Се отвори дупка среде улица и „проголта“ 5- годишно дете, го спаси храбрата мајка (ВИДЕО)

На мрежите кружи клип од Букурешт, снимен на 9 октомври, каде среде бел ден се отвори дупка и за малку ќе предизвикаше трагедија.

Се гледа моментот кога една жена излегува од автомобилот за да го однесе синот во блиската градинка. Одеднаш, земјата под нејзините стапала се урива.

Дупката го „проголта“ малото момче кое во тој момент излегло на улица, како и дел од камионот за ѓубре.

Вознемирената жена веднаш скокнала во кратерот за да го спаси детето, а случајните минувачи ѝ помогнале, пишува Daily Mail.

Момчето е извлечено на безбедно, а локалните медиуми јавуваат дека не било тешко повредено. Полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот.

По немилиот настан покрената е истрага.

Првичните извештаи сугерираат дека ерозијата на почвата била предизвикана од канализациони цевки, во комбинација со тежината на автомобилот и комуналните возила.

Жена виси од 16- кат на зграда, се лизнала додека миела прозорци (ВИДЕО)

Драмата се одвивала на почетокот на неделата, а снимката ја снимил еден од жителите на бразилскиот град Гуаружа.

На почетокот гледаме жена како грчевито се држи за симс додека виси од 16-тиот кат од зградата, а се слушаат ужаснати случајни минувачи како повикуваат помош.

Локалните медиуми јавуваат дека несреќната жена ги миела прозорците кога се лизнала и испаднала.

За среќа, таа успеала да се фати за симсот, но немала сила да се искачи низ прозорецот.Нејзината драма траела неколку минути, пред тројца мажи да упаднат во станот, пишува Daily Mail.

Се верува дека преживеала, бидејќи можела да се турне со нозете од прозорецот на катот подолу.

Останува нејасно дали полицијата го истражува инцидентот.

Во Германија изгоре сосема нова противпожарна станица- немала пожарен аларм

Сосема нова противпожарна станица во Германија која изгоре во пожар немала аларм за пожар.

Пожарот избувнал во раните утрински часови во средата во противпожарната станица во Стадталендорф. Изгорела сала со опрема и десетина противпожарни возила, јави германската новинска агенција Dpa. Според првите проценки, штетата е меѓу 20 и 24 милиони евра.

Никој не е повреден. Локалните власти соопштија дека не бил инсталиран аларм за пожар во станицата бидејќи експертите сметале дека тоа не е потребно. Пожарот избувнал од итното возило на противпожарната служба, во кое имало литиум-јонски батерии.

„Верувам дека она што се случи ќе ги натера многу луѓе да размислуваат и да дејствуваат“, изјави за ДПА, Норберт Фишер, шеф на Државната противпожарна асоцијација на Хесен.

Тој објаснил дека во противпожарните станици се полнеле батерии, па затоа смета дека треба да бидат опремени со системи за противпожарна тревога. Сепак, тој не е сигурен дали таков систем би можел да го спречи овој пожар во Стадталендорф. „Овој пожар се ширеше со неверојатна брзина“, истакна тој.

„Најубавиот Арап“ е протеран од Саудиска Арабија - манекенот ги залудувал жените (ФОТО)

Омар Боркан ал Гала (35) е ирачки модел, фотограф и актер.

Водел многу обичен живот, како и секој млад човек. Меѓутоа, по еден фестивал, неговиот живот се превртел.

Имено, тој работел со уште двајца машки модели на промотивниот штанд на културен фестивал во Ријад. Тогаш некои девојки го препознале и буквално се наредиле да се сликаат со него. Настанала гужва, а во едно интервју во 2015 година, тој рече дека „тоа не ѝ се допаднало на верската полиција“, што резултирало со следново - од него било побарано да го напушти фестивалот.

Според полицаецот, „членовите на Комисијата за промоција на доблеста“ и за спречување на пороците се плашеле дека посетителките ќе се заљубат во него.

Иако подоцна се верувало дека тој бил избркан од земјата, делегацијата на Саудиска Арабија подоцна објавила соопштение во кое појасниле дека Омар и уште две манекенки никогаш не биле замолени да ја напуштат земјата, туку само фестивалот, и тоа немало никаква врска со неговиот добар изглед. Но, тој веќе се поврзувал со голем број манекенки и женски посетители, што го довело во прашање обичајот во земјата жените да не комуницираат со мажи кои не се од нивното семејство.

Инцидентот станал една од највиралните приказни на Интернет откако неговите фотографии биле споделени на социјалните мрежи, тој бил поканет да дава интервјуа на различни телевизии и се појавил на насловните страници на разни списанија, меѓународниот печат го претставува како „најзгодниот Арапски човек во светот“.

Омар е роден во 1989 година во Багдад, но пораснал во Дубаи. Се интересирал за угостителство, па влегол во Меѓународниот институт за хотелски менаџмент, каде студирал хотелски менаџмент.

Во 2015 година се оженил со Јасмина Овеида со која добил син, но по три години раскинале. Живее и работи во Ванкувер, Канада.

притисни ентер