Анчелоти: Обвинувањата за силување во Шведска не влијаат врз Мбапе

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска увери дека напаѓачот на неговиот тим, на Килијан Мбапе „не му влијаат“ обвинувањата за силување против него во Шведска.

-Во моментов тоа се само шпекулации. Го гледам играчот секој ден, тој работи многу добро, тој е среќен и не чувствувам дека му влијае на никаков начин. Напротив, тој е дури и ентузијаст, изјави италијанскиот стручњак на прес- конференција пред гостувањето на Селта Виго во сабота.

Вели дека не бара засилувања од управата на клубот бидејќи минатата сезона добро се справиле со повредите и сега можеме да го направат истото.

-Не ја исклучувам можноста да доведам некого, но не е лесно да се најде играч бидејќи ние сме Реал Мадрид. Ќе го искористиме нашиот состав, а Алаба исто така се враќа. Го загубивме Карвахал како играч, но не и како лидер бидејќи тој продолжува да работи со нас, изјави Анчелоти за тешката повреда на Дани Карвахал. /МИА

Индиец е единствениот „бремен маж“ на светот со фетус во стомакот- докторите шокирани (ВИДЕО)

Судбината на еден човек е толку неверојатна што го обиколи целиот свет и за неговиот случај се зборува со години.

Имено, човек по име Санџу Бхагат поминал низ голгота поради редок синдром кој го зголеми неговиот стомак, сличен на труднички, а во кој навистина носел живо суштество! Сѐ се случило во Мумбаи, објави Индија Тајмс.

Роден во Индија во 1963 година, Санџу Бхагат често го опишуваат како „бремениот маж“ поради неговиот стомак. Сепак, она што е навистина шокантно е фактот дека токму таму, во неговата утроба, неговиот брат близнак живеел повеќе од 36 години.

Фетус-во-фетус (FIF) е исклучително ретко абнормално пореметување кое се јавува кога фетусот ќе се заглави во својот близнак. Кога Санџу Багат, маж кој имал близнак во себе, имал две години, неговиот многу голем стомак личел на бременост. Како што стареел, така растел и стомакот. За тоа селаните секогаш го исмејувале. Во јуни 1999 година, кога Санџу имал 36 години, растечкиот стомак му го отежнал дишењето, па веднаш бил однесен во болница на операција. Лекарите мислеле дека можеби е тумор. Не знаеле што ќе се случи. За време на операцијата докторот рекол дека почувствувал многу коски внатре, потоа излегол екстремитет, а потоа го оперирал целото мутирано тело на плодот. Лекарите не можеле да им веруваат на своите очи, откриле дека тој има фетус во фетус, една од најчудните медицински состојби во светот. Така Бхагат го носел својот близнак во своето тело цели 36 години.

Бидејќи Бхагат природно немал плацента, израстокот директно се припишува на неговото снабдување со крв. Фетусот преживеал како паразит дури и по раѓањето на домаќинот, создавајќи структура слична на папочната врвца која се инфилтрирала во крвта на Бхагат и пораснал толку многу што почнал да му штети на домаќинот.

Веднаш по операцијата, болката и отежнато дишење на Бхагат исчезнале и тој веднаш закрепнал. Неговата тежина била значително намалена. Сега живее нормален живот. Но, сега целиот свет ќе го памети како „бремениот маж од Индија“.

Ужас во метрото во Њујорк: Запалил жива жена, па мирно седел и посматрал (ВИДЕО)

Жена која спиела во метро станица во Бруклин, Њујорк, починала откако била запалена вчера наутро, соопшти њујоршката полиција.

Според нивните изјави, за злосторството е осомничен имигрант од Гватемала кој влегол во САД во 2018 година. Како што се сомневаат, осомничениот „смирено ѝ пришол на жртвата“ која била во седечка положба и најверојатно ѝ ја запалила облеката со запалка која се запалила за само неколку секунди, објави Би-Би-Си.

Наводно, полицијата при редовна патрола го забележала чадот и притрчала да помогне. За гаснење на пожарот била повикана итна помош, но на местото на настанот била констатирана смрт на жената. За тоа време, осомничениот мирно седел на станицата, но неговиот чин бил снимен од камери и бил препознаен од сведоци.

Засега нема повеќе информации за жртвата. Њујоршкото метро во текот на зимските месеци често е рај за бездомниците кои бегаат од студот. Во Њујорк во моментов времето е студено, а ноќните температури се спуштаат до -10 степени Целзиусови.

Уапсени се гатачи, кои се обидувале да фрлат магија врз претседателот на Замбија

Две лица се уапсени и обвинети за вештерство, а осомничени се дека се обиделе да фрлат магија врз претседателот на Замбија!

Полицијата соопшти дека во главниот град Лусака ги уапсила Јастен Мабулесе Кандунде и Леонард Фири.

„Нивната наводна мисија беше да користат магија за да му наштетат на претседателот Хакаинде Хичилема“, се вели во полициското соопштение.

Многу луѓе во таа јужноафриканска земја веруваат во - и живеат во страв од - вештерство. Полицијата соопшти дека Кандунде и Фири биле регрутирани од Нелсон Банда, помладиот брат на пратеникот Емануел „Џеј Џеј“ Банда.

Пратеникот наводно бил уапсен минатиот месец во соседно Зимбабве под обвинение за грабеж, што тој го негирал, но не бил виден во јавноста. Пратеникот е обвинет и за бегство од притвор во август додека чекал на судење.

Опозициската партија Патриотски фронт (ПФ), предводена од поранешниот претседател Едгар Лунгу, претходно тврдеше дека наводите се политички мотивирани.

Емануел Банда, кој е независен пратеник од 2021 година, претходно бил поврзуван со Лунгу, кој загубил на изборите таа година од Хичилема.

Полицијата во своето соопштение наведува дека помладиот брат на пратеникот Нелсон „моментално е во бегство“. Кандунде и Фири се обвинети според Законот за вештерство во Замбија за „поседување магија“, „исповедање познавање на вештерството“ и „суровост кон дивите животни“. Кај нив биле пронајдени „разни вештерства“, вклучително и жив камелеон, додаде полицијата.

Тие ѝ кажале на полицијата дека им биле ветени повеќе од 2 милиони замбиски квачи (околу 75.000 евра) за нивната „мисија“, се вели во соопштението на полицијата.

На осомничените им е одреден притвор и наскоро ќе се појават пред суд, соопштија од полицијата, но не го прецизираа точниот датум на рочиштето. Тие се уште јавно не се изјасниле за овие наводи.

притисни ентер