Се запали хотел на Блед: Три лица се повредени , евакуирани 160 гости

Во велнес центарот „Жива“ во рамките на хотелот „Рикли Баланс“ во Блед избувнал пожар, при што сите гости на хотелот биле евакуирани, а три лица претрпеле вдишување чад и на лице место им била укажана лекарска помош.

Како што јави порталот 24УР, пожарот избувнал околу 01:30 часот ноќеска, евакуирани се 160 лица, а целата област е обезбедена, а на пожарникарите им биле потребни неколку часа за да го изгаснат пожарот.

Полицијата им наредила на жителите на околните куќи да ги затворат прозорците поради чадот и пожарот.

Првите резултати од истрагата покажаа дека пожарот избувнал во сауните, а портпаролот на полициската управа во Крањ, Роланд Брајиќ изјави дека истрагата ќе ја покаже точната причина.

Се наведува дека целосно е уништен велнес центарот, како и дел од комплексот базени во склоп на хотелот.

Девојка отишла на рутински зафат во Турција, останала без сите заби (ФОТО)

Алана Бун (26) од Белгија во еден момент решила дека сака поубава насмевка и поквалитетни заби, па сакала да постави коронки.

Препорака за турски стоматолог добила од пријателките на нејзината мајка, кои таму пред неколку години имале интервенции и поставиле коронки. Алана решила да ги послуша, контактирала со клиниката во Турција во јануари 2021 година, преку социјалните мрежи, каде што им испратила фотографии од нејзините заби. Престојот во хотелот и самата операција ја чинеле вкупно 16.700 евра, пишува „Мирор“.

Кон крајот на јули истата година почнала да се подготвува за операција. Веќе следниот ден почувствувала болка, па стоматолозите и рекле дека мора да направи девитализација, односно дека мора да го отстрани оштетениот дел од забната пулпа, кој не бил вклучен во цената, па мора да плати екстра.

Тогаш започнува вистинската драма.

По враќањето во својата земја, по поставувањето на коронките, почнала да чувствува неподнослива болка. Во исто време почувствувала бразди во устата како и „лош“ вкус. Била принудена да посети стоматолог во Белгија кој ѝ ги отворил очите и ја открил страшната вистина - лекувањето во Турција било тотално неуспешно, па морала да оди на нова процедура. А тоа значело вадење на сите заби!

Тие ѝ понудиле три опции кои ја чинеле дополнително. Од април годинава немала ниту еден заб, но во меѓувреме ѝ биле вградени осум импланти. Иако сè уште чувствува секојдневни болки, сепак чувствува олеснување бидејќи се отстранети ефектите од третманот во Турција.

Останал без скутер, ама среќа што е жив- сообраќајка како на филм (ВИДЕО)

Човекот на моторот добро се снашол, а некои би рекле дека може слободно да го прослави вториот роденден.

Драматичното видео е снимено во една азиска земја, со помош на камера за надзор.

Гледаме комбе како удира во мотоциклист, и го растура на парчиња.

Човекот паѓа на земја, но се чини дека е неповреден. Сѐ се случило среде бел ден, а претпоставуваме дека полицијата утврдила кој е одговорен за инцидентот.

Погледнете го видеото и ќе сфатите со колкава среќа тој ден имал човекот во зелена јакна:

Среде улица во Милано убил човек со ножици поради „грепки“ – го прободел во гради

Ерос Ди Ронца (37) бил брутално убиен денеска во Милано, откако најверојатно украл тикет „греб-греб“ од кафеана.

Сопственикот на објектот, кинески државјанин, е осомничен дека го прободел крадецот со ножици и му нанел повеќе убодни рани во градниот кош.

Телото на Ерос е пронајдено околу 5 часот утринава.

Полицијата сега го испрашува Кинезот, кој е осомничен за бруталното убиство. До убиениот биле пронајдени неколку гребки, кои Ерос Ди Ронца претходно ги зел од локалот.

Форензичарите го проверуваат и скутерот, кој бил оставен пред влезот во кафеаната, што најверојатно е начинот на кој убиениот стигнал до зградата. Се претпоставува дека убиениот имал и соучесник во грабежот, кој побегнал од местото кога работите тргнале наопаку.

Осомничениот Кинез (31) е приведен на распит во полициска станица.

притисни ентер