Димовски: Сами се потценуваме кога зборуваме дека некој треба да не' учи на соживот

Од Европа не треба да ни се увезуваат модели на соживот, ако сме паметни треба да се тргнеме на страна и со ладна глава да погледнеме што е она што е наш интерес во оваа држава“

Дали идејата на Вреди за Албанска Академија ќе донесе како држава да бидеме конкурентни, не, напротив, ќе однесе. Но кога не сме конкурентни губиме економски потенцијал, со тоа и образовен потенцијал. Мислам дека треба да се отфрли идејата но се согласувам во сегмент дека е легитимно да се разговара околу тоа дали до сега како наследство од претходниот систем не е тоа автентичен однос кон Албанците и мислам дека тие тоа ќе го разберат и мислам дека треба да се поработи, не на квоти, но ете на пример во поновата историја единствен човек што добил Нобелова награда е Ферид Мурат и треба со тоа сите да се гордееме. Ако Албанците во Македонија се чувствуваат „под репрезентативноста на Академијата“ треба да се најде начин но исто време треба да разговараме дека ни се создаваат генерациски јазови и проблеми. Младите Албанци учат во универзитети на Албански јазик, Македонците и другите учат на Македонски јазик и во помладите генерации ќе има проблеми во комуникација, таа не се случува ниту на Македонски ниту на Албански јазик, а со тоа ги губиме двата јазици. Влегуваме во симболики и стереотипи мислејќи дека правиме едните добро за себе и другите исто и на крај ќе имаме јазици со англицизми. Ова го гледам дури и како спротивно на Рамковниот договор кој гарантира мултиетничко општество но и унитарен карактер на државата, рече Илија Димовски во Само Вистина.

Девојка отишла на рутински зафат во Турција, останала без сите заби (ФОТО)

Алана Бун (26) од Белгија во еден момент решила дека сака поубава насмевка и поквалитетни заби, па сакала да постави коронки.

Препорака за турски стоматолог добила од пријателките на нејзината мајка, кои таму пред неколку години имале интервенции и поставиле коронки. Алана решила да ги послуша, контактирала со клиниката во Турција во јануари 2021 година, преку социјалните мрежи, каде што им испратила фотографии од нејзините заби. Престојот во хотелот и самата операција ја чинеле вкупно 16.700 евра, пишува „Мирор“.

Кон крајот на јули истата година почнала да се подготвува за операција. Веќе следниот ден почувствувала болка, па стоматолозите и рекле дека мора да направи девитализација, односно дека мора да го отстрани оштетениот дел од забната пулпа, кој не бил вклучен во цената, па мора да плати екстра.

Тогаш започнува вистинската драма.

По враќањето во својата земја, по поставувањето на коронките, почнала да чувствува неподнослива болка. Во исто време почувствувала бразди во устата како и „лош“ вкус. Била принудена да посети стоматолог во Белгија кој ѝ ги отворил очите и ја открил страшната вистина - лекувањето во Турција било тотално неуспешно, па морала да оди на нова процедура. А тоа значело вадење на сите заби!

Тие ѝ понудиле три опции кои ја чинеле дополнително. Од април годинава немала ниту еден заб, но во меѓувреме ѝ биле вградени осум импланти. Иако сè уште чувствува секојдневни болки, сепак чувствува олеснување бидејќи се отстранети ефектите од третманот во Турција.

Останал без скутер, ама среќа што е жив- сообраќајка како на филм (ВИДЕО)

Човекот на моторот добро се снашол, а некои би рекле дека може слободно да го прослави вториот роденден.

Драматичното видео е снимено во една азиска земја, со помош на камера за надзор.

Гледаме комбе како удира во мотоциклист, и го растура на парчиња.

Човекот паѓа на земја, но се чини дека е неповреден. Сѐ се случило среде бел ден, а претпоставуваме дека полицијата утврдила кој е одговорен за инцидентот.

Погледнете го видеото и ќе сфатите со колкава среќа тој ден имал човекот во зелена јакна:

Среде улица во Милано убил човек со ножици поради „грепки“ – го прободел во гради

Ерос Ди Ронца (37) бил брутално убиен денеска во Милано, откако најверојатно украл тикет „греб-греб“ од кафеана.

Сопственикот на објектот, кинески државјанин, е осомничен дека го прободел крадецот со ножици и му нанел повеќе убодни рани во градниот кош.

Телото на Ерос е пронајдено околу 5 часот утринава.

Полицијата сега го испрашува Кинезот, кој е осомничен за бруталното убиство. До убиениот биле пронајдени неколку гребки, кои Ерос Ди Ронца претходно ги зел од локалот.

Форензичарите го проверуваат и скутерот, кој бил оставен пред влезот во кафеаната, што најверојатно е начинот на кој убиениот стигнал до зградата. Се претпоставува дека убиениот имал и соучесник во грабежот, кој побегнал од местото кога работите тргнале наопаку.

Осомничениот Кинез (31) е приведен на распит во полициска станица.

притисни ентер