Македонија добива трет мобилен оператор

Унгарската телекомуникациска компанија „4иГ“ формираше своја фирма во земјава со што ја почна постапката да стане трет мобилен оператор, соопшти компанијата. 

Регистрацијата на фирмата „Оne Macedonia Telecommunication“ е завршена, а целта, како што велат од унгарската компанија, е да влезе што поскоро на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Веќе се започнати консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело и избрани се локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација на стратегијата на групацијата во земјата.

„Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ‘Оне Македонија Телекомуникејшн‘ е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Северна Македонија“, вели Тамаш Табори, извршен директор на „Оне Македонија Телекомуникејшн и заменик-извршен директор одговорен за телекомуникациска стратегија во „4иГ“.

Од Групацијата велат дека ја имаат поддршката од македонската Влада, којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата.

Владата на 4 август соопшти дека „4иГ“ е заинтересирана да влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и доставила писмо со намери. Премиертот Христијан Мицскоски подоцна изјави дека за избор на трет мобилен оператор ќе има јавен повик, но не прецизираше кога ќе се објави.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски неколкупати во своите изјави кажа дека Владата ќе воведе трет мобилен оператор за да се укине монополот што сега го имаат „Телеком“ и „А1 Македонија“. Тој на 1 август објави дека во рамките на официјалната посетна на Унгарија се сретнал со претедателот на „4иГ“ Групацијата Гелерт Jaсаи.

Деловниот опсег на „Оне Македонија Телекомуникејшн“ опфаќа мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги.

На Марс можеби постои живот- научниците на НАСА мислат дека знаат каде се крие

Доказите за живот на Марс никогаш досега не биле пронајдени.

Сепак, можно е микробите да пронашле дом под замрзнатата вода на површината на Црвената планета, покажа најновото истражување на научниците на американската вселенска агенција НАСА.

Користејќи компјутерско моделирање, авторите на студијата покажале дека количината на сончева светлина што се пробива низ мразот би била доволна за да се случи фотосинтеза во базените со стопена вода под мразот, се вели во соопштението на НАСА.

Слични езерца со вода под мразот се откриени на Земјата, а многу од нив се населени со алги, габи и микроскопски цијанобактерии.

- Ако се обидуваме да најдеме живот некаде во вселената, мразот на Марс е едно од најпристапните места за гледање - изјави Адитја Калер, главен автор на студијата и научник во Лабораторијата за млазен погон на НАСА.

Марс има два вида мраз - замрзната вода и замрзнат јаглерод диоксид. Во студијата, објавена во Nature Communications Earth & Environment, Калер и неговите колеги ја истражувале замрзнатата вода. Големи количини од неа се формирани од снег кој се измешал со прашина и паднал на површината за време на серија ледени доба на Марс во последните неколку милиони години. Тој древен снег се претворил во мраз со многу зрна прашина.

Иако прашината може да го спречи продирањето на светлината во подлабоките слоеви на мраз, таа е клучот за објаснување на формирањето на водени езерца под површината, благодарение на сончевите зраци. Темните честички од прашина апсорбираат повеќе сончева светлина од околниот мраз, што може да доведе до загревање и топење неколку сантиметри под површината.

Во зависност од процентот на прав што го содржи мразот, зоната во која би можел да преживее би се протегала од 5 до 38 сантиметри во длабочина, а ако мразот е почист, би можел да биде на длабочина од 2,15 до 3,10 метри.

Научниците се поделени околу тоа дали мразот навистина може да се стопи на површината на Црвената планета. На Земјата, се случува под мразот да се формираат езерца со вода и во нив да напредуваат едноставни форми на живот.

Димовски:Да бидеме паметни заедно. Небиу:Етничките теми да не се користат за дневна политика.

Илија Димовски и Бесим Небиу гости во Само Вистина.

Димовски:

Дајте да се занимаваме со релани проблематики, реална проблематика е дека Албанците се чувствуваат помалку претставени во МАНУ и тоа е легитимна дискусија. Треба да бидеме паметни заедно. На ова треба да гледаме дека еве не' разбудиле, не е страшно да се отвораат теми, страшно е да се правиме наудрени. Владата е на самиот почеток, има други теми на нејзината агенда, реформи и економија, ќе се најде начин како да се изменаџира.

Небиу:

Етничките теми и етничката поларизација да не се користат за дневна политика и за градење рејтин пред и по и изборите. Укинувањето на балансерот не доведува директно до меритократија, туку балансира меѓу етничките припадности кои доаѓаат од партиските заводи за вработување. За да се дојде до меритократија ќе треба да се прекине начинот на кој што се регрутираат луѓето за вработување во јавната администрација, а не балансерот кој што ги балансира бројките.

Погледнете ја вечерашната емисија „Само вистина“:

Се запали хотел на Блед: Три лица се повредени , евакуирани 160 гости

Во велнес центарот „Жива“ во рамките на хотелот „Рикли Баланс“ во Блед избувнал пожар, при што сите гости на хотелот биле евакуирани, а три лица претрпеле вдишување чад и на лице место им била укажана лекарска помош.

Како што јави порталот 24УР, пожарот избувнал околу 01:30 часот ноќеска, евакуирани се 160 лица, а целата област е обезбедена, а на пожарникарите им биле потребни неколку часа за да го изгаснат пожарот.

Полицијата им наредила на жителите на околните куќи да ги затворат прозорците поради чадот и пожарот.

Првите резултати од истрагата покажаа дека пожарот избувнал во сауните, а портпаролот на полициската управа во Крањ, Роланд Брајиќ изјави дека истрагата ќе ја покаже точната причина.

Се наведува дека целосно е уништен велнес центарот, како и дел од комплексот базени во склоп на хотелот.

притисни ентер