Фото: Девојката на Леонардо ди Каприо во мини фустан привлече внимание во Париз

Виторија Серети, девојката на Леонардо ди Каприо, ги привлече погледите на модната недела во Париз.

26-годишната манекенка дојде во мини розов фустан, кој го искомбинира со црн кожен мантил, чизми и чанта. Таа присуствуваше на модни ревии во Париз во друштво на Никол Кидман и други познати дами.

Ди Каприо не дојде со Виторија

49-годишниот актер никаде го немаше. Ди Каприо, всушност, се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Ди Каприо бил омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, Вог го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.

Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Ди Каприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50-от роденден.

Последен пат беше фотографиран во јавност пред една недела. Фотографите го фатија додека шеташе по улиците на Милано. Се криел под маска за лице и капа што ја повлекол преку лицето за да не се види. Конечно, папараците го фотографираа со семејството и пријателите на ручек во познатиот ресторан „Il Salumaio“. Во ресторанот ја извадил маската, но ставил очила за сонце.

Виторија претходно носеше ревии за познати брендови

Инаку, Виторија е успешен модел. Таа носеше ревии за брендовите Chloe, Paco Rabanne, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Alexander Wang, Versace, Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani, Prada, Marc Jacobs, Michael Kors, Bottega Veneta, Tom Ford и Tommy Hilfiger.

Во 2020 година, таа се омажи за Матео Милери, италијански диџеј. Не е познато дека парот се развел, а манекенката се уште има заеднички фотографии со сопругот на Инстаграм, па многумина се прашуваат дали Ди Каприо е причината поради која нивниот брак дојде до крајот.

Извор: Индекс.хр

Филипче: СДСМ се консолидира како силна опозиција

 СДСМ забрзано се консолидира после последните избори, имаме предизвици, но немаме дилеми за правецот во кој што се движи партијата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Во своето обраќање, Филипче посочи дека СДСМ ќе биде конструктивна опозиција и ќе ги поддржи политиките кои се во интерес на граѓаните.

„СДСМ е единствената кредибилна и силна опозиција на актуелната власт. СДСМ имаше грешки во минатото. Ние сме свесни за нив, отворено зборуваме за нив и се трудиме да учиме од нив. Но, СДСМ никогаш не направи грешка во однос на стратешките интереси на оваа држава како што е тоа случај со актуелната власт. СДСМ е подготвенa директно да се соочи со изневерените очекувања, изговорите и разочарувањата од власта после првите 100 дена од нивното владеење. СДСМ директно и без калкулации и со сите демократски методи кои ни се на располагање ќе се спротивстави на сите погрешни политики “, рече Филипче.

На прес-конфренцијата, Филипче нагласи дека за СДСМ политиките за евроинтеграација, повисоки плати, пензии, социјална заштита и добрите меѓуетнички одоси остануваат столб на дејствување на партијата.

„Нема да дозволиме Мицкоски да ја претвори Македонија од држава во првата лига на држави кои напредуваат кон ЕУ во тажна и изолирана периферија на Европа. Нема да дозволиме системот на постојан раст на минималната плата, на просечната плата и на пензиите да се претвори во политика на продуцирање на нова сиромаштија, нов бран на иселување и на евтина работна сила. Нема да дозволиме она што го направивме како систем за раст на платите и пензиите да се претвори во политичка алатка на Мицкоски за уценување на работниците и пензионерите“, рече Филипче, и додаде дека СДСМ се залага за Македонија како држава на слободни граѓани, со пријатели во регионот, во Европа и во светот, држава во која ќе се врати довербата во подобра иднина.

Марк Руте официјално ја презеде должноста генерален секретар на НАТО

Драг Марк, те молам да го примиш овој посебен чекан и да те поканам да седнеш на претседавачкото место на Северноатлантскиот совет.

Со предавање на симболот на моќта, во случајот дрвен викиншки чекан, дониран од Исланд далечната 1963 година, Јенс Столтенберг и официјално ја предаде челната функција во НАТО на поранешниот холандски премиер Марк Руте. Столтенберг кој минатата декада беше на чело на Алијансата не штедеше пофалби за неговиот наследник, но му порача и дека пред него се низа на предизвици со кои мора да се соочи, а пред се на војната во Украина.

-Покажа дека не правиш комрпомиси со нашите основни вредности и принципи. Го видовме тоа со твојата лична заложба за нашата транс-атлантска врска и твојата непоколеблива поддршка за Украина. Сега е време да си заминам, а ти да го почнеш твојот мандат како Генерален - Секретар на НАТО,- - Јенс Столтенберг – Поранешен генерален секретар на НАТО .

Руте кој на фунцкијата доаѓа во турбулентен период за глобалната безбедност, на својата прва прес-конференција откако ја презема функцијата ги претстави главните приорити, меѓу нив очекувано е поддршка за Украина, зајакнување на капацитетите и финансирањето на НАТО. Порача дека заканите со кои се соочува Алијансата стануваат се по глобални и токму затоа потребно е да се градат нови сојузи и партнерства со држави кои ги споделуваат истите вредности.

-Имам три приоритети: Да се осигураме дека имаме способности да се заштитиме од каква било закана, поддршка за Украина во борбата против руската агресија и адресирање на растечките глобални предизвици за евроатлантската безбедност. Поддршката за Украина е вистинската работа. А тоа е и инвестиција во нашата сопствена безбедност. Затоа што независна и демократска Украина е од витално значење за мирот и стабилноста во Европа,- - Марк Руте – Генерален секретар на НАТО.

Назначувањето на новиот генерален секретар на НАТО, со внимание го следеше и официјална Москва. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков испрати порака дека Руте е е добро познат на Русија, истакнувајќи дека како премиер на Холандија тој зазел напријателски однос кон нив.

Руте инаку, во наредниот период треба да предложи и негов заменик, а меѓу имињата кои се споменуваа во Брисел е и тоа на поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска. Информацијата за тоа ја соопшти реномираниот Политико повикувајќи се на дипломати во НАТО. Според текстот објавен на средината на август, постои генерален консензус меѓу сојузниците дека изборот ќе биде личност од источното крило на НАТО, а во трката покрај Шеќеринска е и доскорешната шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел.

Тревога во северниот дел на Израел во близина на границата со Либан

Сирени за тревога попладнево повторно се активираа во близина на северната граница со Либан, предупредувајќи на ракетен напад.

Претходно денеска беа истрелани околу 30 ракети од Либан кон истата област.

Израелската армија денеска нареди и евакуација на речиси дваесет погранични населби./МИА

притисни ентер