имам повеќе прилики, можеби би останала тука но сега за сега плановите се дефинитивно странство.

- Јас лично би останала тука, затоа што сум носталгична личност и би сакала да придонесам за Македонија и за себе лично така да би останала тука.

Големи желби за успех на бруцошите им посака ректорката на УКИМ Билјана Ангеловска. Пред новите студенти говореше и премиерто Мицкоски и Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која им порача дека учењето е најдобрата инвестиција во животот и дека посакува секој од нив да остане во државата.

-Ви благодарам што го одбравте најдобриот универзитет. Посакувам да почнеме да се качуваме по Шангајската листа, посакувам да ја преиспитаме мрежата на огромниот број студенти, посакувам да ги лоцираме парите во најдобрите универзитети, посакувам да ве заджриме бидејки подобра инвестиција од оние кои се најдобри нема. - Гордана Сиљановска-Давкова – претседателка на Македонија.

-Природно е на почетокот на нешто ново да се измешаат чувствата на возбуда и немир, но запомнете дека секој предизвик со кој се соочувате е можност за раст. Не плашете се да поставувате прашања. Побарајте помош кога ви е потребно. Растот не се случува кога работите се лесни, туку кога се предизвикуваме себе си да бидеме подобри и подобри. - Билјана Ангелова – ректорка на УКИМ.

Но амбицијата на дел од бруцошите и големата прослава за нивниот влез во академскиот свет не ги сокрија поразителните податоци од последното истражување на Центарот за граѓански комуникации, кое покажува дека бројот на студенти во Македонија се намалил за над 7000 или за 12% во последните 10 години, додека постојано се зголемува бројот на наставници и соработници.

АД ЕСМ го поздравува почетокот со работа на терминалот за течен природен гас во Александрополис

АД ЕСМ го поздравува почетокот со комерцијална работа на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александрополис, Република Грција. 

Сепак, сметаме дека е потребно да ја информираме јавноста околу фактичката состојба и инволвираноста на државата во предметниот проект.

Претходната Влада како покровител на потпишаните Меморандуми за ЛНГ терминалот и за гасната електрана Александрополис, влегува без претходна стратегија и разработен бизнис план. Во моментов, согласно достапната документација, АД ЕСМ во проектот Александрополис има закупено само капацитет од 1,8TWh годишно односно 4,95GWh/ден, за период од 15 години. Имено, поранешното раководство на АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба закупило само половичен преносен капацитет за гасната година 2023-2024, но без можност за влез на гасот во Македонија, затоа што интерконективната точка Ќустендил – Жидилово, не била закупена за оваа година. Токму затоа, домашната компанија ќе забележи загуби од околу три милиони евра.

Прво и основно, во земјава сè уште нема гасна инфраструктура. Единствената интерконективна точка од која може да се донесе природен гас во земјава Ќустендил- Жидилово, Република Бугарија, е со ограничен расположлив капацитет од околу 5,1 GWh дневно, и притоа е изложен на огромна конкуренција. Од друга страна, интерконекторот Грција-Македонија сè уште не е изграден, како ни дистрибутивната мрежа во границите на Македонија.

Според фактите и моменталниот статус на проектот и информациите со кои располага ЕСМ, би сакале да ја информираме јавноста дека НОМАГАС сè уште нема стекнато 10% учество во сопственоста на ЛНГ терминалот Александрополис, ниту пак АД ЕСМ има сопственост од 25% во тамошната гасна централа, како што пренесуваат дел од медиумите.

АД ЕСМ

Мицкоски попладнево меѓу пензионерите во Гази Баба: За 100 дена ги покачивме пензиите

„Навистина чувството е би рекол прекрасно колку во суштина ова покажува дека нашиот народ е скромен, нашиот народ е благодарен, нашиот народ е работлив, вреден и колку малку треба за човек да биде среќен. “

„Навистина чувството е би рекол прекрасно колку во суштина ова покажува дека нашиот народ е скромен, нашиот народ е благодарен, нашиот народ е работлив, вреден и колку малку треба за човек да биде среќен. Јас сум благодарен што можам да го видам тоа денес на вашите лица и тоа за нас преставува инспирација да продолжиме да работиме уште понапорно за во периодот кој што следи да овозможиме уште поголеми пензии, да овозможиме уште поголема перспектива за вашите внуци, синови, ќерки да ги гледате вашите внучиња тука во Македонија затоа што нема поголема мака од тоа кога мајка, баба, се дели од своето чедо кое што поради бесперспективност, разочарување ја напушта својата држава, својата татковина, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната средба со пензионерите во Општина Гази Баба.

Ова денеска што се случува претставува навистина една потврда дека на овој мирољубив народ малку му треба да биде среќен, а нашата желба и нашата среќа е кога ве гледаме вас среќни. Ве молам вака да ве гледаме цело време, им се обрати премиерот на пензионерите.“

Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека Владата продолжува да работи посветено за сите граѓани

„Продолжуваме и понатаму, тоа беше едно обично само предизборно ветување; многумина не прашуваа од каде ќе најдете пари, како ќе најдете пари- успеавме да најдеме пари, а пари најдовме на начин на којшто ние не сакавме да ги крадеме граѓаните, не сакавме да ве крадеме вас туку сакавме да работиме чесно, достоинствено и на тој начин да имаме поголем прилив во буџетот и со тој поголем прилив во буџетот да овозможиме вие да уживате во тоа што сте го заслужиле работејќи макотрпно целиот ваш работен век. И зашто требаше да поминат 100 дена? Затоа што овие 100 дена кога го правевме планот беа претпоставени дека ќе бидат доволни да можеме да акумулираме доволно заштеда да овозможиме да имаме најпрвин половина од онаа сума којашто ја ветивме, а потоа за уште 6 месеци со новиот буџет и втората половина што во рок од 9 месеци не од година го испорачаме тоа ветување коешто сме го дале“, рече тој.

Мицкоски потсети и што наследиле од претходната власт потенцирајќи дека тоа што го ветиле сакале да го испорачаат. И полека но сигурно, со многу трпение, со многу мудрост, ум и стратегија тоа да го реализира.

„Состојбата беше многу сложена, многу тешка, првиот ден кога дојдовме на работа, 24ти Јуни, сметката на владата беше – 200 милиони евра. Ниту една не затекнала такво цунами како што оваа Влада затекнала. Работевме многу, макотрпно, чесно и можам да кажам дека полека но сигурно приходите во буџетот се зголемуваат затоа што веќе народот никој не го краде, никој нема право да го краде, туку треба да работи за народот, да биде слуга на народот. УЈП ги зголемуваше своите приходи, Царината ги зголемуваше своите приходи, и на тој начин има повеќе за вас, повеќе за граѓаните. Тоа е она за коешто се заветивме како Влада и тоа е она што ќе го работиме. Но има и други работи коишто ги направивме, коишто вие можеби во меѓувреме не ги гледавте и не сакавме многу да зборуваме. Повеќе да работиме, помалку да зборуваме“, истакна Премиерот.

„Пред да се направи ребалансот на буџетот во кој што беа предвидени овие зголемувања и покачувања на пензиите, тој кажа дека претходната Влада заборавила во првата верзија од буџетот кој што беше тековен да предвиди ни повеќе ни помалку 5 милијарди денари. Тоа е 80 милиони евра за тековните, и не станува збор за покачените, за тековните недостасувале 5 милијарди денари. Така што со ребалансот не само што ги обезбедиле овие зголемувања коишто се мали , недоволно, но доволно за човек денеска да се почувствува малку горд.

Ги обезбедивме и оние 5 милијарди да исплата на досегашните висини на пензиите. Понатаму, не сакам да заборавите и една друга работа која со министерот за здравство ја промовиравме а тоа е дека после една деценија вклучивме нови 9 генерички лекови на позитивната листа, листа на којашто вие нема да плаќате партиципација ќе ви бидат бесплатни. Со тоа се заштедуваат милиони, милиони пари од граѓаните“, истакна Мицкоски.

Премиерот кажа дека се продолжува со надградба на ова листа и понатаму се продолжува да се штеди за граѓаните. Граѓаните коишто ги користат тие лекови ќе бидат со помали трошоци, со поголема заштеда и ќе може да добиваат лекови со поголем квалитет.

„Понатаму исто сакам да кажам дека успеавме со мерките коишто ги воведовме, за прв пат после две години инфлацијата да ја спуштиме на ниво за 2, 2 % , најниска во август во регионот и најниска во Европа. Не напаѓаа, платите не растеле. Видовте државниот завод за статистика во месец Јули излезе со податоци дека не само што растат платите туку дека растат споредбено со минатите години но тога цените и инфлацијата беа 25 % сега се само 2,2%. И тоа не е доволно, ќе биде уште пониско со новите мерки помалку трошоци, повеќе за вас“, потенцира Премиерот.

Тој кажа дека сето тоа што го работеле во изминатиот период, целта била само да се направиме нешто повеќе за граѓаните. За граѓаните истакна тој затоа што тие ја дале довербата на 8ми Мај, за да речиси за 5 месеци најмалку што може да се направи, и тоа што е ветено е и испорачано.

„За овие 100 дена некој ќе ми го постави прашањето: Дали сте задоволни? Секогаш може повеќе. Но, сум задоволен. Задоволен сум затоа што го оставивме срцето на терен, затоа што се боревме храбро, затоа што работевме чесно, вредно и макотрпно и затоа што во првите 100 дена најголем број од големите ветувања ние ги испорачавме, Во месеците и годините коишто следат имаме многу позитивни изненадувања, уште многу ваков тип на испораки, уште многу насмеани лица бидејќи тука ќе завршам како и што започнав, вашата насмевка е наша инспирација. Вашата насмевка е наша награда за сето тоа што го правевме досега, а јас ве уверувам и ви давам збор дека ќе продолжиме истото да го правиме за вас бидејќи вие тоа го заслужувате. Да сте ми живи и здрави, Бог да ни ја благослови Македонија и да се гледаме за убави работи“, заклучи Премиерот, соопштуваат од Владата.

Израел почна „ограничени и насочени“ копнени операции против Хезболах во Либан

Израел почна ограничена копнена инвазија во јужен Либан, Хезболах возврати со ракети кон Тел Авив.. 

Израел започна и копнена офанзива врз Либан – властите од Тел Авив уверуваат дека станува збор за лимитиран и насочен напад да се спречи oперацијата „Освујување на Галилеја“ планирана од милитантната група Хезболах, која треба да има сличен стил на онаа од Хамас од лани на 7ми октовмри, тврди портпаролот на израелската војска Даниел Хагари. Како што вели, селата во јужен Либан се претворени во упоришта на Хезболах и ги повика цивилите да си заминат од 30 населени места

„Хезболах отворено изјави дека планира да спроведе свој „7-ми октомври“ масакр на северната граница на Израел, но во уште поголеми размери. Тие го нарекоа овој план „Освојување на Галилеја“. Со години Хезболах планираше да направи во северен Израел тоа што Хамас го направи во јужен Израел на 7ми октомври. Да упадне во Израел, да се инфилтрира во цивилните заедници и да масакрира недолжни цивили.“

Во меѓувреме повторно во Тел Авив одекнаа сирените за тревога, Хезболах истрела нов проектил со висок дострел кон престолнината на Израел, но „железната купола“ и натаму останува непробојна, нема жртви, ниту штета. Во меѓувреме во северен Либан и натаму одекнуваат екплозии

Премиерот на Израел – Бенјамин Нетанјаху по неколкуте пораки до граѓаните на Либан дека оваа војна не се води против нив, денеска им се обрати и на граѓантие на Иран, велејќи дека нема место каде Израел нема да стигне да си ја брани државата и народот.

„Не постои место на Блискиот Исток каде Израел не може да достигне, не постои место каде нема да одиме за да ги заштитиме нашите граѓани и да ја заштитиме нашата земја. Со секој поминат момент, режимот ве носи, вас чесни персијци, поблиску до бездна.“

Во меѓувреме, со засилувањето на израелските напади кон противниците, расте и загриженоста кај нивните западни сојузници од потенцијалнaта сеопфатна војна која може да го зафати регионот.

Франција веќе го испрати носачот на хеликоптери „Диксмуд“ на источниот медитеран за евакуација на своите граѓани доколку дојде до пожестоки судири, а итна деескалација побара и италијанската премиерка Мелони.

притисни ентер