Конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар - Јадро

Почитувани , остана уште една недела до крајот на отворениот конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар-Јадро.

Зошто мурал?

Со овој отворен конкурс, Центар - Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.

Насоки за конкурсот:

КСП ЦЕНТАР - ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување.

Оваа институција претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување, разноликост и инклузивност.

Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар - Јадро.

Технички податоци:

На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Р С. Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи.

КСП Центар - Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар.

Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри а во прилог ви доставуваме технички цртеж и фотографија од фасадата.

Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 5 до 26 септември 2024 година.

За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата [email protected], најдоцна до 2 септември 2024г. со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

За повеќе информации околу конкурсот заинтерисираните автори можат да не исконтактираат на на мејл адресата: [email protected].

Тим на КСП Центар - Јадро

Инзаги за победата над Лајпциг: Никогаш не е лесно да се игра со ваков ривал

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се осврна на синоќешната победа над Лајпциг во 5. коло од Лигата на шампионите.

До трите бода „Нероазурите“ дојдоа со автоголот на Кастело Лукеба во првото полувреме.

-Одигравме одличен натпревар, постојано ја контролиравме ситуацијата, а против Лајпциг не е лесно. Повеќе напаѓаа во завршниот дел од играта, Зомер добро се снајде на голот. Штета што не успеавме да постигнеме втор, изјави Инзаги.

Интер во поредокот во Лигата на шампионите со 13 бодови, Лајпциг нема бодови и е на претпоследното, 33. место.

Муцунски се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Сарацин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин.

На средбата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше дискутирано за евроинтегративните процеси на нашата држава, актуелните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области. Посебно внимание беше посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната улога во засилување на политиката на проширување на Европската Унија во претстојниот период.

Министерот Муцунски изразил благодарност за личниот ангажман на специјалниот претставник Сарацин во динамизирањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Тој исто така ја нагласил континуираната и силна поддршка на Германија за европската иднина на државата и на земјите од регионот, посебно преку активностите во рамките на Берлинскиот процес.

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

 Полициски службеници од Отсекот за  недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид вчера во 17 часот во Охрид го лишиле од слобода охриѓанецот И.Д.(48).

Како што информираат денеска од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер