Фонсека: За да го победиме Баер треба да бидеме совршени во одбраната

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека ги сподели своите очекувања за натпреварот од 2. коло од генералната фаза на Лигата на шампионите против Баер.

- Ќе биде слично како на натпреварот против Ливерпул. Треба да бидеме уште посилни во одбраната и тимот веќе се подобри во овој сегмент. Ова е добар тест за нашите способности. За да победите тим како Баер Леверкузен, треба да бидете совршени во одбраната. На натпреварот со Ливерпул во одбраната направивме многу грешки, но понекогаш не бевме доволно прецизни во нападот. Изгледавме добро на последните натпревари од Серија А, но ова е сосема поинаку во споредба со Лигата на шампионите. Ги слушнав зборовите на Чаби Алонсо и не би сакал да бидеме тим кој игра дефанзивно и се потпира на контранапади. Ние не сме такви и не сакаме да бидеме такви, изјави Фонсека за клупскиот сајт на Милан.

Натпреварот Баер Леверкузен - Милан ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.

Русија нема доволно војници- Путин потпиша закон со кој криминалците се ослободуваат од вина

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој осудениците кои служат војска се ослободуваат од кривична одговорност, пренесува РИА.

Законот ги дополнува одредбите од Кривичниот законик и Законот за кривична постапка на Русија, а особено предвидува дека обвинетите кои служат воена служба за време на мобилизација или кои склучиле договор за воена служба се ослободуваат од кривична одговорност.

Се очекува сличен правен механизам да се прошири и на осудените лица за кои пресудата е изречена, а не стапила во сила, пренесува РИА.

Русија има се повеќе проблеми да регрутира нови војници без да ја објави мобилизацијата бидејќи Кремљ стравува од пад на популарноста на претседателот Путин.

Здравко Чолиќ испратил камион со вода за луѓето погодени во поплавите во БиХ

Здравко Чолиќ испрати камион со вода за настраданите во поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина и ги повика сите на солидарност.

Дел од донацијата е веќе пристигната, пишува Klix.ba.

Да потсетиме, по трагичната вест, бројни јавни личности од БиХ излегоа да споделат апели за помош и да го кажат својот став за состојбата на инфраструктурата и владата.

Меѓу оние кои се огласија беа босанскиот кандидат за 97. Оскар Данис Тановиќ, режисерот Срѓан Вулетиќ, актерката Надин Мичиќ, пејачките Илма Карахмет и Џејла Рамовиќ, раперот Јала Брат, модниот дизајнер Марко Фехер, како и инфлуенсерите како Роберт Дачешин, Мирза Мустафагиќ. и Хане Хаџиавдагиќ.

Да потсетиме, обилните дождови кои во текот на ноќта зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикаа смртоносни поплави во повеќе градови.

Само на подрачјето на Јабланица во поплавите и свлечиштата што синоќа ја погодија БиХ загинаа 16 лица, додека во Фојница се удавија две лица, со што вкупниот број на загинати се искачи на 18, а се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема. .

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.

Ѓорчев: Мора да работиме дома, мора да имаме ефикасна влада

„Идеално никаде не постои, погледнете ги проблемите Германија со економијата и во Канада со инфлацијата“

Бугарија има политика која трае години наназад, одат во седми избори, но се единствени. Ние не сме единствени. Ние имаме политичари кои што избриша под со Македонските позиции, тие не беа позиции на ВМРО-ДПМНЕ туку на Македонскиот народ. Растени сме со поезијата на Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски. Штетата која што му е направена на народот долго време ќе треба да се исправи. Во ЕУ никој не може да ни гарантира, а и во самата Унија има слаби страни. Поради структурните прашања во ЕУ нема цврста одлука дека Западен Балкан ќе се интегрира. И во самата Бугарија неколкуте изборни циклуси не дозволуваат преговарање, за преговори треба да имате стабилна страна. Не може ние да дадеме и од друга страна да не знаеме што не' чека. Ако немаме одлука за приближување кон ЕУ, животот оди понатаму. Имаме економија, инвестиции, здравство, образование со кои треба да се носиме. Има низа Европски земји, кои не се членки на ЕУ а се супер средени, рече Влатко Ѓорчев во Само Вистина.

притисни ентер