Ф80 е најмоќното Ферари во историјата, ќе се произведе ограничен број примероци (ФОТО)

Ферари официјално го претстави својот најнов модел, F80, со што започнува ново поглавје во историјата на своите легендарни суперавтомобили.

Овој модел ќе се произведува во ограничена серија од само 799 примероци и веќе е јасно дека ќе се приклучи на ексклузивното друштво на најпрестижните автомобили од Маранело, како што се GTO, F40 и LaFerrari. Ferrari F80 е дизајниран да го покаже врвот на технологијата и перформансите што оваа позната марка може да ги понуди.

F80 не е само уште еден суперавтомобил - тоа е возило што ја користи најновата генерација на хибридна технологија, давајќи му неверојатни 1.200 коњски сили. Комбинацијата на 3,0-литарски V6 мотор со внатрешно согорување и три електромотори му овозможува на F80 да забрза од 0 до 100 km/h за само 2,15 секунди, додека максималната брзина достигнува импресивни 350 km/h.

Секоја компонента на F80 е дизајнирана со цел да се постигне максимална ефикасност, од шасијата од карбонски влакна до аеродинамичните решенија кои поставуваат нови стандарди во автомобилската индустрија.

Внатрешноста на F80 на возачот и патникот им нуди целосно ново возачко искуство. Архитектурата на кабината е во конфигурација 1+1, што значи дека фокусот е на возачот, но без компромис кога станува збор за удобноста на патниците. Помалиот волан, во споредба со LaFerrari, обезбедува подобра видливост и управување, додека напредната технологија за активна суспензија обезбедува максимални перформанси и на патеката и на улицата.

F80 е вистински пример за долгогодишното искуство на Ферари во мотоспортот. Инженерскиот тим од Маранело ја претстави новата технологија за сопирање CCM-R Plus, развиена во соработка со Brembo, која овозможува запирање од 100-0 km/h за само 28 метри. Најсовремената хибридна технологија, заедно со погонот на четири тркала и системот Side Slip Control 9.0, му овозможува на возачот да го извлече максимумот од овој автомобил во сите услови.

Гумите, специјално развиени во соработка со Мишелин, дополнително придонесуваат за стабилност и перформанси на патот. Напредните димензии од 285/30 R20 напред и 345/30 R21 назад обезбедуваат извонредно држење и управување, и на тркачката патека и на обичните патишта.

Ferrari F80 ќе биде достапен во многу ограничен број, а почетната цена на ова ремек дело од автомобилската индустрија е 3,6 милиони евра. Првите испораки се очекуваат на крајот на 2025 година, додека производството се планира да заврши во 2027 година, за да се прослави 80-годишнината од марката Ferrari.

Девојка отишла на рутински зафат во Турција, останала без сите заби (ФОТО)

Алана Бун (26) од Белгија во еден момент решила дека сака поубава насмевка и поквалитетни заби, па сакала да постави коронки.

Препорака за турски стоматолог добила од пријателките на нејзината мајка, кои таму пред неколку години имале интервенции и поставиле коронки. Алана решила да ги послуша, контактирала со клиниката во Турција во јануари 2021 година, преку социјалните мрежи, каде што им испратила фотографии од нејзините заби. Престојот во хотелот и самата операција ја чинеле вкупно 16.700 евра, пишува „Мирор“.

Кон крајот на јули истата година почнала да се подготвува за операција. Веќе следниот ден почувствувала болка, па стоматолозите и рекле дека мора да направи девитализација, односно дека мора да го отстрани оштетениот дел од забната пулпа, кој не бил вклучен во цената, па мора да плати екстра.

Тогаш започнува вистинската драма.

По враќањето во својата земја, по поставувањето на коронките, почнала да чувствува неподнослива болка. Во исто време почувствувала бразди во устата како и „лош“ вкус. Била принудена да посети стоматолог во Белгија кој ѝ ги отворил очите и ја открил страшната вистина - лекувањето во Турција било тотално неуспешно, па морала да оди на нова процедура. А тоа значело вадење на сите заби!

Тие ѝ понудиле три опции кои ја чинеле дополнително. Од април годинава немала ниту еден заб, но во меѓувреме ѝ биле вградени осум импланти. Иако сè уште чувствува секојдневни болки, сепак чувствува олеснување бидејќи се отстранети ефектите од третманот во Турција.

Останал без скутер, ама среќа што е жив- сообраќајка како на филм (ВИДЕО)

Човекот на моторот добро се снашол, а некои би рекле дека може слободно да го прослави вториот роденден.

Драматичното видео е снимено во една азиска земја, со помош на камера за надзор.

Гледаме комбе како удира во мотоциклист, и го растура на парчиња.

Човекот паѓа на земја, но се чини дека е неповреден. Сѐ се случило среде бел ден, а претпоставуваме дека полицијата утврдила кој е одговорен за инцидентот.

Погледнете го видеото и ќе сфатите со колкава среќа тој ден имал човекот во зелена јакна:

Среде улица во Милано убил човек со ножици поради „грепки“ – го прободел во гради

Ерос Ди Ронца (37) бил брутално убиен денеска во Милано, откако најверојатно украл тикет „греб-греб“ од кафеана.

Сопственикот на објектот, кинески државјанин, е осомничен дека го прободел крадецот со ножици и му нанел повеќе убодни рани во градниот кош.

Телото на Ерос е пронајдено околу 5 часот утринава.

Полицијата сега го испрашува Кинезот, кој е осомничен за бруталното убиство. До убиениот биле пронајдени неколку гребки, кои Ерос Ди Ронца претходно ги зел од локалот.

Форензичарите го проверуваат и скутерот, кој бил оставен пред влезот во кафеаната, што најверојатно е начинот на кој убиениот стигнал до зградата. Се претпоставува дека убиениот имал и соучесник во грабежот, кој побегнал од местото кога работите тргнале наопаку.

Осомничениот Кинез (31) е приведен на распит во полициска станица.

притисни ентер