Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес

 Аргентиснкиот фудбалски волшебник Диего Армандо Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес, кој ќе привлече голем број на туристи. 

Децата на еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, легендарниот Диего Марадона го најавија отворањето на Фондацијата Марадона за да го почитуваат наследството на аргентинскиот фудбалски идол и открија некои карактеристики на идниот споменик во центарот на Буенос Аирес, кој се очекува да има милион посетители годишно.

-Сакаме нашиот татко да биде блиску до љубовта на луѓето и да им ја исполни желбата на сите што сакаат да му донесат цвеќе“, објасни неговата ќерка Далма зборувајќи за спомен-обележјето.

Споменикот наречен M10 Memorial, кој треба да биде отворен во 2025 година, ќе се наоѓа на шеталиштето во срцето на главниот град, во туристичката област на старото пристаниште Пуерто Мадеро. Со покриена површина од 1.000 квадратни метри, споменикот ќе биде домаќин на еден милион посетители годишно, според „m10memorial.com“.

Аргентинците ќе имаат бесплатен пристап до споменикот, но можат да дадат донација на Фондацијата што ќе им овозможи да ја стават нивната фотографија на „ѕидот на наследството“ кај споменикот. Фондацијата ќе ги собере Далма, Џанина, Диего Јуниор, Јана и Диего Фернандо, децата на Диего Марадона, од три различни врски.

Славниот фудбалер инаку почина во ноември 2020 година.

На почетокот на октомври, судството го одобри префрлањето на телото на Марадона на овој иден споменик, за да им се олесни оддавањето почит на Аргентинците и туристите на „најголемиот идол на Аргентина“.

Марадона, кој почива на гробиштата во Бела Виста, предградие на Буенос Аирес, почина во ноември 2020 година на 60-годишна возраст од срцева слабост во болницата во Тигре, каде што се опоравуваше од неврохирургија поради хематом на главата.

Буџетот за 2025 година оди во Собрание

Рекордниот предлог буџет за 2025 година тежок 6,5 милијарди евра денеска ќе биде доставен до Собранието. 

Со него предвидено е зголемување од 57 милиони евра за плати, 32,5 милиони евра за дотации и над 84 милиони евра за фондот за здравство. Колку средства ќе бидат предвидени за раст на минималецот како што веќе подолг период бараат синдикатите, министерката за финансии Гордана Димитриевска – Кочоска најави дека ќе се знае по седницата на социо-економскиот совет закажана за впеток. Согласно законот, со мартовското усогласување на минималецот тој ќе изнесува 24.400 денари. За зголемување на пензиите се предвидени над 270 милиони евра, со што пензиите во март ќе линеарно ќе се зголемат за 2500 денари.

- Има бафер од 2 милијарди денари во буџетот во фукции на држава, средства кои што ќе можеме да ги спуштиме откако ќе знаеме што е постигнато и договорено на социо-економскиот совет кој што го предводи министерот за економија. Во однос на пензиите планирани се 15 милијарди денари зголемување на ставката на пензии и уште 2 милијарди денари зголемување кон фондот за здравствено осигурување под одој основ.

Министерката Кочоска потенциташе дека за економскиот раст во земјата клучни се капиталните инвестиции, за кои се предвидени околу 800 милиони евра кои ќе се одлеат за изградба на коридорите 8 и 10, реконстукрција на казнено поправни установи, изградба на нови училишта и спортски сали, реконструкција на студентски домови, во земјоделието..Амбициозниот економски раст од 3,7% предвиден со новиот буџет Кочоска го оправдува со како што кажа реална и транспарентна реалицација на овие проекти, што според неа не било пракса изминатите години.

- Кога ќе ги соберете математиките ќе видите дека ние реално во годините не сме инвестирале повеќе од 15 милијарди денари зборувам за реални инвестиции и затоа граѓаните потоа прашуваат што е тоа што можеме да го видиме со голо око, а имаме толкава реализација на капитални инвестиции? За споредба веќе 2025 година такви работи нема, транфери за есм нема, трансфери за јавни претрпијатија се предвидени но во многу помал износ или се пренасочени на други ставки а не да ги билдаме капиталните.

Дополнително со новиот буџет е предидена инфлација од 2,2%, а буџетскиот дефицит е проектиран на 4% или 680 милиони евра. Кочоска кажа и дека оваа година имало големи барања од страна на министерствата кои доколку биле прифатени во целост дефицитот би изнесувал 13,5% или 2 милијарди евра..

За еден отсто зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – септември 2024 година е за еден отсто повисок во однос на истиот период лани.

Во септември 2024 година во однос на септември 2023 година е намален за 2,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи пораст од 4,6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,0 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,6 %, Капитални производи за 6,1 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 %.

Најмалку деветмина загинати во експлозија на бомба во Пакистан

Најмалку девет лица загинаа денеска, меѓу кои пет деца, кога моќна бомба прикачена на мотоцикл експлодирала во близина на полициско возило во југозападен Пакистан, соопштија официјални лица.

Началникот на локалната полиција Фатех Мохамад изјави дека нападот, во кој беа повредени 17 други луѓе, се случил во областа Мастунг во провинцијата Белучистан.

Тој појасни дека во близина на експлозијата имало возило со ученици, при што загинале пет деца, а загинал и еден припадник на полицијата./МИА

притисни ентер